1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Мислењава пошо се многу не ги читав но да си кажам што мислам..
    Ќе бидам кратка и јасна: Воопшто не го препорачувам бојадисувањето на косата ! Многу ја оштетува ! Посебно плавата боја . Ако си била црна, и ако се офарбаш плава и црни очи и веѓи на шо ќе личеш?! Ќе си ги бојадисаш и веѓите :D :D :D Сепак природно си е природно ! ;)
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ако сите бевме природни како ќе се изразевме себеси :^) ?

    Тогаш се би било многу досадно ;)

    А за тоа што пиша плава коса а црни веѓи се согласувам дека излгеда многу лошо, па затоа треба да се фарбаат и веѓите ( со фарба за веѓи ;) )
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да, природно си е природно, но човек некогаш има потреба од промена.
    Денес барем постојат фарби за коса без амонијак, кои не се толку штетни, скоро воопшто не ја оштетуваат косата, па можеш и почесто да се фарбаш.
    Со тоа за веѓите се согласувам, грдо изгледа плава коса и црни веѓи.
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Морам да кажам најгрдата плавуша според мене е Бијонсе, убедливо. Што и требаше плава да се фарба, одвратна е вака, на ништо не личи + што ич не и стои.

    [​IMG]
     
    На Miss.M5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Многу ја сакам Бијонсе ама да не знам дека е позната личност и да ја видам на улица ќе мислам дека од Шутка дошла .. На циганка личи , побогу :tmi:
     
    На Diamond му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа од толку глумење бесни глисти на крај најсмешна испадна, а ја почитував порано кога си беше своја не дека ми се допаѓала или ми била убава - напротив, ама пак колку-толку добра беше. Црн тен, црни дебели веѓи па и црна шминка и светло-плава коса? Не. :puke:
     
  7. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Грев бе,баш си го има она циганското :lol:
     
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.241
    :!: има многу девојки на кои бојата за коса им стои многу подобро од природната, но има и исклучоци
    ....сепак сметам дека бојата за коса треба да не направи поубави, или подобро кажано да ја истакне природната убавина која ја имаме, а не обратно
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Многу ја сакам Бијонсе, природно е убава, ама не и требало да се фарба плава. Баш на ништо не личи, искрено се исплашив кога ја видов сликата. Нека си ја врати бојата, плава ич не и стои, не можам да ја гледам. :tmi:
     
  10. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Другарчиња да ви кажам дека мене од кога почнав да се фарбам помалку ми фаќа метил косата...ете можеби чудно ама вистинито...и затоа не верувам дека фарбите ги оштетувале косите (плава да зошто е со бланш,ама една моја професорка има плава она баш плава коса,и верувајте прекрасна и е)
     
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ја пробав новата Лореал фарба девојки 2 нијанси посветла од мојата кафена боја верувајте дека фарбата вреди за парите лесно се нанесва убаво фаќа и косата мн.изгледа здраво свети...
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. S-i-m-o-n-a

    S-i-m-o-n-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    135
    Значи ми треба помош... Имам темно кафеава коса еве ваква е бојата...

    E сеа сакам да ја осветлам лешник боја... Нешо побледо од ова ... Дали можам со боја да го постигнам тоа или мора нешо со бланш .... Со боја да не излезам портокалова :lol: :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  13. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Со фарба нема да добиеш никаков резултат. Ти препорачувам да одиш на фризер, ќе ти ја осветлат прво со бланш, па после со саканата фарба
     
  14. S-i-m-o-n-a

    S-i-m-o-n-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    135

    Несакам да одам на фризер... Тоа е финтава... А си викам со хидроген да ја осветлам ... ќе може ...? :)
     
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не се добива убава боја ако ја бланшираш цела коса. Јас сум плавуша, шатирана сум со бланш ама другото се е со фарба. Цела коса бланш - никако! Тогаш ќе бидеш ептен светла и ќе бидеш или бела или жолта, а ти сакаш лешник боја. Мора на фризер, ќе си платиш, ама ќе те средат. Можат да те шатираат, да ти вадат прамени со боја што ќе си ја однесеш па ќе ти измешаат две бои и ќе те офарбаат. Супер ќе испаднеш, нема да си плава а ќе бидеш светлокафена лешник. Мене прво ми вадеа со боја прамени и потоа се фарбав со една боја и испаднав темноплава и со секое фарбање се посветла ама јас се фарбав со плави бои. Потоа на фризер се шатирав со бланш (згрешив може ама барем ми е светла) и сега се фарбам со една плава фарба и секогаш ми испаѓа баш плава иако понекогаш посакувам малку потемна. Инаку, можеш и дома лешник боја да добиеш ќе купиш од поквалитетните фарби нијанси 2 што ги сакаш блиски една со друга ќе ги измешаш и ќе се офарбаш иако не ти препорачувам дома како за првпат + многу темна коса имаш кафена, ама скоро црна. Рачунај, на што потемна коса тоа помалце осветлуваат фарбите и затоа е најдобро на фризер и не од одма туку прво вадење прамени па мешање фарби и фарбање.
     
  16. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    луѓе каков бланш на коса ве молам кожата на главата ќе ја оштетите не косата страшна работа подобро дај 300денари за фризер да ти ја осветлат плус отколку коса да немаш или темелно да ја оштетиш никако...
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Леле и мене ме замисливте со овие на Лореал. Јас трипати се фарбам откако се зафркнав со к'ната и не можам никако да дојдам до посакувана нијанса. И тоа се на фризери, ама не сум задоволна.

    Моментално бојата така нешто ми е и ич не си ја сакам.
    [​IMG]

    Мојата природна си е вака нешто, ама ми беше бланширана и доста посветла :(
    [​IMG]

    Да ставам од овие Лореал ама се плашам дека малце остана црвеникав сјај од к'ната па ќе ми излезе нешто морков боја :worried: Инаку сакам од овие без амонјак да пробам..
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.067
    Мене не ми фати оваа од Лореал,малце сјај ми даде,ама не фати,а природна ми е ко на Карина,најприближно.Ми прелива многу,така што не можам да ја одредам,ама нејсе,не ми фати и покрај тоа што не ми е третирана косата.Кој знае зошто...
    А Карина,да не те разочарам,ама кната спасот е само да ти ја осветлат косата на фризер и да те офарбаат и пак ќе има црвеникав сјај.Не е ко фарбите,црвениот пигмент навлегува длабоко во влакното и нема шанси да отпадне или да се префарба,чаре е да ја израснеш,евентуално на фризер ко што ти кажав,ама и тогаш можеш само да очекуваш да те исфарбаат во посветла и пак ќе мава накај црвеникаво,ама не до толку.
     
  19. Aglaja

    Aglaja Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    24
    нема потреба од често бојадисување на коса, ниту експериментирање со боите, или нервирање и изнаоѓање причини како неквалитетни фарби за тоа зошто не сте ја добиле посакуваната боја. обично самото влакно во навлегувањето на триесетите започнува потполно да менува и сјај и интензитет и цврстина. боите само го редуцираат кератинот кој е составен дел на влакното, се прават дупки во неговата структура каде што бојата се врзува и всушност се очекува да настане кератинска оцврсната структура, меѓутоа при целото тоа преобразување на косата не можат да се вратат сите раскинати врски во првобитната состојба, да се формираат дисулфидните мостови па влакното побрзо слабее и губи сјај.
    денес нема ништо лошо, ниту треба веднаш да се трча по фарби, фризери ако ти пораснал коренот се додека знаеш да ја носиш и обликуваш косата, секако ако сепак сте се решиле за фарбање - тогаш дефинитивно фарба со висок процент на маслиново или ленено масло кои од многу одамна се користеле во сликарството против губење сјај. читајте го упатството и не гледајте имиња ниту како некоја боја за коса делувала кај други.
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Лилит знам приметив дека вака ќе биде, ја фарбав трипати после к'ната, сега веќе наредниот пат се надевам ќе излезе нешто приближно до коренот и ќе ја оставам да расте. Ама многу ми е долга додека да порасне уфф не знам што ќе се прави :sweat: