Ваква боја без бланш не можеш да постигнеш, каква и да е фарбата ќе треба прво со бланш да се направиш.
Здраво девојки, јас имав кафеава виткана коса, два пати се фарбав пошто имам бели влакна, првиот пат ми излезе истата боја како на мојата коса иако сакав малце поцрвенкаста, вториот пат земав посветла нијанса и ја добив посакуваната боја. Добро ама со косата ми се случува нешто непосакувано. Ми се израмнува, ми се изгубија локните. Си ја сакам косата така виткана, и не ја третирав нешто посебно, природно ми е виткана, само ја оставам да се суши без да употребам фен, ама сега, откако се фарбав, постепено се израмни, и целата е разлетена, не стои убаво, ако ја фатам репче веднаш се крши кај стегачот, абе ужас. Многу се нервирам, ја сакам мојата стара коса назад, страв ми е да се фарбам пак, а што да правам со белите влакна??? Користев SYOSS 5-24
Епа или ќе ти биде таква косата, или нема друга боја да ја фарбаш? Па и врз кафена темна фарба тешко фаќаат други посветли бои така да исто ти се фаќа некако.
Девојки има некој искуство со оваа фарба? Попладне планирам да се фарбам па дали некој ја има користено да ми каже што бја да очекувам дали баш чоколадна или како? Иначе косата ми е горе некои 7-8цм кафеава надоле ми е посветла
Девојки има ли некоја од вас искуство со 8.3 и 9.3 нијандите на KEUNE фарбите колку % хидроген е подобро да земам 3 или 6% оти несакан 9 јас ми е многу
Ако сакаш бојата да е иста како нели и фарбата ќе си земеш 6ка хидроген а ако сакаш да стане посветла 9ка или 12ка... 3ка слабо е а и не сум прочитала досега по фарбиве дека може да се користи и 3ка хидроген
Сакам да ве прашам за мислење ја сум природно средно плава накај светло ама имам голем мерак на скроз црна коса ама ми е страв дали ке ме личи зш ја имам мрсно лице и така не многу туку средно бубулици и мислам тие да не дојдат до израз
Исфарбај се како сакаш , нема врска тоа со мрсното лице , еве и јас имам мрсно лице и црна фарбана коса и не ми доаѓа ништо во израз се си зависи каков тен имаш , црна коса скоро на секој стои освен на тие што имаат маслинест тен , земи си еве имаш на гарниер колор сензејшн тие се добри фарби не ја горат толку косата , и супер ќе си
Се откажав од мисијата да станам плава со фарбање дома, се изнададов пари за фарби и се што добив беа некои портокалови нијанси, на крај се исфарбав како мојата природна боја кафеава и сега размислувам да помине некој месец да ми се стабилизира влакното да одам на фризер и таму да ми ја осветлат косата, сакам нешто вака, не омбре туку прамени во светло кафеави нијанси,досега два пати бев правена омбре со бланш и косата ми се оштети премногу едвај успеав да го отстранам и да ги вратам здравите врвови, е сега да ве прашам вас поискусните пред да се обрукам на фризер дали може да ми ја осветлат косата вака ама без бланш?
Тешко , нема шанси без бланш вака не си требало да ја фарбаш косата кафеава , те разбирам дека многу ти е оштетена косата , ради тој бланш јас се откажав од таа плава коса и се офарбав црна мој совет е да си ја задржиш косата како што ти е , зашто еве ако не ти стават бланш може деколоратор но нема да се постигне ваква нијанса , зашто пак портокалова ќе ти биде на почеток и на крај пак ќе треба бланшви да ставаш. Мој совет е да си ја задржиш косата како што ти е и дури по една година да направиш некоја промена , зашто може да почне косата да ти се кине и со пола коса да останеш
@MayDiamonds, можеби и не е предоцна природно да ја исправиш грешката со кафената фарба- купи масло (бадемово, маслиново) и што почесто држи го на коса по неколку часа пред да ја измиеш. Немој да заборавиш да ја затоплуваш косата со фен на секој 15-20 мин. Исто, после миењето коса обилно нанесувај маска на целата коса и држи ја минимум 20 мин. Маслата за коса се озлогласени по тоа што знаат да ја извадат фарбата од влакното ако почнат да се нанесуваат прерано после фарбањето. Исто и некој маски за коса ја имаат таа „моќ“ (јас вадев црвена боја со кашмир маската на Глис, штета што повеќе ја нема) . Ако имаш среќа, со време ќе ти падне кафената фарба а во исто време и ќе си ја рененерираш косата од бланшањата. пс Не знам дали е вистина ама ми имаат кажано дека шампонот против првут на Пантен одлично вадел фарба.
Ги има овие нијанси на Keune низ дрогерииве во скопје, Cosmo и сл? Конкретно ме интересира сината боја, немам видено неприродни нијанси на фарби (или колор шампони) последниве неколку години. Приметил некој било каде во Скопје да се продава сина фарба/колор шампон? Не мора да е од Keune.
^ Ги има овие, ама ова не се фарби, туку се тонери кои се додаваат во обични фарби за регулирање на отсјаи.
Ова се тонери ,тие што сакаат црно сина фарба на коса како и јас што се фарбам , ако сакате синиот отсјај повеќе да се познава се додава во самата фарба , што е добра идеја за мене да пробам инаку за колор шампон предобри се Manic Panic и имаш многу бои за избор ги има на ибеј можеш од аму да порачаш
Природната боја на косата ми е кафеава, се направив омбре со бланш, па со фарба. Сакам сега да се фарбам кафеава пак, ама со плавото долу што ќе се случи, ќе фати фарбата на него?