Имам црвена коса, ама на страна што ми здосади, многу ми е измалтретирана косава од толку фарбање и гелови/восоци, сакам да ја одморам малку и да си ја вратам природната боја. Арно ама, убаво ми рекоа... од црвена коса никако нема целосно враќање на старо. Не се фарбав подолго време, коренот малку ми порасна, а бојата си беше со истиот интензитет, се мислев да ја пуштам природната коса да ми порасне, ама кога се видов таква со подраснат корен си реков никако, и сега барам некое друго решение. А најмногу што се разочарав е што многу ми е потемнета мојата коса, од светло смеѓа коса, сега ми е темно кафеава. Кажувајте некое решение како да ја симнам црвенава коса, знам дека бланш мора, ама каков, што, колку.. И што потоа? Ич не сум запознаена.
@blueeparadise уф јас имав црвена коса пред 3 години и навистина одвај се 'спасив' од неа. Незнам што боја сакаш да добиеш, ако несакаш да ставаш бланшеви тогаш единствена опција ти е да ја затемниш да се офарбаш кафена или црна. Јас несакав да ја осветлам зашто мене црна најубаво ми стои и се вратив во црна , но пак на сонце се познаваше тој црвен отсјај. И колку пати се фарбав црвениот сјај си стоеше. На 2 месеца се шишав малку по малку и успеав да се ослободам од сјајот тој дел морав да го шишам.
како подобро би ми стоело иам светла боја на кожа како што гледам на вторава слика изгледа многу бледо ќе изгледам а со црвенава коса ќе имам израз на лицето моја претпоставка...Вие што мислите...?
Да ти кажам право нз ама јас на физер ќе се фарбам. Инаку која ја одбра Или сеуште немаш одбрано Инаку што мислиш за цревана или не ја обожаваш цвената боја
хахха..јас би избрала меѓу послеедните 2 wow колку се само пренајдобри *---* ...а за црвена коса..ми се свиѓа на некои женски како им стои,а лично не сум баш фан на црвената боја
Јас сакам некоја промена да направам но немам идеа,светло кафеава ми е природна еднаш се ифарбав црвена но некако како постара се чуствував,
дајте мислење феминки, мојата коса е многу темно кафеава дали би изгледале убаво да си извадам прамени во карамел боја. Поздрав
Дечки имам зелени очи и ваква природна боја на косата: http://www.promicabana.de/wp-content/uploads/2011/05/Selena-Gomez-Billboard-Music-Awards-2011-2.jpg и ист тен како на девојката на сликата. Сакам да направам промена на косата, предлози?
Во кои парфемери точно? ( ако си од Скопје) Го купував од еден маркет, ама веќе го немаат и од тогаш не можам никаде да го најдам.
Луѓе има скоро 5 години више како се фарбам кафена, не знам што ми текна денеска да сменам боја, мерак мие, и сакам, многу да се фарбам вишна боја, ама се плашам да пробам поради тоа што да не, не ми стои, и поради тоа што тешко се вади после, не знам што да правам ве молам совет ако може благодарам однапред