За ваква боја на коса како на сликата нема шанси ако не ти стават бланш,а оваа боја на коса повеќе одговара на девојки со светол тен изгледа понежно а забланшот секоја фарба и црната и црвената ја гори косата така да ако ти е толку мерак не се мисли направи си
Од сите наведени фарби Палете ти е дефинитивно најлоша во смисла на опаѓање и оштетување на косата, а Гарние, мислам дека е најслаба, но маана и е што многу брзо опаѓа бојата. Јас се фарбам плава со Гарние колор сензејшанал 111 , на македонски .... и за две недели бојата не личи на ништо, така што морам пак да ја фарбам....Едвај издржувам 3 недели и се фарбам , што е многу штетно за косата, се разбира. Сајос ја немам пробано но имам читано многу позитвни критики за оваа фарба. Најдобра фарба, според мене, е Ревлонисимо, на Ревлон. Една кутија од оваа фарба е доволна за две фарбања, за плава зборувам, затоа што се фарбаат само корените. А Кене е многу јака, исто како и Еволушн. Лореал е исто така добра фарба.
Мене Арома колор најмногу ми се погодиле до сега и едни од Кам порано што ги имаше сега ги сменија со други фарби. Се фарбам на 6 месеци и сум црна, па подраснатото не ми се бележи многу. Инаку и јас сум пробала со Палете и за кратко време ми паѓаше бојата, а за Гарниер немам пробано, еднаш сакав и ми рекоа од салон дека со Гарниер треба за моја должина 3 палети затоа што во грамажа се мали и не купив.
Јас не знам како ви паѓа Гарние. Јас се фарбам со 110 (од виолетовите кутии), пресветла ми излегува, буквално сребрено плава. Нема жолт сјај и имам потреба само еднаш месечно да ја обновам, само заради корените.
за една год да падни целосно? се опседнав да се фарбам...едни ми викаат ќе ти стои,други не ..и незнам што да правам
Јас таман ја испофалив Еволушнот последниве две фабања не ми покрива бели Сега се мислам за Кене или Ревлон,мада и Ревлонот последниот пат кај фризерот не ми ги покри белите,незнам дал е до мојата коса или до фарбите
Здраво девојки моментално сум фарбана медово со прелив на природна смеѓа коса со посветли прамени. Сакам да си ја вратам темно кафената природна боја на коса. Ми треба совет за фарба барем приближно на природната и да е ефикасна уште од прво фарбање доколку е возможно, ако знае некој да ми каже
Искуство со фарбите Olia ? Ги гледав во веро , но на крајот зедов Pallete црна бидејќи во моментот немаа црна од овие .. По она што го читав на бојата , ми изгледаа како најдобри , сега не знам како се со издржливост и по колку време би требала да се фарбам повторно . Зедов еднаш но плава што логично бојата не ми " фати " па си останав бринета бидејќи сега сум црна , би сакала некој да сподели искуство
Јас ја правев еднаш со Олиа. Многу мазна и здрава ми ја остави косата, мислам има и арганово масло во паковчето ама не сум сигурна