1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    А како се нанесуваат овие новите,читав нешто како пена се прави,како шампон биле и слично али не купив реков прво да најдам некој што користел..И каква е постапката? :)
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Имам црна коса со к'на се фарбам....но сакам нешто какко тегет...знам дека нема да ми фати...ама чаре некое?
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ќе си земеш фарба црна на тегет таква нијанса една е и ќе си ја офарбаш :)
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    И луѓе сакате да кажете дека ако се исфабрам црвена, после било која боја да ја ставам на косата пример кафеава, секогаш ќе има црвен сјај? :?:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.326
    Обожавам да се фарбам, како хоби ми е, и затоа сега цел месец имам неопределена боја на косата. :D Незнам што боја е, зависи во кој дел од денот се гледа и во зависност дали е миена или не :D . Бев црна, кафена, па медова, па плава, шатирана, црвена, едно време бојата на косата ми маваше на лила ( да напоменам дека тоа беше во средно :) ), и така. Што се не ставив на мојата коса. Често менувам фризури, стално се шишам, ама не врвови, туку облици. Сакам промени, и кога и да почуствувам дека ми требаат одма знам дека треба да менам нешто кај косата моја. И оп на фризер :D . Ич не му ја мислам.
    Туку сега имам мака. Ајде уште оваа недела и конечно ќе се офарбам. После многу сменети бои, сфатив дека темно кафеава најмногу ми стои. Од Кене тоа би требало да биде 3, ама сега сакам да се пробам со Лореалот. Не знам како одат бројчињата таму, а и оваа што велите без амонијак, добра е и дали прекрива. Или да бапнам со хидроген, имајќи во предвид дека сјајот од црвената боја уште ми стои, а очајнички ме нервира и сакам да го нема. Се сомневам дека без хидроген ќе го снема :?: .
     
  6. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас одлучив да се фарбам пак еве помина еден месец, ама овојпат сама ќе ја купам бојата да гледам што купувам а ќе одам само фризерката да ме исфарба. Сакав да ми препорачате убава боја за коса, нека е и поскапа ама ќе треба 2 да земам за мојава коса. Овие Лореал новиве убави, ама ако не фаќаат џабе. Еве вака нешто нијанса барам отприлика, би ви била благодарна ако ми препорачате добра марка на фарба не сакам да ризикувам.
    [​IMG]
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    Карина од се’ што сум пробала, Еугене Перма ми се најдобри.
    Јас кај фризерката се фарбам, ама знам дека во Скопје може да се купат (патем, ако некој знае колку пари се нека каже да видам колку ми е исплатливо).

    Е сега мислам дека таа фарба со професионална линија, ама сигруно и тие за продажба се квалитетни. Јас се фарбам со линијата Кармен, ја нема на сајтот :^) http://www.eugeneperma.fr/site_en/eugen ... hp?rubr=46
    Имаат феноменални нијанси, и никогаш не ми била утната бојата. Плус, многу убаво паѓаат, бојата губи на интензитет но сепак е многу сјајна, и со нив периодот меѓу две фарбања ми е продолжен. Е сега за овие што се на сајтот не гарантирам, ама ако најдеш од линијата Кармен ич не се мисли.

    Сум користела Keune (воопшто не бев задоволна, многу брзо ми избледе), Лореал (задоволна бев многу, но со Еугене уште позадоволна сум).
     
  8. interistka

    interistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    КЕ СИ КУПИШ ЕВОЛУШАН ОКОЛУ 200 ДЕНАРИ Е ЈА ИМА ВО ВЕРО
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.334
    Допаѓања:
    249.326
    Карина за ваква боја пробај со Keune 15 17, испробано е и фаќа, и испаѓа баш оваа нијанса на сликата што ја постираше.
     
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    мене убаво ми фати Лореал и мн.здав сјај има косата незнам кој вели дека не фаќа јас мислам дека со Лореал нема да згрешиш а и Keune не се лоши убави се и ти е ...
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Jaс ја ставив 62ката и ми фати во коренот се гледа дека е покриена мојата боја, а надолу ми е онака, потемно отколку што изгледа на сликата, ама ќе видам после некое миење како ќе биде- а инаку имам премногу сјај на косата и мека ми е ептен :)

    И нареден пат ќе ставам пола, сега се чудев што да и правам на пената, многу ми остана па си го оставив шишенцето за следен пат да си ја поделам.

    Ми се допадна многу и балсамот и преубаво ми мириса.

    Додека да стигне Шварцкопф пената во Македонија ќе ставам од овие, релативно задоволна сум
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Девојки, имам темно-кафеава(на моменти личи како црна) природна коса, мегутоа досадна ми е цел живот иста, премногу сум монотона,а бидејки не сум храбра да удрам на фризура,решив да ја офарбам буквално(не да ја шатирам,туку цела да ја офарбам), во некоја крем нијанса,лешник..немам дефинирано точна нијанса,само знам дека желба ми е да биде светла нијанса,па сакав да ве прашам дали да го доверам тоа на некоја фризерка,дали би ми фатила од прва,и најбитното,на колку време ке треба да се фарбам од потоа.. Незнам на моменти мн се плашам да не испаднам чудна и за себе и за околинава,иако знам девојки што смениле од темно на светло,но сепак...Планирам после одмориве и јакото сонце,негде на есен,ама сакам да се информирам ,а гледам мн сте искусни на темава :) Ако имате некоја помош на дилемиве,пишете,тенкјууу однапред :D
     
  13. equip

    equip Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    25
    И јас имав темно кафеава коса,па имав голема желба да ја фарбам плава,како мала имав плава коса па бев сигурна дека ќе ми стои.И првиот пат реков морам да одам на фризер зашто да не ми како шо сакам.Купив ревлон 2 фарби бидејќи имам долга коса и ужас! Воопшто не фати фарбата,само корените ми беа портокалови,па истиот момент ме исфарба со гарниер па испадна нешо мед боја.

    Во принцип посветли фарби на темна коса не се добиваат од прва како што сакаш нијанса,дури по неколку фарбања,а зависи и од пигментот,не фаќа кај сите исто.Плус после тоа на секое кога ќе ти порасни косата,најкасно три месеци ќе треба пак да се фарбаш оти не е убаво,се осеќа разлика,а со тоа на секое се гори се повеќе и повеќе косата па не можев да ја поднесам и се исфарбав пак кафеава за да можам да ја оставам природната да расте.Ама сепак промена си е промена,само дури не ти помине кефот.
     
  14. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Моментално ми е двобојна - долниот дел ми е природната боја на косата , кафеава (не фарбана ) ,а горниот бебешко руса .Некако ми се здосади од биинг а плавуша, па собирам трпение да си ја вратам мојата боја , без да се префарбам прво кафеава , па после да ја пуштам. Па , феминки ,држете среќа да успеам !
     
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Еугене Перма тешко да најдам тука, а баш би сакала да пробам. Се двоумам сега помеѓу Кене и Лореал. Може некој да ми даде линк даги видам нијансите на Кене, барам на нет ама слабо :?:
    Еве што најдов јас, овие ли се боите :?:
    [​IMG][​IMG]
     
  16. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.683
    Лореал се поубави и поквалитетни
     
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Еве овие ги гледам на Лореал, колку пари се знае некој ?
    [​IMG]
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    11.588
    Пол:
    Женски
    ^ Oдамна ги гледав во Рамстор и беа 500-600 денари
     
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Уф и значи јас две ќе треба да купам за мојава коса, па околу илјада денари ако не и повеќе :?:

    едит: овие на Лореал ги има ли во Скопје и ако ги има шо цена се ?
    [​IMG][​IMG]
     
  20. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Од моето послено фарбање поминаа околу две недели, а јас веќе забележувам подраснат корен. Не се забележува многу, но сепак не ми изгледа убаво. Во принцип јас се фарбам еднаш месечно, но овојпат ќе морам пак. Прашањето ми е колку најмалку време треба да помине до следното фарбање, затоа што не сакам многу да си ја оштетам косата? :worried: