Косата ми е бланширана кафеаво светла но не цела. Е сега сакам тој дел да го бланнширам на сиво и некои прамени на сино но светло само колку да ми се прелева бојата..Барам слика на нет нешто како што сакам но неможам да најдам падоколку некој видел некоја боја како што реков нека сподели
Користам чоколадна фарба за коса. Се познава малку како црвенкаст сјај на сонце (мене тоа ми се допаѓа). Сакам повеќе да го истакнам црвениот сјај, а сепак основната боја да ми биде чоколадно кафеава. Се мислам нареден пат да ставам малку темно црвена фарба во кафеавата. Што мислите вие? Има ли некој искуство со мешање кафени нијанси со црвени?
Здраво.Шатирана сум и сакам да се фарбам сега со некоја квалитетна фарба сива да биде.Ајде препорачајте.Овака нешто сакам да излезе,со тоа што знам оти коренот ке биде посветол одколку тука оти сепак осветлува фарбата,ова веројатно е некој прелив.Барав и колор шсмпони или преливи сиви и не најдов освен ехотон.Сликата долу десно како кафеносифа Каде ги има фарбиве во Ск? Ја сменив сликава првен закачив една како омбре шатирана.Затоа реков коренот ке ми биде мене посветол.Значи нијансата на шатираното да ми биде како таа десно долу,а нешатираното како фати,фати
Во Скопје ги има во Вип Козметикс, во Кисела Вода. Тие се и генерални дистибутери за мкд на овие фарби. Можеш и телефонски да ги прашаш во твојата населба каде можеш да ги најдеш.(+389 2 263 2439)
Не сум јас од Ск,ама ке одам деновиве.Мислев по трговскиве да не ги има ама ке се снајдам.Фала ти,а колку пари се?
@bebaa овие се професионални фарби кои можеш да ги најдеш во фризерски салони и во твојот град (не знам од каде си). Кај нас во Струмица, 106ка мислам дека е 250 или 300 денари. Немам купувано од Скопје. Ама сигурно е тука некаде цената. edit: дури можеш на бројот да им се јавиш, да ги прашаш со кои фризерски салони од твојот град соработуваат
пред две три недели се фарбав на фризер црвена боја не е многу светла ама не е ни темна нешто измеѓу и ме бендиса бојата сега сакам пак да се фарбам ама не ми се даваат толку пари на фризер па ако може да ми препорачате квалитетна фарба за црвена боја нешто измеѓу бордо и црвена
Здраво! Имам во план да се фарбам сив Дали можам да го изведам тоа дома, со бланш и сива фарба? И како воопшто се употребува бланшот? Инаку моментално имам природна кафеава коса.
Препорака моја е да одиш на фризер. Кога менуваш прв пат од кафеава во светла коса (во твојот случај сива), најдобро е да не експериментираш и да одиш на фризер да те средат. А после тоа, ти секој месец може сам да си ги покриваш кафеавите корени кога ќе ти подраснуваат.
После ќе си прашаш на фризер каква фарба ти ставиле (бројка и слично) и ќе си купуваш сам и ќе се фарбаш дома.
Постои ли некој шампон или како што прочитав во предходните страници тонер за осветлување на косата? Косата ми е светло кафена, а пред 2 месеци ја шатирав и се до првата недела ми беше бело-сивкаста и со тек на времето ми стана жолто портокалова И доколку сте го користеле шампонот, тонерот од каде сте го земале и која цена?
@17.06.'15 косата на коренот ти е светло кафена ? а надоле жолто портокалова? извини , ама не те разбрав ако сакаш да осветлиш светло кафена коса - се става бланш или фарба со плус појак хидроген , а ако сакаш да ги неутрализираш тие жолти прамени се користи специјален лила шампон
Ако имаш темно кафена коса можеби и два пати ќе треба бланш да се стави, бидејќи првиот пат може да дојде ептен морков портокалова. Кога ќе се добие жолта боја со бланшот се става прелив, тонер за да се изгуби жолтата нијанса и се добива накај сива. За сива како на сликава изгледа ќе треба и фарба со таа боја. Потоа сам ќе си земеш бланш за израстоците и фарба, мислам дека на темното само фарба нема да фати, или евентуално некоја потемна боја на сиво ќе добиеш само со фарба. И така нема да е лошо, секако ова од ко ќе ти зарасне твојата. Да ја пробаш оваа, мене многу ми се допаѓа бојава кафено-црвена, ја видов во маркет кога купував за мајка ми фарба. Light mahogany е бојата, секако ако користиш од Garnier.
не, косата ми е цела шатирана на плава освен 2-3см од коренот што ми е потпораснат кафен и ова што ми е шатираново(бидејки на почетокот ми беше бела) од бело ми стана жолто-портокалово и сега сакам да го осветлам ако е некако можно за пак да ми се врати истиот или барем сличен ефект како што ми беше косата уште првата недела од фарбањето. Иначе косата ми е природна кафена и бев на фризер ми ствија бланп(6%мислам) и фарба. иначе од каде можам да го купам тој шампон и која цена е ?
За коренот , немој ништо да правиш сама , ако сакаш случајно да го осветлиш само на фризер , вака може шарена да ти излезе.. а за жолтото да го неутрализираш јас го користев овој шампон на Еугене Перма , цената му беше околу 350-400 ама ова пред 3 години сега незнам колку е , а го има во Космо. Има и поевтин овој на Балеа , јас го немам пробано , но една другарка го користи и ми кажува задоволна е. Па пробај баш , а не е скап над 200 денари сигурно не е
Нема воопшто да ти осветли косата. Прво ќе треба да отидеш на фризер да ти ја осветлат па потоа можеш да се исфарбаш со оваа боја