Не ј суши. Мене ми одговара многу, ама сепак ќе речам од коса до коса. А се имам фарбано со Палете - пепел ми ја направи косата. Каква боја ќе ставаш?
Ке ја осветлувам косава за некоја нијанса ( имам црна , сакам кафиава, некој степен посветол од сега)
Афродитааа, најдобро ќе биде да извадиш пошироки прамени на фолија со бланш и потоа да ја исфарбаш цела коса со чоколадна боја, така што коренот и прамените ќе ти бидат кафени и потоа побрзо ќе ја добиеш саканата боја, него само со фарбање. Прамените може да ти бидат со црвен сјај, но со чоколадната боја сето се покрива.
Уопште не ми беше покривна, мислам талог за кафе да ставев поубаво ќе покриеше. Сега немаше од таа што ја користам, па земав Палете.
Не не никако бланш не ставам , зошто ми било толку да ја горам само заради некој степен да ја осветлам... Не сум јас црна фарбана ... Т.е . се фарбав црна пред 2 години ама сега тоа е паднато и острането .... Ке земам или Аура или Гарниер и ке ставам слики да видиме разлика
Сите што си ги пишала сушат премногу,од Палете паѓа косата многу,Гарниер суши а не е покривна воопшто,ко да не си ставила фарба ќе биде.Најдобри се Еволушн,Кене и Лореал.ЈАс лично сум најзадоволна од Еволушнот,покрива,не суши и има убав сјај а и трајна е,не паѓа после прво миење.
Јас од кога почнав да се фарбам се фарбам само со Гарниер и косата ми е сребрено плава без никакви бланширања, чисто само од фарбата. Со оглед на тоа што претходно и со црвени фарби сум добивала само сјај, не се согласувам дека не е покривна. Плус, никогаш, ама баш никогаш не ми пожолтела, онака само малку околу корените почнува да ми паѓа бојата кога веќе и онака морам да ги фарбам. Сега го купив виолетовиот шампон од ДМ и после 2 недели можам да кажам дека има огромна разлика, гледам дека и тоа што беше почнато да менува боја околу корените е прекрасна плава нијанса (не очекувајте резултати веднаш после првото миење).
Еволушн сега е на попуст со гратис хидроген во Космо 225 денари,инаку редовна цена со хидроген секогаш ме фаќа 280 денари негде.Лореалот е околу 300 мислам.Мене Еволушн не ми ја суши ич косата а бојата е трајна.
Во принцип, во право е фризерката. Ако ти е постигната саканата нијанса и бојата на целата коса е уедначена, тогаш потребно е да се фарба само израстокот. Вака, само дополнително и непотребно си ја оштетуваш косата.
Ако планираш во друга боја да се фарбаш или ако ти е избледена премногу претходната тогаш цела, во спротивно само израстокот.
@bella.s ти ќе си одредиш самата , јас порано (пред да се офарбам плава) си имав црна коса , бојата секаде изедначена како што треба и само коренот го фарбав , е потоа кога се префарбав од плава на црна , не ми фаќаше долго време фарбата како што треба па морав цела коса да ја фарбам.
Здраво,да си прашам-дали од црна може со шатирање,да се добие барем на лилавкасто нијанса,па после со фарбање таква да е?Или начисто ќе е утка работата,само оштетена коса и ништо друго?Ако има некој искуство нека напиши-Благодарам
Сакам да се фарбам прв пат во животов, сакам да направам промена си се здосадив веќе цело време иста. Работата е што имам тенка коса, и после пораѓајот доста ми опаѓа, а исто и порано во средно имав проблеми со опаѓање. Дали фарбањето ќе предизвика опаѓање и проретчување, бидејќи без косљ ќе останам ако е така Имам кафеава коса а сакам нешто вака да постигнам
За да го постигнеш овој ефект, ти препорачувам да одиш на фризер и да ја покажеш сликава. Во секој случај за оваа нијанса мислам дека ќе треба бланш, нема да има директен контакт со скалпот така да нема да ти се изретчи или да ти паѓа косата. Јас редовно вадам прамени на 6 месеци или го осветлувам само долниот дел од косата ама брзо ја враќам косата во форма со употреба на масла, посебно кокосово. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај
Со редовнп шишање на врвовите секој месец и потполна нега на косата како маски регенератори нема потреба да се плашиш од опаѓање и оштетување,ти препорачувам да се распрашаш со кој број на хидроген фарбаат ,колку е појак хидрогенот толку е поголемо оштетувањето
Ова е прво фарбано ,а потоа со прамени од третманов не би требало да ти паѓа и самата кажуваш дека е од пораѓајот но користи природни маски ,а не купечки шампон против опаѓање АЛПЕЦИН С1од кафе што е и ке видеш резултат не одма да се разбериме.
Знам дека имаше слична тема бојадисување на косата ама колку што прочитав немаше разговори за вакви експерименти на косата па се решив да отворам нова тема ако сметате дека не треба тогаш можете да ја ставите во другата. Во последно време гледам доста се фарбаат црвени,зелени,сини...некои не природни бои на косата.Ја доста размислував и до сега имам пробано само плава и црна.Секако дека различно те гледаат сите на некои си им поубава плава,на други пак црна...Сега сакам да пробам и нешто поразлично.. https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/736x/2d/9c/0a/2d9c0aa25dd5cd66e1be4855c4878a47.jpg https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/736x/5b/64/b4/5b64b425215848619dd0f886bd94eae7.jpg Сакам нешто вака со розев сјај несакам толку нападно розево не би личело на ништо тогаш.Имам бел тен, бебешка фаца,невина, па се прашував би ми стоело ли?Што би ми препорачале вие? Има искуство некој од вас за вакво нешто на косата? До сега уште се мачам да го извадам црното од косата на секои две недели се фарбам плаво, да добиам некоја светла коса за да одма ми ја средат на фризер (за розева)ама има уште некои делови каде што ми се приметува кафеавото и ме нервира тоа многу.Еве незнам што да правам.А ми викаат дека бланшот ја гори многу косата, па кај ми е сено уште без коса ќе останам...едвај ја опоравив сега малце. Ве молам за совет.