Daj kazete imate li problem so crven pigment,se farbam i celo vreme mi zoltee kosava ,sakam da mi bide svetlo kafena,momentano se farbam so loreal 5.0 gore e temno nadole zoltee
Јас веќе две медеци и досадувам на мајка ми дека сакам да ја офарбам од половина па до доле виолетова.Имам доста долга и густа коса ама црна ми е.И незнам дали ќе ми фати виолетова боја.Што мислите што да правам??
Ја фарбам косата веќе неколку години. Природната ми е темнокафеава (скоро црна) а ја фарбам скроз црна, на секои два-три месеци. Никакви оштетувања не сум забележала, баш напротив, откако ја фарбам како уште поквалитетна да ми стана косата, ги кратам само врвовите еднаш годишно и ја пуштив долга до половината. Може е и до тоа што имам природно цврсто и дебело влакно, па фарбата не влијае воопшто лошо. Си ја обожавам црната коса и не би ја менувала за ниедна друга боја.
Јaс имaв црвенa пaјa исфaрбaв темнo кaфеaвa, нo пoтoa се предoмислив и сaкaв злaтестa нијaнсa.Пa тaкa си бев нa третмaн бoтoкс нa кoсa и пo месец сaмa дoмa јa изблaнширaв, a пoтoa стaвив Evolution фaрбa и сум мнoгу зaдoвoлнa, Лoреaл вo спoредбa е 0.Кoристaм и мaскa зa кoсa керaтин oкoлу 600 ден oд ДМ. Кoсaтa ми е вo супер сoстoјбa. Сегa ќе oдaм дa вaдaм прaмени и се oдлучив зa Oлaплекс третмaн.
Природно имам ваква темно кафена боја на коса, а ја фарбав вака: Првиот пат на фризер случајно излезе да ја избланширам пред да ја фарбам, ама после тоа со текот на времето, и откако бланшираниот дел ми израсна (многу бргу ми расте) и го скратив, продолжив дома да ја фарбам без бланширање. Проблемот со мене е во тоа што многу убаво ми излегува бојата, ама буквално по само една недела паѓа и косата ми останува ниту портокалова, ниту кафена, туку некако жолтеникава како слама, а да ја фарбам секоја недела нема смисла. Сменив еден куп марки на фарби, ама со сите е исто, првата недела дена на секое миење (а ја мијам често бидејќи многу ми се мрси) водата е портокалова бидејќи толку обилно паѓа бојата. Ако знаете некое чаре да не паѓа толку бргу кажувајте помош, зошто сега со месеци се немам фарбано и таман ми израсна мојава природна, планирам пак да ја исфарбам, иако знам дека ќе зажалам бидејќи ќе ми паѓа и ќе ми останува ниедна боја.
Преубава боја ммммм... туку совет мој ти е да не ја миеш косата со жешка вода и да користиш шампон за фарбана коса
Сте слушнале ли за фарбите Beauty? 90 денари се, другарка се исфарба со некоја бордо-виолетова боја, и мајка на другарка цел живот се фарба црвена со нив, и ок и е косата. Јас вчера гледав што нијанси има и се мислев измеѓу црвена/виолетова или плава. Ама имаше само две нијанси на плави, потемна што не сакам, а посветлата дури на слика беше ко сено боја. Дали имате искуство со овие фарби, и дали би ми фатила убаво плава? Имам светло кафеава коса, но зошто ја ишишав цела потемно ми изгледа сега.
Луѓе дајте некој со повеќе искуство со бојадисување да ми даде совет, пошто јас сум малку загубена кога се работи за тоа. Јас имам темно кафеава коса, многу темно ама не доволно како што сакам, имам желба да ја офарбам црна, ама баш црна само не го сакам оној вештачки сјај што го има фарбана црна коса, мислам дека е оној плавиот сјај...дајте ми некој совет каква фарба да земам, како да ја негувам? Е вака нешто сакам ЕДИТ: Ми текна дека @Rose96 и @koritsaki се фарбаа црно, може ли ваш совет плссс.
Земи ја фарбата на Кене поточно под број 1.1 Црна катран е , нема ни сјај ни ништо. Се имам фарбано со таа овие фарби се доста издржливи , не паѓаат лесно така да и нема да мораш да ја фарбаш цела коса - освен коренот. Јас сменив сега ја фарбам црна теѓет , инаку претходно и од оваа ставав
Пред некој ден се фарбав плава... Некоја што има искуство со плава коса да ми каже како ја одржува, да не изгледа сува..?
Dali znaete na koja firma se novite kni za kosa,ne onie od vremeto imalo novi vo vid na farba kolku sto razbrav?
Ај совет некој препарат за осветлување веќе бојадисана коса? Да не се бланширам пак, скоро ми беше бланширањето, а сакам за некоја нијанса да ја осветлам. Намерно ми е шарена (од темно плава/кафена до бело плава) И сакам тој потемниот дел малку да го осветлам.
вака прво прашањето ми е дали да продолжам со плава или да си ја вратам мојата природна боја на коса кафеава? Одсекогаш сум имала желба да бидам плава, но сега сфатив колку е тешко да се одржува. Косата изгледа како да не ми расти, брзо ми се кршеа врвовите. Почнав да ја фарбам дома со цел да не ја оштетам и ставав само на коренот. Но, косата ми стана шарена израснатото ми беше портокалово, подолу беше бело платинум као што сакав и најдолу повторно портокалево бидејки несакав да ја фарбам цела коса толку често.. А сега најголема цел ми е да ја израснам косата многу долга до папучето. И да напоменам, многу од моите пријатели и моето семејство сметаат дека изгледам поубаво со плава коса. Сега ве молам за совет, дали да се фарбам платинум и да ја горам косата или да си ја направам кафеава и да чекам да ми расти мојата природно цврста кафеава коса. Извинете за долгиот текст. Ве молам за одговори... Поздрав
@плаваа истиот проблем го имав и јас. Општо мислам дека повеќето шени мака мачат со тоа жолтило на косата. Незнам дали ме имаш читано низ темава , пред 2 години бев плава како што опиша ти платинум , фризерката ме советуваше или да ја фарбам на месец и да ставам бланш со фарба на коренот или секои 15 дена само фарба на коренот. Јас го избрав второто , имав ставано трипати бланш за да дојдам до тоа плаво ама што ако испаднеше убаво кога некаде беше плава , некаде портокалово жолта... и пробував од најевтини до најскапи фарби , тонери , од тие лилјакови шампони да се убие жолтилото и ништо не помогна , и се откажав , и се вратив црна - мене останатите пак ми зборуваа дека црната поубаво ми стои а и јас навистина поубаво се чувствував како црнокоса Како што разбрав ти само дома се имаш фарбано така? Плавата боја ја постигна на фризер? Каков ти е квалитетот на косата? Ако имаш нормално влакно , со фарбањето во фарбата можеш да додадеш и бланш и таму каде што е портокалово да нанесеш бланш со фарба а на останатите места само фарба. Прбај вака или ако не немора па кафена да се офарбаш имаш и др слични нијанси на плаво , мед боја итн
Фалаа ти премногу на одговорот. Иначе косата за првпат ја исфарбав лани и на почетокот одев на фризер. 7 месеци одев на фризер и после почнав сама дома само на коренот со фарбата Форевер Блонд убава беше. Косата пребрзо ми расти и ми е многу густа, сува/нормална така нешто...
Девојки здраво. Сакам да ја променам бојата на косата (како на сликата погоре). До сега се немам фарбано... Ме интересира дали ќе ми биде мн оштетена косата после тоа и дали би се добила баш таа боја ко на сликата? Тнх. Позз