Подобро немој сама дома.. јас двапати таква грешка направив и ја испогорев косата и ми стана таква портокалова ради црвениот пигмент што го имаме.. и морав на фризер па таму ми стави фарба кене 1517 со 12 постотен хидроген и ми се осветли многу косата..но бидејќи потоа на две недели требаше да се фарбам за да не ги добијам тие портокалови прамени се офарбав црна плус мене не ми стоеше баш плава коса де ама сепак зборот ми е за плава коса да добиеш само на фризер па потоа можеш сама дома да се фарбаш секој месец
Еве ја мојата боја од Palette денес се фарбав и баш сум задоволна, ни многу светла ни темна скроз ми излезе, таква каква си сакав
da mi preporacate nekoj salon vo skopje kaj sto rabotat ubavo.. crna sum sakam da ja osvetlam kako na slikata
Бланш има по парфимериите тоа е прав во ќесички се меша со хидроген , зависи каква е косата и колку треба да се осветли. Не ти препорачувам тоа сама дома да го правиш
И мене ми дојде редот за фарбање, не сакам ама имам многу бели влакна Е сега јас сакам да се исфарбам нијанса како мојава природна и најдов една од Сајос па да ми кажете искуство со овие фарби? Прв пат ќе се фарбам
@<3 pleza4e <3 Гледам дека имаш искуство со олаплекс-от,па ќе те молам да ми кажиш,дали мора да се оди во салон или можи да се купи за дома,па сама да си го искористам при фарбање? Фала
девојки јас сум црнокоса , се фарбам заради да го добијам тој тегет сјај , е сега палете ми ја оштетуваше косата и бојата црна-тегет ми пага за брзо време , сјајос фарбата исто така одма го изгубив тој тегет сјај , ако некој знае нека ми пише некоја црна-тегет фарба што не пага бојата и не ја суши косата ...
@anakonda88 и јас ја фарбам косата со црна тегет фарба , палете многу ја суши косата ваљда до хирдогенот е , и од сајос не сум задоволна воопшто , сега последно се фарбав со Стил фарбата Како што се гледам не ми е избледена воопшто бојата а 2 недели поминаа, и тој сјај се уште го имам. Јас од Скопје ја земав на Зелено пазарче 140 денари , некои викаат ја има и по парфимерии ама неможев никаде да ја најдам. Штета што земав само една фарба од нив (овде кај што живеам ја нема оваа марка на фарби). Пред оваа имав пробано и на Аура експлицит катастрофа жива , на Интенс исто сјајот брзо се изгуби. Од Мис Меџик бугарскиве фарби по 75 денари што се бев задоволна ама ское фарбање лом се правев премногу е течна и веќе не ја купувам ни таа. Пробај ја оваа на Стил па кажи баш како ќе бидеш ти задоволна
@crazylady фарбиве на Колестон не сум ги видела во Мк досега , барем за Скопје зборувам инаку за Стил фарбиве имаат убави и црвени нијанси само незнам дали се исто вака трајни
Zdravo, Dali znae nekoja kade mozam da ja najdam evolution ooo sss? Ili pak nekoja druga so istata funkcija ?
Косата ми е бојадисана со бланш, бидејки имав темно кафеава коса, а сакав плава, е сеа коренот ми потпорсна и бидејки фризерката што ме бланшираше го затвори салонот, отидов во друг салон и и кажав да ми го исфарба коренот, жената ми ја стави најсветлата фарба и коренот ми испадна светло кафеав, е сега моето прашање е дали наредниот пат коренот да си го направам со бланш за да ми биде иста бојата или е премногу штетно за косата?
Дали можеби знаеш каков хидроген ти стави со фарбата , 9ка или 12ка ? Јас би ти препорачала да пробаш нареден пат најсветлата фарба што ја користиш плус 12% хидроген , ќе ти го осветли коренот сигурно