Ако сакате да ви фати повеќе бојата треба на ептен мрсна коса да се фарбате.Другарка имаше кафеава и требаше црна да се фарба.Четири дена не ја миеше косата и супер и се фати бојата, така и кажала фризерката кај што се фарбала. Juat saying in case you didn't know that
Здраво девојки, сакам да ја шатирам косата бело/сива (како подолу на сликата). Некоја за совет, да предложи фризерско студио во Скопјево.. и дали воопшто се исплати затоа што претпоставувам дека многу ќе ми се изгори косата а не сакам да ми стане као метла.
Преубава ти е косата и дали знае некој каде можам да ги најдам овие фарби? Се имам фарбано само со Evolution а како што имам видено во DM ги нема rEvolution.
Па не би требало да биде тешко да ја постигнеш тогаш оваа боја. Сепак ти е посветол коренот, не е темен. Друго е бринета да сака да добие ваква нијанса.
Се надевам ќе искочи, затоа и пишав на темава некој да ми предложи добар фризер, прашав во Диор и беа многу скапи, плус девојчето што работеше таму ми кажа дека не знае дали би ми испаднала таква косата не беше до толку стручна па ми даде број од газдата.
Од одма нема шанси толку бела. 2-3 шатирања, и покрај шатирањето, мој совет ти е да купиш виолетов шампон и еднаш месечно прелив со ехотон. Па кога ќе дојде време за наредно шатирање, веќе да ја имаш сама изнијансирано претходната боја Јас од темно црвена за таква да ми стане само доле, ми требаше нешто повеќе од година и упорност многу. Дека ќе се оштети 100% ќе се оштети, со олаплекс ако те прават ќе биде помало оштетувањето. И корените... не знам како би ти ги фарбале секој месец толку бели. Ако идат на опција постојано бланш... јас не би. Вака мојава како омбре е поизводлива, зошто не бара константно обелување на коренот.
Ти благодарам . Ги има во Космо, околу 350 денари се. Јас продолжив да се фарбам со таа на Evolution, ако се осмелам да ја пробам другата ќе пишам искуство бидејќи не можев да најдам многу слики или видеа од неа па не знам како би испаднала.
На мојот скроз бланширан дел моментално имам true blue и мноооогу ме бендиса. Под синото косата ми беше бела/сребрена. Повеќе од 2 недели ја имам, избледува, но уште е интензивна. Јас сум задоволна
Црвена се фарбав со Evolution и многу брзо ми избледе. Сега сакам како твојата дали брзо ти избледува?
Само првиот пат брзо ми избледе ама тогаш и на одмор бев и мислам дека и тоа имаше голема улога. Иначе се фарбам на месец и една недела отприлика, ама претходниов пат не ми беше ни тогаш избледена (сликава од тогаш е) па реков уште малце ќе ја оставам, па тоа малце испадна 2 месеци вкупно, ама искрено ни тогаш не беше многу страшно само деловите со бланш беа покритични. Зависи каква ти е природно косата и дали ти е бланширана. Иначе косата ја мијам на 2 дена, во некои случаи и секој ден.
Здраво сакам ваква боја да се фарбам имам темно кафеава боја се немам фарбано порано освен на некои делови.Дали знаете каде во Скопје може да најдам некој точно вака да ми ја направи и од прилика колку би ме коштело?
Скоро секоја фризерка може, со тоа што нема шанса од едно одење. Бланширање 2-3 пати сигурно, па кога ќе бидеш доволно бела ќе ти стават ваква боја. Само овие бои не стојат долго, за помалку од месец паѓаат па ќе станеш барби
девојки дали некоја од вас има користено од спрејот за осветлување од балеа,имам природно светла коса не сум се фарбала досега па сакам да знам дали ја оштетува косата исто како и фарбата или нешто помалку?
Јас го користев пред некоја година, ми се свиѓа како ми ја осветлуваше мојата коса, но за жал и ја оштетува. Доколку се двоумиш, подобро немој. Од едно ставање сигурно нема да ти ја осветли многу, ќе треба неколку пати да ставаш и мислам дека многу ќе ти ја исуши косата.