Не е над 500 ден сигурно, јас го користев лани и добар беше , јас предложив шампон што сум користела а на Лорвен незнам каков е
Здравоо, имам долга темно кафена коса и сакам да се исфарбам како девојкава на сликава, ако може некој што знае да ми каже се што би ми требало за да го постигнам посакуваното
Бев пред некој ден, таа е цената А шампонот на Лорвен е сличен по текстура со Еугене и Кeune и е доста добар, па го предложив како поефтина варијанта.
Здраво девојки, Имам темно кафеава коса, нефарбана . Досега издржав да не ја фарбам зошто ми е убава , бујна и сјајна. Но, мислам дека за брзо ќе мора да почнам да се фарбам затоа што годините си го прават своето хаахаа, уште на површина не, но во внатрешните слоеви почнаа да ми се појавуваат бели влакна за жал. Сакам косата кога ќе почнам да ја фарбам да ја направам за нијанса посветла, значи со неколку фарбања постепено да стигнам до посветло кафеава боја. Прашањето ми е: Дали може да ми препорачате фарба која е покривна ( да ги покрива белите влакна) и да не е многу агресивна, пошто немам искуство досега ...
Здраво женски,ми треба помош околу избор на бр.на фарба и хидроген како би ја добила нијансава во коренот? Сакам поладни тонови со кои не би добила портокалова нијанса зошто и самиот пигмент ми е таков или евентуално како оваа основа?
Феминки ми треба најискрен совет во врска со мојата коса. Правени ми се посветли прамени со фолии и веќе ми е подрасната а незнам дали да ја правам пак или да ја оставам вака како омбре некако е дојдена. Работата е што свадбата ми е во мај и незнам што да правам.
Значи не реков да идам омбре работата е што незнам што да и правам на косава а имам помалку од 3 месеци до свадба. Јас никогаш ни сум ја фарбала ни осветлувала косата и фризерката ми предложи како за промена да ми ја осветли малку со прамени ама сега за свадба дали пак така да ја правам или....
Бев на фризер и фризерката ми рече дека ваква боја најдобро би ми седела доколку сакам да сменам. Проблемот е што јас досега воопшто се немам исфарбано и имам некоја си чудна боја како смеѓа кон сива. Многу сакам да се исфарбам ама премногу ми е страв да не ми се оштети косата бидејќи имам многу убава и здрава коса. Па би сакала да слушнам мислења дали да се фарбам или не...
Секогаш сум ЗА! фарбање .. фарбај се еднаш се живее ! Ама прво размисли ти самата подобро.. дали сакаш или не !
Секогаш сум ЗА! фарбање .. фарбај се еднаш се живее ! Ама прво размисли ти самата подобро.. дали сакаш или не ! ОО извини не видов па чувај ја не ја гори 3-4 дена пред свадбата осветли ја со прамени ..Сигурно најубаво ќе ти стојат !
@monnii-4 тоа си зависи од тебе , косата си расте и да се оштети ќе се потшишаш и готово. Сепак незнам јас имам сменето милион бои видов што ми стои и што не. Јас сум за промени , па ти како сакаш
Моментално ми е ваква,па мислев да го исфарбам коренот со фарба само незз дали подобро би било со 8 или 9ка? Мојата природна нијанса е нешто помегу 6 и 7
Ааа па светла ти е тебе. Тогаш јас велам 8мица , на Гарниер колор сензејшен , незнам како ти се допаѓа.