Девојки да ве прашам, ги има ли некој користено фарбите на Сајос овие новиве што се.Јас купив црна за мајка ми но пишува таму требало некој алерго тест да се прави 48 часа пред фарбање и исто пишуваше да не се фарба ако кожата на главата е иритирана и оштетена.Мора ли да се прави тој тест , а и мајка ми има првут на главата не многу изразен ама сепак.Да не има некои последици??
Алерго - тест е превентивна мерка за проверка на чуствителноста на кожата на состојките во фарбата и секоја фарба препорачува алерго -тест пред употреба. Јас до сега не сум направила и сум немала никаква несакана реакција при фарбање. Ако до сега е фарбана и немала проблем, нема потреба да го прави.
Не би сакала да започнам уште сега со фарбање, па сакам да прашам дали некој има искуство со колор шампоните? Препорачајте некој добар колор шампон и дали ги има по маркетиве? Ме интересира по колку миења се губи бојата?
Колор шампоните паѓаат со неколку миења. Јас лично не сум користела до сега, ама од искуства на други знам дека е така. Е сега, јас сакам да ти препорачам да пробаш да се офарбаш со фарба без амонијак. Имаш и на Гарниер и на Плаете, јас лично мислам дека од Гарниер се подобри, не ја оштетуваат косата како обичните фарби и за некој месец бојата паѓа
Прашање... Косата ми е во неколку нијанси, ама не вадив прамени или сл, туку од што сум користела повеќе нијанси, некаде сум посветла, некаде потемна. Но, ако се фарбам црна, ќе фати изедначено?
Од поодамна сакам да си ја осветлам косата. Природната боја ми е светло кафеава, костенлива. Сакам да ми биде за нијанса посветла, не ептен плава. Прашав за со колор шампон, ама ми рекоа дека посветла боја од мојава не можам да добијам, само потемна. Е сега слушнав за нешто од Авон, ја осветлувало косата, ама не е фарба, Глис да не се викало, појма немам. Има ли амонијак во него? Ако не со тоа, со што друго можам да ја осветлам? Некоја фарба што ќе ми падне после неколку миења постои ли?
^ Јас мислам дека зависи од влакното, зависи и колку често се фарбаш, а ако менуваш пр. од Палет во Гарниер, и за тоа мислам дека зависи од влакното, мене не ми правеше проблем, но се држев до правилата-фарбање-секои 5-6 недели (само еднаш избрзав и по 4 недели се фарбав пак).
Сега ќе одам на фарбање. Од којзнае кога се мислам, да, не, да, не, не, не, да, да... Ќе видиме што ќе испадне. Уиш ми лак.
Нема врска дека ако се фарбаш со различни фарби е штетно. Еве јас, почнав со палете, па субрина ставав, потоа на гарниер се префрлив, ги имав пробано и бјути на два пати, потоа пак гарниер, па субрина и на крај со палете. Сега си седам само со бланш, не ставив фарба после бланшот а и сега нема кој да ме исфарба А планирам да ставам Сајос, ете ја стои неотпакувана.
Мислам дека нема врска. Да знаеш јас за овие месеци колку фарби сум сменила ехее не се бројат, па косата не ми е воопшто оштетена (фала Богу). Само не се фарбај многу често, на 4 до 6 недели според мене е идеално, ама сепак зависи од влакното, не е исто кај сите. Исто така, ако се фарбаш руса косата повеќе се оштетува, барем јас така мислам.
Епа, после две и пол фарби, многу расчешлување и ептен многу мака, се вратив - ОСВЕТЛЕНА! Да да. Отидов со намера да бидам дип чоклет браун, а сега сум црвенушкаво-светло кафеава. Чудна е мојава коса, чудна е. Не сакав да одберам некоја многу темна, затоа што после многу тешко ќе се вратев во нормала. Одбрав нијанса две потемна од мојата, како испадна да биде посветла - ноу ајдиа. Битно мене ми се бендисува, сега за сега. Дефинитивно има сјај, некако ми прелива. Убаво испадна.
Тој што нема пробано да се фарба поарно ич да не пробува тоа е смао горење на косата ништо друго,јас имав голем кеиф да се исфрбам црвена и се исфарбав ама не цела само долнит дел од косата,и сега кога ќе ја фатам косата што не ми се фарбана и таму каде што сум фарбана влакното е поразлично. Но исто така зависи и до влакното,какво флакно имаш,а исто така и до тоа каква фарба користиш
феминки ајде помогнете...како може од кафеава коса со едно фарбање да ми стане плава али она плаво како на плавушине.Некои ми викаат со бланш ама знам мајка ми ми кажа дека она само ја изгоре косата а и плус и стана жолта а не плава...па дај споделете искуства
Со бланш или бела или жолта. Можеш да се ишатираш со бланш ама само прамени како што се зезнав јас нели и така. А инаку од едно фарбање не може на темна коса да фати плава боја, барем од 2-3 на фризер може и на посветла основа се посветла ќе ти станува. Стрпи се подобро на фризер неколку пати оди фарбај се, бланш не ставај зошто бланшот не трпи боја, каква и да ставиш не ја прифаќа и потемна да ставиш нема да е тоа-тоа пак ќе е светол. Еве мене ми паѓа, го чекам си расте