Девојки ај препорачајте ми некој фризер од ПРИЛЕП што одлично фарба коса, а да не зема многу скапо. Фала однапред
Ќе се изначекаш додека ја постигнеш оваа нијанда по природен пат. Јас не ја фарбам косата и мислам дека е мн глупо што се повеќе млади девојќи стануваат зависни од фарбањето. Природната боја е онаа која одговара и со тенот и со тоа како изгледаш во целост.
јас се токмам со години да си се офарбам црвена ама некако немам доволно храброст собрано.. имам кафена коса.. со ретка нијанса.. и тоа е и единствената причина што ме премислува да се исфарбам ..
И јас имам темно кафена природна боја и повеќе од една година фарбана како девојката на втората слика, но бојата не ја добив со фарбање со црвена нијанса туку со боја за светло руса коса. Поточно бојата е Garnier 8.1 и на мојава коса која најверојатно природно има црвен пигмент, излегува точно таква...ама мене ми здосади да бидам таква и не ми се допаѓа ама ич, а многу си ја сакав бојата. Колку што ја сакав на почетокот, сега толку не ја сакам Инаку јас бидејќи исто се плашев на почетокот од исходот, за да не го окривувам фризерот после тоа ако не ми се свиѓа, сама првиот пат си ја исфарбав. Се испошлакав некако со бојата едвај и нијансата излезе таква каква што излезе (како на сликата), ама бидејќи немав појма од фарбање, башка имам долга коса, некаде бојата фатила, некаде не..па за 2-3 недели отидов на фризер да ми ја префарба цела коса со истата боја. Значи без никакви додатоци, бланширања, вадење прамени, туку само со таа боја 8.1.
Женцки, да се преслушаме. Новава боја на Лореал, во Рамстор е некои 380 ден. Наводно како пена се обликува, а се нанесува како шампон. Слично е на колор-шампони или ? Иако викаат дека составот е ко фарба и 100% покривност на косата. Уф, како ми се фарба, ама не можам да ја пробам одма, па вчера се фарбав. Пишете ако сте пробале, делува многу интересно и палетата на бои е супер. Прашањето е - дали и колку фаќа и колку е трајноста на бојата?
Ревлон 8,32 или една нијанса посветла. Прашај го фризерот за сигурно, ама мојата е ваква а Ревлон за мене се незаменливи. Се фарбам 6 години и најзадоволна сум од нив.
Здраво женски.Дали знае некоја дали може да се стави белка од јајце во фарбата или цело за помалку да се оштетува косата?Прочитав негде сега не можам да најдам.ако знае некоја нека пиши дали цело или само белката?Поздрав
Sublime mousse е замена за кастингот, ист е принципот. Епа мене овие ми се топ, многу брзо ми фаќа а и убав сјај се добива, долго држи. Нема амонијак, што значи белким може почесто да се фарбаш. Лореал нема утка што се однесува до фарбите за коса, и од кога ги воведоа овие фарбиве (освен кога не сум кај фризерот нели) само со нив се фарбам. Цената е таа, спомнав во некоја друга тема веќе - што значи, евтиноќа навали народе А квалитет брате. ОрГинал кад ти кажем! Ова со белкава, никад чула, никад видела, никад урадила Абе зависи од пигментот. Мене ставете ми билошто на глава, за 5 минути фаќа. Што да правам. И се фарбам онака поприродно, така да и да израсне коренот малку не е страшно. Евентуално после само коренот го средувам. Цела коса ја фарбам на едномесечен интервал, почесто не си дозволувам. Кај ми е голема, кај ја има многу уште и сено да ја направам, јас лично не би
Ме заинтересиравте со ова пенава.Јас сакам да ја осветлам косата за нијанса до две,ама толку,од прва и више после амин,не.До есен да си биде,после да терам природното пак,ама мука ми е да не ја загорам ептен,па да не можам да ја опоравам и да не ми забели многу кога ќе падне фарбата... Значи на крајот се сведува ко обична фарба,нема некој друг бенефит?!Најубави фарби ми се овие на Лореал,башка ќе те испоштуваат за сите пари така што има и балзамче за неколку употреби,а не еднаш по фарбањето. Е сега...на сто ума сум!
Па без амонијак секако е подобро отколку било каков процентен хидроген. Вреди да се проба. Ако ти е хемиски нетретирана досега, ќе фати секако поубаво на природна, отколку на фарбаните тикви ко нашиве. Плус, имаат преубави нијанси на светло кафеаво и мед. Црвено само немаат, мамето.
Тие се моите нијанси Стварно се убави. Лилит зошто на сто ума? Вреди да се проба. Јас ја препорачувам секогаш а веруј поголем коркач од мене за косава нема да најдеш на светов! Па дали ќе излезе ко што сакам, па дали нема да ја изгорам, па дали ова, дали она. Абе комплицирана до Уагадугу и назад. Не би се мислела на твое место. Фарбиве се стварно добри, плус без амонијак, а фаќаат супер! И кога ќе падне фарбата нема да ти забели, баш природно се губи фарбава некако, слеано. Не знам како да објаснам битно супер е. За нијанса - две потемно или посветло, ич не бери гајле!
Порано се фарбав со кастинг,ама долго време ја растев,сега ми е во целост мојата.Најмногу ми е да не не можам да ја вратам мојата боја,а премногу да не ми обледе па на ништо не личи.А за изборот на фарба ич не се двоумам,ако решам да ја осветлувам,со Лореал ќе биде сигурно. А мојава природна е некако чудна боја,сите мислат дека се фарбам.Веројатно добро ќе излезе. Абе...жена.Сака да се кхм,нејќе да и влезе...
Околу пенава или фарбава како да ја наречам Sublime Mousse, гледав рецензии по сајтовиве и не е нешто посебно фалена. Де бојата не им се погаѓала како на сликата, де брзо паѓала, не покривала седи влакна. Но,мислам дека не е некоја страшна цена за да не се проба. Јас не го мењам Кастингот, а освен тоа што си ја имам погодено бојата, многу ми се допаѓа начинот на апликација, без многу да се шљака купатило. Уствари лажам, во фиока ми стои една Syoss-има ли некој искуство со оваа фарба?
девојки како воопшто се нанесува оваа фарба?како шампон па се остава да дејствува толку едноставно? сакам брзи и едноставни работи кои дејствуваат ќе ја побарам во веро да видиме и каки нијанси има
Леле топ што ја отворив темава ме израдуваа Трендафилка и Пирамитка Досадна ми е косава па баш размислував да и направам некоја промена. Знајте дека се имам еднаш фарбано дома со обична фарба и шатирана со години порано на фризери и не се разбирам во овие колор шампони, пени и како и да се викаат. Значи си ја ставам како шампон и си ја распоредувам и масирам на цела коса, стои така колку време??? И за колку време паѓа? И јас со долга коса едно да земам? Или? Плус ефтино бе. Хммм