Така некако Прво измешав Evolution 7.21 со 11.11 и ми испадна нешто вакво со плус сивкасти светли нијанси (веројатно ради 11.11) и по некое време се префарбав само со 7.21 и испадна нешто баш како на Тејлор на сликава. Е сега со миење секако почна да ми паѓа фарбата и пак да ми осветлува косата, ама мислам дека ако уште 2 пати ја исфарбам ќе си се задржи бојата (бидејќи основата ми е стварно светла).
Ај кој знае кај има бои за коса во лилава, сина, зелена... нијанса? Гледав во ДМ во Капитол, имаа, ама пишуваше дека фаќаат на светла боја на коса (руса), а мојата е кафена.
Да ми препорачате фризер кој ид ептен светло плава ќе успее да ми направи потемна без да ми излезе зелена или жолта. Од фризери сегде бев и од никој не сум задоволна
Девојки ми треба помош од вас ова на сликата е мојата коса, сакам да ја затемнам како коренот што ми е. Пробав со силвер шампон прашував тука за препорака ама не помага многу, башка не ми се допаѓа како ми стои бидејќи имам изразито црни веѓи и бел тен. Ме прави чудна некако. Прашањето ми е со која фарба и нијанса можам да ја затемнам, немам многу искуства со фарби.
Се фарбал/нијансирал некој кај Марјан/Мац (фризерско студио Доктор)? Колку зема за фарбање/од фолија?
Дајте ми предлог од Интес фарбата убава светло кафена боја некако не искачаат баш како на сликата од кутијата .
Спојлер: Постапка Со хидроген 9% или 12% ќе го раствориш да биде малку погусто од фарба кога раствараш , нешто слично да ептен густи јогурт исто и ќе внимаваш да нема грутчиња да биде се убави измешано ,а ќе нанесуваш прамен по прамен зависно како и колку ќе бланшираш , не со раце како фарба и така гола косата туку со алуминска фолија убаво ќе го измачкаш со бланш праменот и ќе преклопиш со фолијата , и ќе чекаш 30-40 минути па ќе провериш како фаќа бланшот и кога ќе се осветлат прамените исплакни ги прамените со ладна вода и шампон за третирана коса ќе ставиш на прамените и повторно со ладна вода (ама не да ја топиш главата) ќе се исушиш и ќе се исфарбаш во бојата која ја сакаш
Сепак со бланш ја осветлив и чоколадна ставив. Следен пат лешник. Мислев да се шатирам ама портокалова ќе бев. Ќе одам полека да не останам без коса
Вака , мојата природна боја на коса е темно кафиава накај црна , ми текна со црна кна пред 6 месеци да се офарбам арно ама сега не ја сакам оваа боја , имам долга коса и не сакам да ја горам со блаш за осветлување , што ме советувате ? Сакам некоја промена
Не ми се гледа баш убаво каква боја ти е коренот , гледам дека е некоја темно кафена. Јас кога се фарбав со фарба ги користев фарбите на Гарниер сенсзејшн ,од нив бев премногу задоволна. Еве некои предлози подоле. Само да занеш дека доколку претходно имаш ставано бланшеви итн , на почеток мналку тешко ќе ти фати убаво бојата па ќе треба повеќе пати да се исфарбаш за да ја добиеш саканата боја