До сега, сум била фарбана во секоја можна боја, освен плава, затоа што сметав дека нема да ми стои. Ама дека сакам да правам промени од досада буквално ставив посветла боја на косава, искрено не мислев дека ке има ефект, ама ми ја осветли некоја нијанса и за чудо се допаднав. Ама после тоа уште неколку пати се исфарбав дома сама, и ми се осветлува косава ептен минимално и затоа више дома не ја горам за малце, чекам да дојде фризерката од одмор да ме исфарба плава, и да завршам со експериментирање.. конечноо..
Имам природно ептен ептен црна коса,досега не сум се фарбала воопшто,а имам желба да бидам плава или кремаста со плави прамени но велат дека тешко ќе ми фати боја мојата коса,бидејки навистина е ептен ептен црна..Вие што мислите :/ ?!
Eпа се офарбав црвена и поубаво ми стои од плава Ми ги истакнува очите и на тенот поубаво ми стои, а и сите ми ја пофалија Фала за советите
И јас како и останатите, сакам промена. Не сум се фарбала до сега, имам темно кафеава коса. Сакам некоја посветла нијанса. Имам исто кафеави очи. Кажете некој предлог Јас на пример сакам вака нешто.. Дали вреди да се проба или пак не? Сепак ми е страв, прв пат е сепак Не знам дали ќе излезе тоа што го барам ..
Купив Сајос фарба за коса - црвена, се знае Ќе ја бланширам косата пак овој пат, решив да станам идеално црвена, не само со црвен отсјај, туку да трештам каде што ќе одам Ќе ви пишам како излегло, и за Сајос фарбите ќе пишам мислење
Пред еден месец се фарбав со Syoss 5-29 Задоволна сум од бојата, само не ми излезе црвена колку што мислев оти претходно бев фарбана со друга боја. Ако претходно се избланширав сигурно ќе добиев одлична црвена боја, ама и вака е добро
ќе те чеша кога веќе редовно се фарбаш па и бланш ставаш уште. Доста ти се 20 минути, види кога ќе почне да ти се осветлува бојата доста ти е за да можеш на тоа да ја ставиш црвената. п.с ми кажа фризерката- најдобра (најинтензивна) црвена фарба е Палете Р15
Оффспиринг дај пиши како ти испадна бојата, и препорачај ми црвена боја, исто и јас ќе се фарбам сега, само ме страв како ќе испадне, да не не биде црвено како што сакам јас... Сакам не премногу светла, но сепак црвена боја, да не биде сампо мн нападна. Чекам твој одговор девојко!
Не ја бојадисувам косата јас се шатирав и сега така ќе ја оставам и можно е дури за матура да се шатирам пак
Аххх колку сакам да ја освежам некако мојава ми коса, колку сум си досадна само да знае некој, ама имам проблем, имам темен тен, она чоколаден, итоа фабрички, од роџење, нема чаре од него, црни очи и црна коса, и ај кажете што да направам.... Несакам некоја драстична промена, нешто што би ме освежило малку од малку некои праменчиња нешто, ама боја... да не бидам плава циганка.... Аххх тешко мене... Постојано си ја шишам косата, ми расте експрес, летово ја шишам до над рамења, до другото лето ми е педа до над задник... ама не е само шишање, сакам и боичево да го освежам.... мислења???
Значи не сум некој нарцис, ама стварно многу ми се допаѓа мојата природна боја на косата, така да не сакам да слушнам ни ''ф'' од фарбање. Само се шатирав сега пред скоро, колку да ми се осветли, да сменам малце и задоволна сум, ама не знам дали пак би се шатирала. Ова беше чисто колку за проба.
Искрено мислам дека на девојките со темен тен им е малку потешко да ја најдат вистинската боја за коса... Поспецифично е. Епа штом имаш темен тен јас не ти препорачувам некоја драстична промена или драстично осветлување на косата, можеш да се офарбаш во некоја чоколадна нијанса, значи темно кафеава ако веќе црната ти здосадила. Може и прамени да си извадиш само, за некоја нисанса посветли од твојата природна боја. Ама никако сама не прави експерименти, оди на фризер таму ќе те средат.
Незнаеш ни колку е тешко, далеку од тоа дека не ми стои или нешто, супер ми е сите ми ја сакаат бојата на коса освен јас, здосадена ми е, несакам фарбање скрос не не, само нешто нијанса посветла од мојата коса некои праменчиња и обавезно на фризер, аууу како што сум со две леви раце кловн ќе се напраам ама ми е страв и на фризер да не ме зафркнат
Девојки имам едно прашање. Моментално сум фарбана со црвена боја меѓутоа сакам да добијам поинтензивно црвена боја. Дали е изводливо да се бланширам па да се фарбам? И каков бланш предлагате, колку процентен за да има помали оштетувања на косата?
Јас се избланширав пред некој ден, т.е. пред 4 дена, и убаво ми фати. Бланш имаш по парфимериите провери си побарај црвен да не ти дадат по грешка обичен и измешај го со 9% хидроген. Деновиве планирам да шлапнам фарба, само уште малку да си ја поносам ептен црвенава боја. Еве како ми излезе.
Се немам фарбано до сега но сакам да се изфарбам плава не за друго туку сакам да сменам нешто ама се мислам не сум баш сигурна не сакам да си ја оштетам косата па изгледа само ќе се шатирам