Епа бев кај мојот фризер и му реков дека сакам вака и ми рече дека со неколку фарбања можело без бланш зашто многу ќе ми се изгорела косата, ама некако и мене не ми се верува дека ќе успеам без бланш...
ако ставиш само фарба плава на кафена основа косата ќе ти стане портокалова заради тоа што имаме црвен пигмент , колку и пати да ставиш плава фарба нема да фати како на сликата
Женски,имам една дилема.Фарбана сум со Махагони смеѓа,и на сонце има црвен сјај ама сега сакам да земам Лешник смеѓа ама се мислам,незнам дали ќе ми го покрие тој сјај што го имам сега,да не направам хаварија
Имам мерак ваква да се фарбам..Имам темно кафеава коса и прамени како сомбре,кога ќе падне сомбрето има ли шанси да ми испадне вака на фризер секако,ама без бланш или ќе мора бланш
Јас се фарбам црна некое време ама фарбата одма ми паѓа после 1 ипол недела , тоа многу ме нервира .Ја користам фарбата на Explicit. Кажете ми која фарба да ја земам за подолго да ми трае?
@Juicy Пробај со Палете јас сум страшно задоволна и не би ја менувала во скоро време, не ми паѓа толку брзо како другите фарби.
@Juicy - и јас се фарбам црна теѓет и сум многу задоволна од Палете Делукс , но многу ми ја сушеше косата лично мене бидејки имам слаба коса а и фризерката ми има кажано дека тиа фарби на Палете се јаки и така ја сменив па читав дека тие бугарските Miss Magic биле добри фарби и не паѓаат воопшто брзо , па за 85 денари зашто да не пробам мајками ми ја земала вчера па крај на месецот ќе се фарбам и ќе видам дали навистина се добри , инаку еве имаш и обична црна боја од неа
Кога веќе за тегет пишувате. Имам светло-костенлива коса, нешто помеѓу црвено и русо. Колор шампон тегет? Кожата ми е бела и осетлива, да не ми ја исфлека? Прв пат се фарбам.
Бидејќи прв пат се фарбаш , оди на фризер најубаво, а колор шампони тешко да најдеш , единствено провери по парфимериите. Ако порачуваш преку нет ќе ти пратам линк од боите Manic panic тие имаат голем избор.
Од една страна така би требало, фарбата ќе се искористи максимално, меѓутоа мислам дека е подобро за влакното прво да се фарба па да се скрати бидејќи врвовите се сушат од фарбање.
Се фарбав црвена цело време па сега решив да ја сменам бојата и земав темно кафеава,се офарбав ама ми искочи многу темна,скоро црна со пак црвен сјај.Незнам дали со наредно фарбање ќе се покрие црвениот сјај.
Е тешко се покрива црвената. После неколку фарбања ќе покрие сигурно, од прва е тешко. Сум експериментирала со сите бои и јас, црвената ме правеше постара икога еешив да ја променам неколку пати по една нијанса се темнеше,па послесменав на плава..
Црвениoт сјaј немa дa исчезне се дури не јa oшишaш кoсaтa. Јaс тaкa се зезнaв пред 2 гoд се oфaрбaв црвенa и не ми се дoпaѓaше и јa oфaрбaв црнa и се гледaше сјaјoт пoвтoрнo. 6 месеци се фaрбaв и пoтoa се oшишaв крaткo зaштo тoј сјaј се уште гo имaв..
Еднаш направив грешка со црвена боја ова ми е втор пат.Првиот пат сјајот го решив само со црна фарба ама сега не сакам пак да се фарбам црна зашто сум како дух,ич не ми стои.А црвенава и мене ме правеше постара.Ах,каква беља си направив,а таман се решив и коса да пуштам