^ Јас пред недела дена го земав тој отстранувач на фарба колорБ4, и скептично го нанесов на коса фарбана темно кафеава, најтемната, речиси црна е и тоа со години. Ја плакнев пола саат, отприлика. Бојата ја извади, ми остана малку црвенкаст сјај врз природната боја. Траане овој препарат и после две миења кога ја натопам косата го осеќам мирисот, ама фарбата ја вади, и да не ми е до белите влакна не би ја префарбала посветла кафеава.
Летото првиот пат се бојадисав со плава фарба до пола,то ест омбре.Природната боја на косулево ми е костенливо кафеава така нешто.Е сега при крајот на летото пак му ја удрив фарбата и пак истата боја на фарба-плава онака скандинавско плаво(русо нешто така).И косата на крајот ми излезе баш интересно.Сега мојата коса има боја од мешавина на лимон и морков.Џус,односно сега ми е русо-портокалеста коса.Сите мислеа со колор такви чуда дека ја правев,ама нама таква работа...но но но...со фарба.Се чувствувам како од Покемон да излегов.Интересно ми излезе фарбата на косата,па кога ќе завршам со матурата,в година пак ќе се фарбам.
@Bona139 не го купив во Македонија, ама како е во споредба со цената, не е евтин, отприлика е дупла цена од една фарба на Лореал, Гарниер и слични. Ако имаш долга коса и обично ти требаат две кутии фарба, ќе ти требаат и две отстранувач.
Околу 750-800, отприлика. Знае ли некој што бројче е ова? Конкретно кафеавиот дел, гледам дека надолу е посветла ама за кафеавото ме интересира дали е некоја 6, 7... Што би одговарало? (сега ми е слична кафеава само сакам да ја "освежам", значи не е драстична промена). Палете/гарниер не. Оние без амонијак исто така не, бидејќи имам седи и не ми покрива добро, а и пребрзо се одмиваат (испробано -џабе пари фрлање). Сакав да ги пробам на редкен или диксон ама тие ги нема кај нас, а од колестон не сум задоволна. Само бројка ме интересира бар од стандардниве кене еволушн на пример, ај поупатените плс хелп А, и ова, 6% хидроген користам, ако нешо значи фала
Еволушн и Кеуне се со 50 мл, ама без хидроген, треба да го докупуваш. Ако е 250 Еволушн и плус околу 50 за хидроген, ете ти 300.
што ќе се случи ако на темно кафеава коса ставам ептен светло плава фарба, на пример гарниер 111 така нешто? ќе ми биде осветлена повеќе или..може да доживеам нервен слом кога ќе си ја видам ?
A дали некој знае кај да надам тонер за коса, немам видено одамна по парфимериите а одлично ми го вадеше(прикриваше ) црвениот пигмент, барем 2 недели немав проблем ?
Можете ли да ми препорачате која фаба да користам бидекји имам природно црна коса но сакам да си ја исфарбам црвена и да фати вез да употребувам бланш
Zavisi od pigmentot. Jas koga staviv epten svetlo plava skoro nakaj sivkasta na kafeava boja dobiv svetlo plava kosa nakaj zlatno. Ama moze i da te trefne srcev udar probaj si doma, ako ne ti uspee odi na frizer
па ја сакам и косата да ми остане... ех, нема радост без тој бланш... зарем не можам чекор по чекор да си ја добијам поскуваната боја без бланш..............