Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бојадисување на косата

Дискусија во 'Коса' започната од magic, 23 декември 2009.

  1. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Не знаев дека има Сиос во МКД.
    Јас ја имам пробано Смоки Блонд (http://www.syoss.de/index.php?id=218) врз плава основа (од друга фарба) и ништо посебно. Не видов некоја разлика. Убаво ми фати само на прамените што ми беа бланширани.

    Се зависи од тоа каква боја на коса имаш моментално и што сакаш да постигнеш.

    И да не заборавам да додадам, како и скоро сите други ’плави’ бои, премина во нијанса на портокалово после некое миење.
     
  2. Emka28

    Emka28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1

    Јас се имам варбано со нив пред да ги донесат во мкд,и сум задоволна.

    Во Тинекс се 200ден, а во Веро 195ден.
     
  3. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Јас кај мене во Тинекс една црвена нијанса видов и затоа не си купив дека мн ми беше јака, а мојата боја е некоја костенливо-бордо, и страв ми беше да не си ја расипам. Така, се зезнав отидов на непроверен фризер (дека кај мојот немаше место, а итно ми беше) ми стави фарба на Ревлон, бојата ми ја погоди, ама косава пооштетена никогаш не ми била... Сакав да споделам, чисто онака :D
     
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Девојки јас сакам да си ја бојадисам косата црвена, да не е ептен светла црвена но ни темна да не е, ајде препорачајте ми некоја фарба, пошто појма немам каква фарба да ставам.
    Косата ми е кафеава, костенлива, и никогаш до сега не сумс е фарбала, само колор шампони пробувам, и мн убаво ми стои црвена боја :)
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Стави Гарниер црвена не фаќаат ептен многу да се познава. Еве мене од Гарниер како ми излезе.
    [​IMG]
     
    На MonnaSi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Фала ти, ми се свиѓа многу, баш како што сакам :)
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Земав сега Палете, Strawberry smoothie 5-88.
    Еве ваква е...
    [​IMG]

    Искуства со неа? :?:
     
  8. Annepinky

    Annepinky Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    јас имам костенливаа боја на коса се исфарбав црна и сега сакам да си ја вратам мојата боја ама сакам и да ја осветлам послем како ве молам за помош а да не ја оштетам!
     
  9. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    јас од неодамна почнав да ја бојадисувам косата и како за почеток купив боја на Palette (црно-сина)но бојата воопшто не е трајна на косата,дава добар сјај не ја суши и оштетува премногу,но за недела и несто до две паѓа,што значи со таква боја треба на секои две недели да се бојадисува косата.
     
  10. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    А за наредно бојадисување би сакала да ја пробам бојата на Syoss (црно-кафена),ја има некој користено таа боја и дали е задоволен???????
     
  11. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Сум прашала фризер и ми кажале дека невозможно е од црна боја на косата да ја направиш во некоја посветла нијанса а да не се оштети,тоа се правело постепено на црна боја на коса се ставало на пример во случајот како што сакаш ти посветла нијанса кон костенлива треба да ставаш само таква боја на косата а таа постепено ке си добивала кафен посветол сјај,а во меѓувреме со самото миење на косата црната боја ке паѓа.........инаку постојат и други агресивни начини за промена на бојата од темна кон светла нијанса но 80% од косата се оштетува ке стане крута,сува без сјај
     
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Истово и мене ми се случи, само што јас имам посветла боја. Прво се исфарбав костенлива, после сакав уште потемна и ставив црна боја. Ама по неколку недели ми пројде меракот и сакав да си ја вратам мојата природна боја или нешто приближно на тоа. Отидов на фризер и таму ми тврдеја дека нема да ми се оштети косата, дека треба да ми се стави деколорант или така нешто беше. Кога ми го стави тоа, бев буквално портокалова во косата и после тоа ми стави некоја посветла нијанса. Како и да е, многу жолта ми беше косата, одвратно изгледаше. Не би ти препорачала. Почекај да ти порасне твојата коса, па после ќе биде полесно за осветлување.
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Значи, неколку пати во досега сум ја осветлувала косата од црна накај посветла. На црната боја каква сакаш фарба ставај, нема шанса да осветли накај кафеавкасто да дојде. Само коренот, оној дел од косата кој никогаш не бил офарабан црно, си фаќа убаво кафеава (или каква и да се фарбаш). Барем кај мене никогаш не осветлувала црната боја. Имало случаи (3 пати досега) ја осветлував косата со шатирање. И убава ми беше, зашто секогаш имав убави нијанси на косата. Ама косата многу ми се оштети. Влакното се истенчи, и не е веќе токку квалитетна како порано. Мислам дека до крај на живот нема да ми текне пак да ставам бланш на косата, па каква сака нека е шарена. :shake:
     
  14. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Феминки може совет?
    Незнам дали тука треба да го поставам прашањево ама оваа тема е за фарбање така да...
    Значи имам светол тен и плави очи и за сега плава коса...не е фарбано плава туку со прамени и не е многу светла, ама некако сум со бледиов тен ко албино и ми се смачи веќе и сакам да ја сменам бојата на коса...Сакам темно црвена/борда како на Оффи само незнам дали би ми стоела...
    Или ако не таа која боја мислите дека би стоела најубаво и би ми ги истакнувала очите?
    Знам црвената преубаво истакнува зелени и hazel очи , плавата кафеави ,а сините која? :^)
     
  15. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Не планирам да си ја горам косата уште од сега...тоа би го правела кога би морала :)
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Имаш светол тен, а тоа значи дека скоро секоја боја на коса би ти стоела, па и црвена. Ама не мора баш црвена, може и онаа што оди повеќе накај кафеаво. :)
     
  17. sweety-m

    sweety-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    52
    Девојки дали имате искуство со бојадисување со кна? Мојата природна боја е средно кафеава, последно се направив со темно кафена од палете, ама колор шампон и сега сакам да пробам со црна кна. не сакам да ставам боја за коса, па ако има некоја користено црна кна ве молам пишете. ме интересира за колку време паѓа бојата, дали се оштетува косата и дали потоа е тешко да се прекрие како со фарбите или не? :?:
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    На sweety-m му/ѝ се допаѓа ова.
  19. srcushka

    srcushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    7
    дајте совет ! пола коса ми е природната боја светло кафеава после тоа ми е темно кафеава фарбана.сакам да се направам плава како јк и немозам да цекам мојата да израсне.дали да ја исфарбам цела темна кафеава и да поцнам да се фарбам плава дали кје ми биде горе светла или не ?
     
  20. loola23

    loola23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    30
    и јас имам светол тен и плаво-зелени поточно тиркизни очи. бев плава ама се исфарбав црвена и сите што ме видоа ми рекоја дека преубаво ми стои црвената боја на светлиот тен и дека преубаво ми ги истакнува очите. плавата коса само те дава безживотен изглед, друга потемна боја ако ставиш ќе ти го направи тенот премногу блед а црвената верувај ми СОВРШЕНО ќе ти одговара, јас сум ходајучи доказ за тоа :) исфарбај се црвена па потоа ќе зборуваме ќе видиш како ќе реагираат сите кога ќе те видат