И јас помислив на овие, но веќе ја имам користено нијансата магента од истиве фарби и не бев многу задоволна. Добив навистина интензивна боја, но коренот ми воопшто не ми фати и изгледав како да не сум фарбана (имам пишувано некаде низ темиве за ова). Сепак можеби ќе ја пробам и виолетовата, а можеби и сината па ќе видиме што ќе испадне.
Здр девојки, ја фарбав косата пред точно 2 месеци со Trend Up фарба и навистина сум задоволна ,бојата не избледе воопшто,но се разбира ми подрасна во корен многу ,е сега дали да ја фарбам цела повторно или штетно е па само коренот да го исфарбам?
Претходно напишав и добив одговор за тоа дали може да ставам бланш во плава фарба? Но, одговорот беше дека фарбата доаѓа заедно со бланшот и може да се става. Е сега, мене ме интересира дали во фарбата што јакористам вообичаено, GARNIER COLOR SENSATIONAL 111, може да се додаде било кој бланш, од друг производител да речеме. Ве молам да ми помогнете сакам да добијам посветла боја на долните слоеви на косата, кои редовно ми излегуваат кафеави... а од друга страна не сакам да си ја менувам фарбата за коса, преубава ми е...
Ја осветлив косата надоле (некој балајаж), но не го сакав овој топол сјај сега што го имам, како ја мијам, се пожолто-портокалова ми мава, како да го одржувам или средам ова, сакам поладна нијанса? Со silver, purple шампон би успеала??
ќе ти помогне ама не е убаво да се користи често, ја суши косата, оди на фризер нека ти стават прелив да ја освежат косата и го пополнат влакното или ако ме ти се дава пари направи си сама прелив
Нема ни месец од кога ми ја направија, па пожолте за брзо и пак бев да ми ја преправаат... и пак за брзо некако паѓа преливот и мава таков портокалов сјај (пигментот на мојата коса), па мислев да ја одржувам сама со шампонот... Ке пробам, нема често да користам, фала ти
Жени, јас што си направив таман ја осветлив како што треба и купив Гарниер да освежам боја, као.Оваа боја - Знаете каква боја добив- кафена. Ќе , значи. Да ми беше за кафена, немаше да ја бланширам
А позади нијансите како ги покажуваше? Јас еднаш слично се зафркнав, сакав кафена да си ја освежам дека шарена надолу ми беше и испаднав катран црна со црвен сјај И дали бројката на тубата убаво ја провери? И другарка моја која е природно плава, сакаше малку подруга плава нијанса да добие... испадна црна, шок.. многу беше смешна, особено дека природно плава, кога почна да и расте плав корен Најверојатно тубата била погрешна кај неа...
Не , во ред си беше бројчето. Минатата година, исто од Гарниер Колор Сензејшан од темно кафена дојдов црна, паметот не ми дојде и пак купив. Не знам дали имам слика да ти покажам што боја добив, ми се . Јас разбирам 1-2 нијанси различна од кутијата,но од плава - кафена да дојдеш е тоа е нешто невидено. Бланш и фарба, осветлена беше косата пред една недела. Ти, знаеш јас кафена бев, да ми беше за кафена ич не се бланширав. Од што не можев да се гледам најдов на нет природни рецепти за осветлување и вадење на бојата со витамин Ц и еден со пециво. Имаше резултат, но денес одам на корекција на фризер. Читав искуства со фарбава слични на моите. Вакава бев( немам моја слика)-
Има некоја црвена што се фарба тука, да препорача квалитетна фарба? Се фарбав до сега два пати, еднаш со Аура земав, доста темна боја накај виолетова маваше таа не ми се познаваше многу дека сум фарбана, на одмор отидов и бојава ми испадна скроз, сега вториот пат со Палете, ми се погоди нијансата темна црвена баш вишна боја ама метла ми е косава, посува не ми билаА не знам ни колку ќе е трајна бојава...Гарниер имаат убави нијанси ама паѓа одма и тоа црна се фарбав, 3 миења и толку...
@Cosmi @wannaBeMomma Да не ја полниме темата со офф топици, Ве тагирав овде за да рамениме искуства. Јас се фарбам со EXPLICIT Се продава заедно со хидроген. Од неа ни е сосема ОК. Но минатиот месец после одмор решив да се средам а само Веро беше отворено па купив Субрина фарба. Мислам дека на темето оган ми гореше. Страшно.
Ја немам. Бев портокалова па не знам со кој памет лупнав темна кафена. И сега сакам да ја вратам мојата, оваа ме праи постара и пооштра. Едноставно не сум јас. А мојата е светла кафеава, неутеална, сивкаста. И балејаж имав. Ќе одам на фризер да ме вратат у нормала така да толку од дома фарбање