Спрејот за осветлување е исто како фарбањето, дури можеби и поштетно. Ќе треба да го користиш повеќе пати на цела коса, а со фарба барем ќе знаеш еднаш и исфарбана си.
Тешко е да се фати боја како на природна плава со фарба...Сепак како што читав сакаш природно плава но таа прелива бело-сива и треба сива фарба да ставиш да за добиеш таков ефект бидејќи останатите нијанси што се на плаво даваат нијанса на жолто или темно портокалово... Јас имам природно плава коса и добро знам дека природната боја е понежна од вештачките бои но згрешив што ја фарбав со нежно плави (жолти) фарби бидејќи лесно ми фаќа но бидејќи природната плава ми прелива како бела и ледено сива и ми дели фарбата кога ќе ми одрасти бидејќи фарбата е дречливо жолта (се познава дека е вештачка боја и дречи) така да ја пробав темно сивата- руса боја на фарба но таа пак многу темно ми фати и сега користам исто така сива фарба од Арома 19ка,која е само за една нијанса посветла од таа темната нијансата и се фарбам по два пати (со растојание околу два дена) и ми фаќа таман бела и нежно сива така што се совпаѓа со коренот кога ќе одрасте Spoiler: ... и вака изгледа и поприродно делува а не жолто а жолтото повеќе дели.... А ти доколку немаш природно руса коса мораш прво да ја бланшираш на фризер бела и потоа да ставиш сива фарба.Ете ти ја препорачувам Арома - темно сива нијанса,доколку сакаш потемна руса и на темен корен потемната руса поубаво фаќа. Другарка ми исто како тебе сакаше да добие ваква нијанса и фризерката и ја препорача токму оваа фарба за коренот кога ќе и одрасте да го фарба со таа нијанса и баш и фаќа добра е фарбата. Но прво мораше бланш па потоа фарби бидејќи таа има црна коса. Ова е нијансата која ја користам јас како природно блондинка и сиво ми фаќа но за тебе потемната,само не го паметам бројчето кое беше но мислам би се снашла бидејќи само една има ледено сива нијанса. Се надевам ти помогнав колку толку но прво обрати се на фризер.
Имам природна смеѓа коса,но е многу здрава,сјајна,мека не ја пеглам никогаш и не ми е оштетена Јас си имам зацртано црна да се фарбам ама сите викаат ќе се зезнеш и дека косата ми била преубава не знам што да правам искрено ми е малку страв
Хм , зашто да ги слушаш другите прави си тебе како ти е желба црна јас се фарбам со години , ако имаш светол тен ќе ти стои многу убаво , е сега јас се фарбав со фарба , но од минатиот месец сменив и почнав со кна , природно е , нема хемикалии внатре плус поздрава е за косата. Твоја е одлуката на крај
Јас ставам ракија,цеден лимон,и јајце секако ќе видиш како одговара густината толку од состојките да додаваш (јајце се става колку пакетчиња кна толку јајца) ова ми е рецепта од на фризер.
Животна желба ќе ми остане да имам темна коса. Али пусто не ми стои зошто имам бел тен. Еднаш се исфарбав темно кафена скоро црна, изгледав како гроб. Моменталната боја ми е нешо темно руса, али сакам да си ја вратам природната - пепеласто смеѓа. Е сеа сама имам експериментирано и никако не се погаѓам, може ли некоја да ми препорача добар проверен фризер, што ќе ми погоди од прилика природна нијанса?
Ова е бојата , купив три пакетчиња , можеби малку ми беа бидејки имам долга коса , сепак одлично ми фати , префектно . Сега сум баш Мортиша Адамс Black color is happy color
И јас ја купив пред некое време кнава и баш завчера ја пробав. И јас ставив 3 пакетчиња (јас па имам коса до рамена и одвај ми стасаа) плус со зовриена вода. Ми имаше пишано друга феминка дека става руски чај , ама не можав да најдам (а и не успеав да отидам до Битпазар таму да прашам) Од кога се исфарбав ми текна дека можев да ставам црн чај , ама бидна веќе. И мене ми се допадна многу како ми излезе бојава , се надевам дека нема да се измива брзо како фарбите
Кна почнав да користам од декември 2017 та година- тогаш ја користев на Lush кната.. сега можам да кажам дека косата не ми паѓа како претходно кога се фарбсв со обични фарби за коса.
Јас имам седи влакна и за да го одложам честото бојадисување на две недели само на коренот пробав да ставам само боја на делови што не се гладаат. Ефектот беше премногу интензивна боја затоа што не е разредена со хидроген. Косата ја заплеткува и ја прави тешка за измивање. За да ставиш на цела коса ќе биде уште полошо. Не ти препорачувам боја без хидроген.