За фарба, можам Лореал да ти ја препорачам, но не знам дали има лилави нијанси. И смени го шампонот. Користи некој поблаг шампон за фарбана коса. Мојот фризер ми кажа дека агресивните шампони и фарбата ја препознаваат како нечистотија и ја мијат, па фарбата брзо избледува ( ако имаш проблем со тоа, така го сфатив тоа "лизнување од главата" )
Имам едно прашање за вас.Веќе 3-4 години се фарбам со кна,но проблемот е во тоа што имам ретка и тенка коса и една фризерка ми рече дека кната го тенчела влакното,па подобро било со фарба да се фарбам.Што мислите вие за тоа и дали има некој пробано и со двете и какво е искуството? Ви благодарам однапред и имајте убав ден.
Кната ја ревитализира и зајакнува структурата на косата, не знам зошто фризерката ти го кажала спротивното. Наспрема неа фарбата ја гори и уништува. Во секој случај кната е подобра варијанта.
И јас истото го имам слушнато и баш се почудив кога ми го кажа тоа и си мислам зар е можно тоа па решив да побарам мислење.А инаку косата ми е сеуште ретка и многу ми се оштетува а не користам фигаро,преса тие такви работи и незнам веќе што да и ставам.
Користам шампон против првут Хед ен Шолдерс, зошто ако не го користам тој ја дрпам главата ептен. Еве си најдов нов фрозер ќе се консултирам и со него зоштп не ми се даваат пари за по една недела оак да сум иста. Инаку не да избледува туку буквално ја снемва со секое миење се лизга подолу на косата се дур не исчезни скроз.
@theowndemon, не знам дали знаеш, ама шампон против првут се препорачува како прва помош за утнати бојадисувања, зошто брзо и ефикасно ја вади фарбата од влакното а притоа не ја оштетува косата Нормално, нема целата боја да ја извади, ама колку толку ќе спаси ситуација за да може да се префарба косата за некоја недела. Во принцип, шампон против првут и фарбана коса не се сакаат баш многу меѓу себе, жал ми е. Можеби фризерката ќе знае да ти препорача друг, посоодветен шампон.
@Nausicaa оо штета. :ѕ Дури сега не знам што ќе правам. Баш ќе одам деновиве кај новиот да ми кажи и тој нешто, да советува дали било за фарба или шампон. Фала ти. <3
@theowndemon Ох имаме сличен проблем мене ми паѓа бојата на секои две недели и не исчезнува целосно од мојата косата ( лизнува ) тука станува стара оштетена без никаков сјај иако користам продукти за нега на косата ама залудно е изгледа. Иначе јас се фарбам црвена ама буквално по две недели добивам боја на шарена коса, а иначе не знам дали има улога шампонот ама јас користам Тео за мрсна коса ( зелениот ) од другите многу ми се мрси косата , ако го сменам пак ќе имам друг проблем....
Косата ја осветлував со спрејот на Балеа и сега ми е катастрофа. Со тек на време стана многу портокалова и не знам како да ја спасам. Инаку имав светло кафена коса и идејата ми беше да ја направам омбре. Некој совет?
Кене 1.1 дефинитивно,или Сиос сино црна кене сино црна или сајос Кната ја гори многу косата,фарбај се со фарби многу се поблаги од кната,верувај
@bibiiii Кната не ја гори косата во никој случај затоа што е билка сомелена во прав, без никакви хемиски влијанија како што е случајот со фарбата. Фарбите се многу поштетни од кната.
А има ли разлика во кните?Некои велат дека во кната веќе почнале да ставаат хемикалии,инаку јас купувам од тие 40 ден.што се
Има разлика да. Во некои можно е да има и хемикалии, затоа читај на пакувањето пред да ја купиш. Јас купувам од тие на Арома, ги има во сите маркети.