Ја фарбав косата со гарниер 131, ми излезе на жолто златесто на коренот. За месец дена сакам целата да ја фарбам, но се мислам дали пак со истата, или да пробам Гарниер 113. Ја има користено некој? Оваа 113 не ми делува дека ќе излезе толку жолта, најверојатно некоја посветла нијанса би се добила.
Сакам да ја добијам оваа боја на коса, ај ве молам предлог за фарба и конкретно бројче од типот на Палете или Гарниер?
И двете ги имам користено, не даваат жолта нијанса но не се трајни, паѓаат по неколку миења. Само Лореал се најквалитетни
Мене ми даде жотла нијанса, можеби дека коренот ми беше доста подраснат па ми излезе чудно. Ај баш ќе погледнам и на Лореал. Оваа 113 посветла излегува?
Кај нас ова само на фризер зошто ваква фарба не може да се најде ни за лек Најчесто се прави со бланш но имај на ум дека штом ќе биде со бланш, ваква боја многу лесно ќе се одмива и ќе ти трае околу 3-4 миења. Без бланш тешко дека ќе излезе со таков интензитет и таква нијанса. Можат да се најдат низ аптеките само не ги носат сите нијанси. Има и низ поголемите парфимерии.
е сега вака..имав плава коса значи бојата ми беше преубава и ми беше направена со бланш, отидов на фризер да ми го исфарбаат коренот бидејќи ми кажаа после бланш подобро било само коренот да се фарба за да не се гори целата коса и фризерката ми ја утнала фарбата наместо плава ми ставила кафена чоколадна. знае ли некој како можам да ја вратам пак плавата боја? не сакам да ја фарбам косата бидејќи ми е изгорена..прочитав дека и со к'на може но плавата не фаќала и искачала боја како на морков ве молам за помош хаха
како бе така ти ја утнала фарбата немој кна ко прво не е исто кна и фарба не фаќа исто , друго штом ти е кафена мораш и бланш , па потоа фарба
Пред неколлу месеци се имав фарбано токму со оваа бројка на фарба, и конкретно можам да кажам сум задоволна, доста траеше и е многу покривна .. замисли по некое време се решив да се направам црна ме мана некој филм, бојата се покриваше претешко , ми требаа 4 кни и 2 фарби за коса. Ова ти го наведив како пример да знаеш дека е покривна и трајна нема да згрешиш воопшто... исто и од Кене се многу трајни ваквите бои , се имав фарбано порано со Сајос и Гарниер за вакви нијанси ама не излегуваше исто јбг.
Знам за Гарниер и Сајос дека не се добри, а баш денес се офарбав со оваа фарба од Лореал и стварно е добра и не ја оштетува косата, ама фала за советот- докажан е дефинитвно Лореал се квалитетни фарби
А овие Лореал Продиџи што се разликуваат од оние другите Лореал што се околу 500 денари? Гледам имаат една нијанса 10.21 од линијата продиџи ама некако многу ми удира на беж не мислам дека ќе ми се погоди ,засега сум презадоволна со Гарниер
Би сакала да ти помогнам. http://tocka.com.mk/3/109197/kako-da-ja-otstranite-bojata-za-kosa-sto-ne-vi-se-dopagja
Сестра ми купи еднаш и не беше задоволна од неа. Убаво и фати, ама бојата и се одми после 2 миења. Значи, после една недела исто како и да не се фарбала, а инаку убави бои имаат.
Јас сум задоволна од овие фарби. Ја користам нијансата лешник (мислам бр.7 дека е) и еве веќе 2 месеца ми стои истата боја, така да мене ми е погодена и сум задоволна. Познавам уште 2-3 девојки кои се фарбаат со истата и се исто така задоволни од квалитетот и бојата. Имам прочитано дека на оние со почувствителна кожа на главата, од овие фарби ги пече, во текот на фарбањето, но јас немам таков проблем
Јас имам прашање Се решив да ја офарбам косата во темно плава нијанса, купив и фарба, меѓутоа сакам да прашам дали како за прв пат фарбање да одам на фризер или сама дома да се исфарбам? Во домашни услови би ме фарбала мајка ми, има искуство со фарбање но сепак се мислам што е подобро...совет?