Препорачајте ми фризерски салон во Центар или Карпош каде што прават добро омбре . Благодарам однапред.
Имам светла смеѓа, само не знам дали ако прскам само прамени ќе ми фати убаво или ептен ќе ми се исшара само така..
Па за прамени сепак би ти препорачала фризер, иако доста солидно осветлува не очекувај чуда. Или осветли ја цела коса или прскај на краевите ќе изгледа како омбре.
Здраво, дали смеам да измешам гарниер сензатионал 6.0 со гарниер колор натуралс 7.1? До сега се фарбам само со 6.0, но нијансата на 7.1 ми изгледа поубава дали да измешам бидејќи ги купив двете или само со едната?
@Hipster @kravce девојки вас ве означив, ги пробавте ли спрејовите на Лајв? Јас не сум фарбана па ме интересира како фаќаат боја. Вреди ли да се проба или е чиста глупост?
Лилјакова фарба за коса? Е баш ваква, да не е вишна боја накај црвено да оде. Оваа на Палетте ја имате ли видено кај нас?
Бев бланширана плава во октомври 2017 нешто како високо омбре, но испадна тотално згрешен фризер.. Во јануари 2018 се фарбав како мојата природна коса, кафена, кај професионалец.. Дали сега можам повторно да ја бланширам или ќе се оштети многу и ќе завршам со “никаква” коса? Какви се искуствата со олаплекс?
Женски плава сум,сега сакам да ја праам кафена некоја посветла кафена за да можам да се скарам со фарбите да ми порасне мојата боја а да не се приметува бидејки мојата права боја е светло кафена некоја темна плава која би ми ја препорачале да ја купам фарба за да ја добијам таа боја??
Прашање до сите плавуши: дали смеам да додадам малку бланш во плава фарба, конкретно во GARNIER Color Sensational 111 и дали притоа ќе ми се оштети многу косата? Доколку некој има вака правено ве молам да ми кажете. Целта ми е да добијам посветла нијанса, бидејќи се фарбам во плаво со најсветлите фарби веќе 4 години, но природната боја на коса ми е многу темна и одоздола ми фаќа КАФЕАВА БОЈА .
Видов дека една феминка прашала погоре, но не добила одговор па ќе прашам и јас. Да ми препорачате интензивна виолетова фарба како на сликата (може и потемна), но без црвени или розеви тонови туку чиста виолетова.
Јас имам купувано плава боја и во истото паковање имаше бланш за да го мешам со фарбата. Досега секоја, апсолутно секоја „интензивно виолетова“ перманентна фарба ми давала црвеникави или розеникави нијанси. Интензивно виолетова само на светло плава коса и некои семи перманентни фарби, или прелив на наш, али ова кошта и бара постојано одржување на бојата.