Јас се фарбам со црна кна. Кната постепено паѓа, така да ќе можеш да си ја остветлиш откако ќе си ја вратиш прво твојата природна боја. Возможно е, само подолг период треба.
Предлог за идеална црна фарба,со која нема да ми се истакни црвено-портокаловиот пигмент на косата од предходната боја што ја имав, после 2рото пеглање ? Користев на гарниер, тие розевите, трајност никаква, 3 пати-си реков ќе му дадам уште една шанса, али џабе, после 2рото пеглање гледам разлика само што ќе поминам со пеглата ми паѓа бојата...
Сајос ! Јас до пред некоја година се фарбав црна тегет , сајос се покажа најдобра . И едни Мис Меџик само не знам каде би ги нашла , бидејки јас само на пазар ја наогав оваа фарба и е бг производство. Инаку бегај што подалеку само од Палете , ем не трае долго фарбата, пага косата , ја оретчува со еден збор НЕ !
Мислам дека тоа е вид на колор шампон , но не ме држи за збор еве некоја феминка можеби користи/користела и е поупатена во тоа . Мајка ми паметам користеше едно време , ама малечка бев и не се сеќавам најдобро баш .. За користење како шампон го ставаше мајка ми на измиена коса и мислам паѓаше со 8 миења .
Здраво. Дали можеби знаете која цена е Butter color na Subrina? Ми рекоа ја имало во тинекс. Исто ако некоја од вас ја користела нека пише искуство. Фала ви. Поздрав.
Itno mi treba pomos . Samo sto se isfarbav sum napravila.nesto utka i.mi izleze limon zolta kosata najskoro koga moze pak da se farbam ? stanje za plakanje...
Девојки да не знаете каде можам да направам убаво омбре. Ама стварно убаво. Не сакам плави краеви. Сакам од мојата кафеава/смега да иде на карамела. Ама да не ми биде косата како со лењир поделена пола пола.
@curious-doll Јас преку еден ден се имам фарбано, така да ако ти е стварно лоша фарбај ја. Дали некоја се има фарбано со explicit 5.20 и ако да како бевте задоволни од нијансата?
Грлс, се фарбав на фризер пред еден месец и од природната, светло кафена, со фарба со сив тон и 9ка хидроген добив некоја златеста нијанса. Сега сакам повторно да се фарбам, за да ја осветлам уште повеќе, но не сакам да ми биде жолта, па така најверојатно ќе се фарбам со еволушн 11.11. Дали да ставам 6ка или 9ка хидроген овој пат? Во случај да знаете некоја друга фарба со која што би добила таква нијанса, препорачајте
Strawberry blonde или reddish blonde има кај нас фарба? Денес овде низ гратчево не можев да најдам. Додуша ни од мојава, плавава не најдов дури, се оние ептен стандардните бои Или да идам кај фризер да ја исфарбам Фризер во Aеродром за фарбање?
Често пати се имам фарбано ама фарбите некако одма ми се лизгаат од косата. Кога зборав со фризерката ми велеше дека косата ми е свиленкаста, ама таа сега ми затвори па немам со кој да се советувам. Каква фарба би ми се задржала малку подолго од една недела-две без да ми се лизни од глата и да ми излези мојата коса? Дали треба да припазам нешто друго? :ѕ Користев црна палете фарба два-три месеци и беше океј и последната иста кога ја ставив како да ми ја изми косата и ми се врати мојата. После тоа се фарбав уште еднаш, исто ми се лизна од главата само тој пат не памтам фирмата. Сега пак сакам темно лилава па би сакала ако имате некој совет во врска со наведениот проблем.