Zdravo feminki. Ve molam koja ima iskustvo i znaenje kako da se sprecat beli sramni vlakna. Zboruvam za sprecuvanje na priroden nacin, bez farbanje na vlaknata i slicno.
Девојки, моментално сум црвенокоса.. си купив syoss Kaква би можела да излезе? Да не се брукам предвреме
за плава коса на фризер отиди си..незнам дали ке треба прво бланш да ставиш и дали воопшто може да фати плава боја на црвена коса , и можно е и портокалова да ти испадне , така да оди нека ти ја направат косата па после фарбај се дома
Marijana па нели таа погоре на Интенсе ја имаше купено? Или се премисли да се фарбаш кафена еве една од гарниер незнам како ти се допаѓа
Се премислив оти од неа купив плава и коа се фарбав наместо плава излегов зелена а и многу темна ќе ми била па се одлучив за медова боја затоа што имам таков тен и не ми стои многу бела како болна да сум изгледам
Жемски! Сакам од бакарно црвена да се направам плавуша. Не баш плава ама златеста малку. Не сакам жолта да испаднам. Дали уште ја има игората 111 мислам дека беше?
далерон види предпоследната страна за плава коса ставив слики од фарби на еволушн и кене сигурно нешто ќе ти се допадне
Видов ќе плеснам некоја, ако не биде лесно е за црвена пак. Немој ни со Кене да се фарбаш јас не сум задоволна ни од Сајос ни од Кене, а Лореал никогаш нема да купам веќе ич не фаќа.
Јас бев многу против фарбање, но деновиве нешто ми светна. Имам темно кафена , врвовите ми се посветли ги осветлував со спреј од дм. е сега сакам целата коса да ја направам посветла, па незнам како ќе одлучам.
Искрено да ти кажам Еволушн што ја имам пробано супер фаќаат боите , а и за Кене истото го читам овде ама Еволушн фарбиве ми ја горат кожата , на почетокот многу ме пржи што со Гарниер колор сензејш не ми се случува тоа. Инаку на мојата плава коса и Гарниер фарбите вадат многу убава бело сребрена боја ама многу брзо паѓаат и коренот го фарбам на секои 15 дена. А Сајос и Палете не , жолта ми е косата од нив ко пченка
денес пробав нова фарба за коса искрено да си кажам дека сум презадоволна од фарбата. Иако не наидов на никакви рецензии низ интернетов па дури и помислив дека се работи за фејк фарба. А и не ни знаев дека Мacadamia поседуваат фарби за коса. Ја пробав фарбата целосно на свој ризик. Што биде нека биде. И сум пре задоволна. Првично од цената која е далеку поисплатлива поради фактот што се работи за 100мл (доволно за мојата долга коса) а и дополнително што ја прави косата мека и сјајна -тие што ја користат маската знаат какво е чувството..Не ме чешаше воопшто. Од мене 10/10
не, не се фарбав плава. Јас се фарбав темно кафена-кафе боја. Ама ако не ти се брза наредна недела сестра ми ќе се фарба плава од истата фарба по моја препорака, па ќе ти кажам резултати. Моментално бојата што ја бараше сестрами ја немаше па дечкото рече дека после 10ти ќе му стигне нова роба. Па чекаме. Инаку кафената ми излезе иста како што беше прикажана. Добро може малку потемна ама тоа е затоа што основата ми беше црна.
Препорака - Субрина фарба. Нити гори нити штети а трајна е. Не се плаши дека внатре има 12хидроген, можеш да си земеш посебно 9ка пак ќе ти фати бидејќи имаш добра основа, т.е подлога. Бисерна нијанса си земи за да не ти излезе сиво, туку светло ама не скроз плаво туку баш онака како што кажа, карамел мед нијанса. Мислам дека оваа ќе ти заврши работа која и да ја земеш. п.с. не е моја, ама вака отприлика испаѓа.
Јас ја имам оваа боја на коса . Сакам да се фарбам со оваа фарба , дали ке ми испадне со розеникав сјај. Дали некој ја има користено оваа фарба , и ако може да ми пише какви искуста има со неа? Ви благодарам
Фала ви за советите. Субрина не би земала повторно, еднаш веќе се фарбав и ми се оштети косата дополнително,незнам зошто, за сајос и палете веќе кажав, утре ќе одам на фризер да ми ја исфарба косата и да ми ја скрати малку, па потоа ќе почнам да ја користам еволушн.