Дали од 7.1 боја лесно би станала плава, ама платинесто па да ја посивувам? Да не испаднам сонце? Значи зборувам од фарбано 7.1 со Еволушн.
Кафеава фарба што покира? Бев портокалова од тогаш два пати се фарбав кафеава еднаш со Subrina Professional, вториот пат сега пред 2 недели со Garnier Olia 5.0 и пак ми осветле накај порокалова.. Јас природна средно до темно кафеава имам.
Ја видов фарбава на попуст во ДМ. Ја има користено некој,нешто ми е сумливо на интернет како да прочитав дека имала бланш внатре а јас бегам кога ке се спомне тој збор поради претходни искуства..
Зошто да не ти стои? Мислам баш темна коса и светли очи даваат убав контраст и впечатливост, бојата на очите доаѓа уште толку до израз. Еве и јас сум со светол тен и светли очи, едно време се фарбав црвена, некоја светла кафена -накај плава и воопшто не ми стоеше убаво, а после сменив на brown black нијанса од лореал и предобро ми излезе и не би се фарбала другачије сега за сега. Се зависи до тебе, но според мене темна нијанса на коса и светла боја на очи и те како иде.
Искрено не сум многу задоволна. Бојата е за нијанса појака од Еволушн 5.22, но приметив дека оваа побрзо избледува и повеќе ми личи на некој си колор шампон. Што е најбитно бојата ми фати само во долниот дел, а во коренот исто како да не сум се фарбала. Еве слика како изгледа бојата, а косата ќе ја сликам утре на дневна светлина и ќе постирам. Спојлер
Еве дека ветив слики. Намерно ги ставив овие бидејќи највеќе се гледа дека коренот не ми е офарбан (пред 10 дена се фарбав). Општо не сум многу задоволна и не би ја користела повторно. rEvolution Magenta е бојата. Спојлер
Сакам од темно кафеава да преминам во црна со сиво-бели прамени. Ќе треба појќе пати да се фарбам, пробала некоја вака? Некоја препорака за добро козметичко студио?
Здраво девојки, сакам да ве прашам дали има некој од вас искуство со спреј за осветлување на коса од ДМ, колку има ефект , колку трае бојата, дали оштетува коса и сл.
И кај мене. Мене и онака ми е светла па воопшто не ми беше лоша нијансата, иако ако ти е многу темна може да мава на портокалово. Ама метла, година ипол си ги носев изгорените врвови додека целосно не ги исеков.
Здраво.Јас одлучив да се фарбам конечно Пишав и порано во темава но не бев сигурна. Сакам да ја добијам оваа боја Може да се добие вакво нешто само со фарба без бланш? Ако да,каква фарба да купам,препораки?Каква боја,каква марка?Прв пат се фарбам плаво.Се имам фарбано црвена и многу брзо и лесно ми фати бојата бидејќи косата ми е тенка и смеѓа.Треба да купам виолетов шампон и препорака за таков,по можност не многу скап? Препорачувајте,предомислувајте ме,само да не испаднам портокалова Се извинувам за спамот но не можам да редактирам,нека го стават модераториве во иста порака со онаа погоре.Еве слика од мојата природна коса,тоа свелото е од блицот,не ми е плава.
Јас уште кога излезе во продажба го користев, биднав во косата портокалова како морковче Сите викаат дека е до пигментот на коса но мислам дека на крај сепак сите добиваат портокалови коси Инаку јас мојата 90% ја оштетив со тоа ми беше сува и како метла џабе шишање на крај од коса до половина ја скратив до раменици така да кас не би ти го препорачала
@The QueenD Мене многу ми се допаѓаше нијансата што ја добив. Јас сум темно кафеава, со 2/3 прскања постепено ми се направи посветла нешто како мед со плавкаст сјај и ептен ми се допаѓаше. Но сепак не сум сигурна дали вреди се тоа бидејќи навистина ќе завршиш со сува коса на која ќе и треба долго време да се врати во нормала, па и плус ризик е дали ќе ја добиеш посакуваната нијанса.
И мене ми беше убава нијансата, ама косата после освен шишање ништо не ја оправа, а од тогаш се фарбам (некогаш редовно, некогаш полуредовно) и никогаш не ми се оштетила косата.
Девојки плс ми треба помош,планирам да се фарбам за 1 месец,одлучив нешто како натурал блек но не сум сигурна ве молам за совет