Земи си Fanola регенератор за коса, има no yellow и no orange варијанта. Малку е скап, шише од околу едно кило мислам, ме чини 1500 денари и го земам од мојата фризерка, но ми трае по минимум две години. Не се нанесува на секое миење, туку само по потреба. Има и шампон и маска, мене маската ми е попрактична.
Со марамчиња за отстранување на шминка (ова ми успева ако нема поминато многу време од фарбањето, конкретно на нивеа тие), со хидроген на памук, а може и со пепел од цигари на влажно памукче и после триеш (ова кај фризерката го дознав, ама не го применувам оти никој не пуши по дома, инаку фнкционира ) а да на фризер исто имам видено специјални такви влажни марамици, сигурно се со некој хидроген, ама не знам дали ги има во продажба по маркетите.
Дали знае некој каде можам да најдам фарба сина, темно сина, магента, виолетова ама интензивни бои? Бидејќи досега имам сретнато само колор шампони или слични на нив, не биле фарби баш..
Во ДМ имаат едни фарби schwarzkopf live, и таа серија претежно има такви бои какви што бараш ама не знам кои ги имаат точно донесено кај нас. Ако можеш ѕирни и во Космо на revolution дали има какви што бараш, ќе прикачам слика да ги видиш.
Не сум задоволна од фарбава,ја замав црната не знам кој број беше ама многу брзо паѓа. @Mishela која нијанса колор шампон користи мајка ти и дали има црн ? @buba4e89 која фарба од Стокомак ја фалеше ти,таа на Арома ?
Не знам не прочитав никаде полутрајна околу 140 ден ја плативсега земав од колор шампонот на Victoria баш ме интресира што ќе излезе А од новиве Рееле во Дм спрејот за покривање го пробал ли некој,видов 220 денари е.
Ќе ве замолам за помош. Каде во Скопје(продавница, дрогерија) можам да најдам фарба во ваква нијанса на Rose gold?
Дали знаете која е цената само за фарбање на долга коса под рамена, во Panache, Hairdo и Hair shop? Со нивни фарби.