Девојки, имам светло кафна коса, сакам да ја направам плава со сив подтон, совет да ја фарбам на фризер некаде или пак да ми препорачате фарба за коса што проверено ќе излезе ваква нијанса?
Јас би ти препорачала да си одиш на фризер ако сакаш да постигнеш таква нијанса `од прва`. Ако почнеш дома ќе се изнададеш пари за фарби зашто секако ќе треба повеќе од 2-3 пати да се исфарбаш за да дјдеш до таква боја. За да се осветли косата од таа нијанса што ја имаш ќе ти треба Еволушн 11.11 фарба плус 12% хидроген ќе ја доведеш до некоја плава боја со жолт тон. Кога ќе ти стане таква , потоа со истата фарба ставаш 9ка хидроген. Ама се зависи од влакното и која нијанса ја имаш моментално , можно е да треба да се стави и бланш на косата. Оди си на фризер колку да ја постигнат бојата па потоа дома сама фарбај се со Еволушн 11.11 плус 9% хидроген
Сакам да прашам нешто... Моментално косата ми е црвенкаста. Значи не дреч црвена (имам објавено и слика во една тема), туку имам само црвен сјај, а инаку природно ми е темно кафеава. Црвена сега ја правам со колор шампон, од фарба многу помалку ми фаќа црвено. Е сега сакам да се исфарбам црна. Што мислите дали на ваква црвенкаста убаво ќе ми фати црна фарба? Се плашам да не ми биде шарена косата. Инаку ајде и овде ќе ја објавам сликата да видите каква ми е сега, па ако знае некоја да ми одговори.
Ќе ти фати црна боја , но да знаеш дека ќе се познава црвенкаст сјај кога ќе застанеш на светлина/сонце. Од искуство ти кажувам јас бев црвена баш некоја ваква боја и кога се офарбав црна го имав тој сјај , мој предлог е да почнеш да ја кратиш косата малку по малку додека се фарбаш некоја др боја зашто тој сјај за жал не се вади..
@krofnicka27, јас на твое место би го исфарбала само коренот црн и можеби мал дел од црвеното колку да нема драстичен премин (како со лењир) меѓу двете бои. Ама морам да ти кажам дека ептен ми се допаѓа каква ти е сега косата! Инаку, од мое фарбачко искуство, многу тешко се затемнува црвена коса! Ќе треба на неколку пати да се фарбаш па ем трошоци и малтретирање, ем сигурно ќе се дооштети веќе фарбаната коса.
Единствен загарантиран начин да постигнеш црна коса без црвен отсјај е да се исфарбаш со к'на. Ќе ти ја обнови и потхрани косата плус, без тој процес на фарбање и оштетување. Проверено.
Јас од лично искуство не би ти препорачала да одиш на фризер бидејќи за мене беа фрлени пари. Првиот пат лупнав 2000 за балјаж, додека пак вториот пат во студио Бубе ин ме "испокрадоа". 3500 дадов а косата ми беше иста како претходно, па дури и потемна. А јас исто сакав плава. Мој совет ти е да си ја купиш Еволушн 1111, јас на крај така се осветлив. Ќе ставиш на цела коса(мин. 2 фарби), и после ќе си го правиш само коренот. Со тек на време после неколку месеци ќе ја осветлиш. Да побарам слики и ќе ги постирам да видиш разлика
Мене ми правеа балјаж во Дадар и не сум задоволна па сакам Бубе ин да ме досредат ако можат. Не си задоволна од нив?
Ми ги земаа парите и ај чао. Требаше да се испокарам ама неможев да седам веќе во салонот едвај чекав да си отидам. Уште па и на почетокот ми вика дада може да де постигне таа нијанса(од слики што покажував) и кога не испадна така ми вика епа толку можеше тоа еее, и сакаа уште плус 500 ден да ми земат
И јас имам прирпдно катран црна коса, кога ме гледа некој што не ме знаел и ќе му покажам слика ми се чудии како сум сега плава
Ова е моето патешествие Природно имам многу темно црна коса. Најпрвин почнав да се фарбам со кафена фарба, не беше тешко да се постигне бојата, еднаш ја направив цела коса и после само коренот. Неможев да најдам слика од балјажот одма после фарбањето (се фарбав во студио ФРАН), супер ми ја осветли за разлика од кафеното, па 3тата слика е веќе после 4 месеци ( мислам дека само коренот го фарбав кафен како претходно). Петтата слика е на враќање од кај бубе. Крајно бев разочарана, за тие паро што ги дадов требаше да имам барем плава нијанса (имав и претходно што е најјако од балјажот), цела ми ја затемни и немаше допирна точка со плаво. Не е лоша бојата, но е далеку од тоа што јас сакав и ми беше ветено кога дојдов во салонот. Едвај чекав да поминат барем 3 недели за да се исфарбам сама. Ми ја фалеа еволушн и ја купив. Шестата слика е резултат на едно фарбање (цела коса со две фарби) и одма веќе добив плава нијанса. Од тогаш имам пробано и други фарби но оваа е најдобра и не ја прави плавата жолта!!! Последната слика е каква ми е денес бојата. Се фарбам на еден месец, и сега сакам да ја пробам уште на Кене 15,17 таа ми ја фалат па ќе ја купам деновиве. Единствена негативна страна на плавата боја е што косата ќе ви се скрати (кине) и бидете спремни на тоа. Јас можеби иѓав предолга коса но сега ја имам бојата што ја посакував, а коса ко коса ќе порасне за една година Извинете на долгиот пост, се надевам помогнав на некоја девојка
Фала ти многу на комплиментот, пробај ја па пиши ни како испаднало, само не очекувај одма да си плава сепак тоа е процес кој неможе да се постигне од одма, јас од првото користење еволушн до ова плаво стигнав со скоро година фарбање, а предходно на фризер (и на двете места) ми имаа ставено бланш, па најверојатно и тоа ќе ти треба.
На третата слика со која фарба си фарбана? Инаку и јас сум црна најцрна природна и сакам да сменам нешто
Третата слика ми е после балјажот во ФРАН. Коренот си го фарбав со една од кафените нијанси на syoss. Ова е веќе техника, и за ова мора да одиш на фризер, сама неможеш да го постигнеш Ете на слика како личи
Сакам боја како што е твојата на последната слика, прекрасна е , кое бројче на еволушн? Јас имам доста светла природна коса па се надевам дека ќе ми фати без бланш. Фала ти за советите