Девојки, планирам малку да ја осветлам косата со боја за коса на Аура? Кажете ми како сте задоволни од фарбите на Аура? ЕДИТ: И дали можеби знаете од фарбите на Аура која боја да ја земам за да ја осветлам косата како на сликава што е бојата?
Да ми препорачате квалитетна марка, сакам или розова или сина, ќе се фарбам во една од тие бои, уште не сум одлучила која точно, и сакам да ми излезе како сликите што ќе ги ставам во спојлер: Спојлер Во секој случај на фризер ќе се бланширам и фарбам, ама сакам по препорака да си земам своја фарба и да ја однесам, не сакам со некоја рандом фарба таму да ме мачкаат
Како да си ја добијам природната боја? Ми беше темно руса пепеласта, имам пробано многу фарби, но пак жуто искача... Help?
@joy1 не знаев каде да те тагнам па ај тука, најсоодветно мислам дека е. Пред некое време видов во што последно си купивте дека си зела сина фарба од DM. Ќе сакаш ли да ми кажеш дали ја користиш на предходно бланширана коса или така на природната боја, и колку време од прилика трае таа фарба, за да знам дали да ја земам истата или да барам друга марка. Фала ти унапред
Уште не ја пробав Викендов планирам пред на одмор да идам.Инаку ке ја ставам на мојата природна боја(смеѓа) па ке видам каков ке биде резултатот Иначе имаш и розева А имаш и портокалова ама во вид на спреј беше таа
Дa не стaвaш пред oдмoр. Излoженoстa нa сoнце пoсле фaрбaње не е oк. Oбичнo плaвиве фaрби пaѓaaт брзo, a ти вo мoре ќе јa испереш супер брзo.
Кога бев плава од оваа боја бев презадоволна. Исто можеш да ја пробаш и Еволушн 11.11 со 9 посто хидроген
Потврдувам за Гарние, јас цело време истата ја користев додека бев плава. Ептен убава нијанса и многу осветлува. Без бланш постигнав боја иста како девојката, по 2-3 фарбања.