Јас во мај од темно кафена накај црна правев омбре и ми испадна светла без бланш. Го прашав дечкото што ме правеше која бројка на хидроген користи и дали ме бланшира рече дека не користат повеќе бланш туку некој си осветлувачи, а хидроген 6%.Чудно ми стана колку светла испадна. Прашај на фризер ќе ти кажат најдобро.
Од бринета ја исфрбав косата плава пред 2 години. Сега ми е пола плава пола жолта пола кафеава. Ставам фарба како мојата природна коса( коренот ) по 2 недели ми паѓа целосно и пак сум шарена. Што да правам освен постојано фарбање?
Предпоставувам имаш бланш таму каде што ти е плаво. Колку и да се префарбуваш пак ќе ти се осветлува се додека не ја ошишаш косата каде е бланшот.
дали некој има искуство со балеа спрејот за освелување на косата? Мојата не е фарбана два месеца а претходно се фарбав посветла смеѓа, и сега ми е осватлена но со портокалов сјај. Дали ќе ми осветли сакам како прамени да правам, мн е скапо на фризер
Има некој искуство со колор шампон? Дали паѓа бојата?страв ми е да не ми испадне шарена или да не не ми падне после имам смеѓа коса сакам црна да се правам
Јас се имам правено со колор шампон од палете и паѓа косата и шарена е малце само кај мене не се приметуваше толку .
Бојава Слична нијанса добивам на фризер со осветлување на косата и вадење прамени, но доколку некој би можел да посочи фарба која дава сличен ефект, би било многу убаво
Јас имам бели прамени, долниот дел од косата, под ушите, веќе ми е скоро целосно бел. Ама сам свој мајстор, ги зезнав корените, преплави ми испаднаа Сакам да ги затемнам, ама вака, нејќам кафеави кафеави да ми испаднат.
Во ДМ мислам дека од Експлицит во БЕЛА кутија имаш ваква нијанса - ледено плава, бројчето го заборавив
Ама Рефке, овие се плави бои, јас не сакам плава. Претерав со плавило, па и корените ги поплавев Сакам да ги затемнам ама не накај кафеаво, туку накај смеѓо Па ме интересира дали на dark blonde ќе ми фати воопшто смеѓа боја...
Внимавај бидејќи јас кога имам ставено темно плава нијанса на светло кафеава коса најчесто излегува темно портокалова, за жал Ама веројатно е индивидуално, јас имам црвен пигмент, сепак може за почеток е најдобро да се консултираш со фризер па за понатаму ќе знаеш која нијанса и фарба да ги употребуваш.
Два пати до сега имам сама експериментирано да добијам темно плава боја, ама двата обиди завршија крајно неуспешно Кога ќе ми текне како се шетав со портокалова коса до фризер...размисли убаво пред да купиш фарба, светлите нијанси се многу тешки за добивање во домашни услови. Или доколку се решиш, подобро да биде постепено осветлување со една нијанса посветла од твојата, неколку нијанси посветла е хорор резултат
Се мислам дали на оваа боја да ставам смеѓа (не знам како ќе фати, а и колку ќе ми потемнат прамените), или да ја дооплавам па на следно шатирање да ме направат смеѓа во корени, па да ме шатираат...