Пробај , јас фарбиве на Палете воопшто не ги сакам и ми ја сушат косата , јакички се ( читам по форумов имале по 12% хидроген внатре) и ми го прават коренов жолт ,ама може тебе убаво да ти излезе секоја фарба не одговара на секоја коса. А баш од оваа линија на Палете ја имам пробано таа сиво плавата Исто така јас би ти препорачала од како ке ја добиеш бојата на косата да го фарбаш потоа само коренот за да не ја оштетуваш џабе надоле косата позз
Спојлер Сеа сум злата позлатена. Додуша се пошкрабав сама на одледалото. Виткана е не се познава многу.
Изводливо ли е нијансирање по дома? Знам мајка ми поранo шатираше нејзина другарка со кесе на глава и игла кукачка ама..
фалаааа....а дали знаеш дали им се убави светло-костенливи,светло-смеѓи нијанси? да не се жути портокалови?
Гарниер 131 ја има користено некој? Сакам да се фарбам плава, подраснат ми е коренот веќе, само до сега се фарбав на фризер со нивни фарби.
Врати се назад јас вчера се фарбав, ама ми беше црвена и не е лоша. Уште еднаш и ќе биде плава сега е златна, а кафеавиот корен е поплав.
Видов, фала ти. Јас сум плава, косата така шарена ми беше смеѓо-плава и се фарбав неколку пати на фризер. Сега решив да ја купам оваа да ја исфарбам цела коса, мислиш ќе добијам нијанса како на сликата од фарбата? Не ми се допаѓа што кај коренот ми иде накај сивкасто, вака надолу накај бела ми е повеќе.
Пишав претхдно ни една феминка не ми излезе во пресрет па ај да прашам уште еднаш (мачна душа јас) Имам светло костенлива коса сакам да ја осветлам некако како пепеласто плава да ми дојди како Тејлор Свифт.. Која фарба би ми ја препорачале? Се мислам помеѓу Лореал и Гарниер само нијанса не знам, ми е страв ако земам според сликата дека можеби на крајот ќе ми излези жолта
Ако имаш црвен пигмент секако ќе ти излезе портокалово жолта , ама пробј па не е крај на светот , јас за почеток би ти препорачала фризер баш поради ова , но ете ако сакаш сама да пробаш земи некоја одпојаките фарби , еволушн , кене, од овие кене можеш 1517 да ја пробаш , многу ја фалат дека вади платинеста боја , сега твојата нема одма да ја извади ама со 2-3 пати фарбање може да постигнеш таква боја штом велиш дека косата ти е светла. И хидроген ќе ставиш 12% зашто ја осветлува косата за повеќе нјанси. а овие ти се нијансите на Еволушн. Инаку јас сум задоволна од Гарниер јас ја користам најчесто 111 ако не ја најдам таа ја земам 110 и ми вади убава платинеста боја ама бидејки се послаби бои незнам дали на твојата коса ќе фати нешто. Кога ќе имаш веќе таа боја на коса можеш да земеш и на Гарниер (на гарниер истотака не ја оштетуваат толку косата,зборам за оние колор сензејшн)
Сакам да се фарбам плава ... и ме интерсира дали некој има пробано од овие две нијанси од Evolution? и какви се разултатите?
феминки ајде препорачајте ми некој добар фризер во Скопје кој што би знаел да ми ја направи косата вака нешто: п.с ако знаете кажете ми и од прилика колку пари би ми земале за да ми ја направат косата ваква