Не може, и не би ти препорачала бланш во никој случај Знам како е, и јас сакав убава плава коса ама тоа е. Ако ја добиеш бојата ја губиш автоматски должината. Косата станува многу метла, и попрво би имала темна коса отколку плава и изгорена. Јас лично не можам да поднесам оштетена коса. Ако најде некој ТОНЕР нека кажува од каде му е
А каква ти е сега? Едит, ок прочитав темно кафена, инаку би требало да можеш да добиеш со фарба таква боја, само со која фарба баш не знам. Можеш на фризер да си прашаш за поубаво. Инаку зависи и дали си фарбана пред тоа.
па лани имав вадено прамени на моја коса, посветло кафеави, но имав бланш и цела година ја враќам косата во нормала, и сега сакам сама дома да си добијам убава боја, без бланш и такви работи...единствено тонер би ставила доколку е потребно... и не ми се даваат по 1000 денари за на фризер, сепак мислам дека можеме и сами дома да си добиеме боја, само ми требаат повеќе совети...повеќе време се распрашувам,прашувам веќе и самата на себе станав досадна,ама мора..бидејќи сега сакам да излезе се како што треба,а не како лани и без коса и без живци останав.. п.с да, косата ми е темно кафеава Спојлер: вака нешто а сакам да добијам Спојлер: вакво нешто
Жени дај препорачајте ми добра црна или многу темно кафена фарба, во рок од 1 месец, 2 пати се фарбав зошто бојата ми паѓа по само 3 миења, многу се нервирам! Ги користев на Аура фарбите, плус и една додадов од таа ефтината Miss Magic зошто читав овде дека била најтрајна, ама џабе...
И мене ми се смачи со црната фарба. Порано ми се чини како поќе да ми траеше ама последните неколку пати шо и да ставам паѓа. Пред две недели ако се фарбав и ја потсрижав косата, а веќе кафена ми е, само кај корените горе има останато црно. пс секоја чест за црвената боја. Сеуште ми седи под црното.
Kako sto predhodno imav pisano se farbav letovo crvena no boja mn. Paga na mienje i ne mi se dopaga toa e sega si se setam crvena so kafen koren. Sakam da se vratam plava. Sovet kolku mozam brzo ili treba da mi padne bojava uste nekolku meseci da se sisam i da se farbam. Da me na crvena podloga stanam morkov
@MacaLove - јас ги имам пробано и двете фарби , таа на Аура воопшто не ми се допадна многу брзо испадна додека оваа на Мис Меџик е добра не е нешто wow трајна ,но ми се допаѓа што си стои долго време плавиот сјај.. значи јас користам црна боја со плав сјај (blue black) @karak - оди си на фризер , ај да ти беше некоја лешник боја ќе ти кажев стави си деколоратор или фарбај се постепено и ќе ја добиеш бојата , но црвената е многу многу тешка за вадење колку и да се фарбаш каква и да се фарбаш црвен сјај секогаш ќе имаш на дневна светлина. Имам пишано низ темава , јас бев црвена и кога се офарбав црна тој глупав сјај се познаваше се додека не се ошишав многу кратко. И така веќе никад црвена
Ова е мојата природна боја на коса, пред нова година бев на фризер и ми ставија некои посветли прамени, но сега ми паднаа.Прашањето ми е дали може на мојата коса да се фати плава фарба, и колку е одприлика цената за на фризер, бидејки претпоставувам тоа нема да можам да го изведам дома.
Девојки имам светол тен и сини очи. Мојата природна нијанса на коса е ни многу светла ни многу темна кафеава. Во план сум да ја затемнам па се мислам дали да одам со темно кафеава или црна боја. Повеке сакам црна ама по вашите постови гледам дека е тешка за симнување . Што би ми препорачале? И предлог фарба за ваква нијанса?
здраво девојки ) јас пред есна година косата ја имав осветлена од кафена на карамел боја и до ден денес од тогаш од време на време се фарбам со тие без хидроген што се и ја шишам секој месец па не ми е оштетена но ми е виткана и нели си бара повеќе нега него правата е сега сакам да ја правам вака како на сликата но се двоумам незнам зошто па што мислите? долга ми е исто како на сликата
ме интересира каква фарба за коса користите...?....што мислите за лореал....јас вече неколку пати на фризер одам и не ми се допаѓа како ме фарба..сега посакав внука моја да ме фарба учи за фризерка,,јас ќе купам фарба,,мислев од лореал...што мислите вие?...и уште нешто заборавив....сакам дарк блонд да се направам,,а сега сум дарк браун...се фарбав пред 2 неделки....колку да чекам да не ја оштетам за пак да се фарбам,,и дали ако ставам дарк блонд барем малку ќе осветли???
Јас користам фарби моментално на Колестон и Мис Меџик и сум презадоволна инаку ти пишав и на др тема , нема шанси да се осветли темно кафена коса само со фарбање ќе ти треба бланш но најубаво појди си на фризер па после можеш како сакаш да се фарбаш
Се сложувам со @koritsaki пробајте ја фарбата колестон и јас топло ви ја препорачувам на сите вас кои се двоумите околу фарбите, поскапи се малку но се со малку поголема грамажа и се многу ефикасни, ја доловуваат совршено бојата и не опаѓаат веднаш како останатите, не им бледнее коренот веднаш по неколку миења. Јас кога се фарбав имав совршена боја со сјај и не бледнеење долго време, се изненадив од фарбата. Пробајте да ја побарате по фризерските салони.
барам мислење како и далие возможно да извадам прамени на фарбана црна коса??? многу сакам да ја менам бојата ане ми се чека да порасне....