Ако имаш темна коса и сакаш дома да ја осветлиш пази бојата да нема жолт/златен подтон затоа што може да излезе портокалова. Исто важи и за плава, никако не бирај жолти или златни плави ако се фарбаш сама. Пробај со некоја темна пепеласто плава, тоа е барем моја препорака
@CameliaMiller, најдобронамерен совет - не експериментирај дома!!!! Особено не со кафени фарби, колку сака нека бидат светли - ќе се шеткаш во тон со новогодишните елки Прашај плавуша паталец која сама дома се затемнуваше
Рефке јас сакав бела да ја правам скроз, се сеќаваш? Сакав ваква До душа уште сакам, ама ми треба време додека толку бела да стане (можеш да приметиш дека прамените ми се скоро такви), бидејќи од темно црвена решив бела да станувам, упорно бланшот сака да си пожолте Врвовите веќе не пожолтуваат и бланшот на мојата коса директно ставен не пожолтува Па затоа сакам убаво да ја оплавам за да можам на крај сепак бела доле да ми биде, а во корени природно смеѓа Инаку да, светла сум, а сите можни бои на коса сум ги имала (цела палета од плава до црна) и посветла повеќе си се бендисувам Инаку надолу не е жолта, ептен е светла, посветла од на сликава што личи:
И ја сакам. Природната боја ми е како на девојката од втората слика. Кое студио е добро во Скопје, а да не наплаќа многу? Сакам да си ја вратам мојата боја, но никако не можам сама.
Сите фарби што почнуваат со 7 можеш се темен лешник или на пр.7.1 тие се мешани бои факаат убаво Субрина професионал 7.2 е многу убава пробај ја...
Купив Субрина 30.3... држ'те среќа Ќе ве информирам за резултатот. Бев на раб да купам една Елеа 7.1 мислам, таа на сликата буквално ја има бојата што ми се свиѓа... ама не ми се ризикува со ништо помало од 8, кај мене веројатно црна ќе испадне
Да, жолтеат. Затоа имам купено виолетов шампон. Башка и Ехотон голубје сиво користам. Надолу каде што ми е шатираното, од сиво станува бело, не жолтее повеќе. Корените не сакам толку бели да ми бидат туку како на сликава од Елеа. Ама пошто корените ми беа фарбани кафеави, немаше шанса да ја осветлам толку. Па мора прво плава убаво да биде, за да ја затемнам на мојата природна коса убаво фаќаат боите. А целиов процес ми е полн зафрканции затоа што 5 години бев црвена
На мокра коса... поарно е од претходно, ама не до крај арно и после пола саат со шампон на глава, не е трагедија, ама не е ни тоа што го сакав. Само... бланшираното ми е сега виолетово... убаво виолетово ... ама ај модерно е така
Јас сум горе доле како тебе во косата,и имам користено ваква фарба.Ми излезе баш како на сликата,и дури и кога ке падне сивото не е грдо жолта.Ама косата многу тешко ми се расчешлуваше.
После толку години пред некој ден повторно се офарбав плава. 100 пати се покајав значи, имам супер природна боја не знам кој гавол ме натера на ова. Се надевам брзо ке ми порасне а до тогаш ке фарбам нешто како природната и ке си се нервирам