Јас сум фарбана сина, ама на фризер. Мислам дека беше со тонер фарба (така некако) или на Ревлон или на Субрина, мене супер ми дојде, баш како на сликата што ја имаше ставено погоре и сеуште ми стои бојата иако бев на одмор мислев таму скроз ке ми падне ке се направам никаква, ама си стои е избледена и малце на зелено-тиркизно ми е сега зошто сум и бланширана ама скоро 1 месец ми стои.
Да ми препорача некој убава тегет фарба, да не е палетте со неа се фарбам веќе подолго време ама не сум ич задоволна.
Последните два пати ја имам земено оваа на Аура и сум многу задоволна, тегетот се познава убаво , се колку е постојана незнам да ти кажам јас за да ми биде убава косата секои 20-25 дена од прилика се фарбам од Палете не сум задоволна и јас @ivanchos
Црна коса,светол тен и плави очи иде ли? Сите што сум ги прашала ми рекле никако..а природна боја на коса ми е смеѓа
Ја мислам дека не ако си многу светла на тен не , според мое мисење, ако сакаш потемно од твојата стави темно кафена ,или костен боја , црната и тешко се вади
Па и не сум баш многу светла ,многу сакам црна да се фарбам али страв ми е да не утнам демек црна со плави очи не идело стварно не знам
црна со плави очи баш иде и тоа како само ако си многу бела не ти препорачувам оти ептен до израз ќе ти дојде, нонстоп ќе бидеш бледа како дух
И јас сум мн бела со зелени очи, моментално сум плавуша и дакав да сменам ама никој не ми препорача црна ради белиот тен , затоа гледам нешто измеѓу медова , лешник и кафеава нијанса и уште не можам да се одлучам , ако толку ти е ќеиф пробај , ама црната со ништо не се покрива после , ако не се допаднеш
Сакам да се фарбам темно кафеаво а имам темно плава коса.И планирам да се фарбам сама.Ке фати бојата или да не пробувам?
Би требало да фати сеа зависи колку темна фарба ќе земеш , ако не ти е бланширана , ја денес од светло плава да не речам бела , се офарбав со некоја медова нијанса ама не ми покри доволно добро и пак сум плавуша ама малку потемна, не го добив тој ефект што го сакав