Сакам сама да правам дома омбре или прамени да експериментирам нешто како балајаж, ама не знам каква боја да земам, каков хидроген и што уште треба помош ....
Дали најде ваква боја? Дечки јас многу сакам да експериментирам така да сакам да си ја направам косата нешто како platinum blonde. Ако некој се разбира нека ми даде идеја што да правам од кога ќе се избланширам
Освен таа на Revolution (rich purple) не најдов друга, но ни таа не знам како би испаднала над мојава боја, но ако не најдам друга можно е да ја испробам или сепак ќе продолжам да ја користам истата како до сега (Evolution 5.22). Во секој случај ако најдам или ако испробам некоја нова ќе пишам мислење.
Сакам да прашам колку зимаат по фризерниците да те офарбаат убаво плава (со бланш). Дали како нормално фарбање или не. Јас сакам да се офарбам плава а имам кафена коса.
Бланш е силно средство за осветлување на косата, а не е боја. На осветлена коса се става бојата што си ја избрала, што значи дека има две постапки, осветлување и бојадисување. Цените се различни. Најдобро да разговараш со твојата фризерка. Можеби ќе ти даде совет како до посакуваната боја, а да не ја уништиш косата со бланш.
Знам дека бланшот оштетува но како би се офарбала од кафена во плава без бланш? Воопшто не би фатило.
Само со бланш, друга опција немаш. Јас се бланширав скоро и косата не е многу оштетена. После бланшот ќе си користиш третмани, маски и слични препарати за коса. Не е страшно толку да ставиш бланш на коса.
А дали знаеш колку зимаат на фризер да те избланшираат и офарбаат? Мислам дека не е истата цена како само фарбање. Или сепак зависи од должината на косата?
Секоја коса различно реагира на бланш,но мене бланшот ми ја изгоре,морав доста да ја скратам,така да не препорачувам бланш,доколку не сакате да ви се оштети косата.
И јас немам баш добро искуство со бланшот и тоа само на некои прамени имав. Пред година дена ги имав и косата уште не ми е целосно опоравена и тие прамени ми се видно оштетени. Знам и луѓе што ја бланшираат па повторно колку-толку им изгледа здрава косата. Сепак до некаде е ризик, јас лично никогаш повеќе не би ставила бланш.
Знаеш душо и јас тоа се прашувам ... Имам темно кафиава скоро црна (се фарбав со кна пред 8 месеци и ми падна фарбата , сега ми е природната ,темна кафиава кон црна со црвенкасти пигмент) Е сега ако јас си одлучам да ја оставам мојата природна боја дали значи дека не сум во ин ? Зошто некои гледаат на косата како на парче облека што го менуваме секој ден а не како на нешто природно ? Црното е секогаш во ин , но зошто тоа не важи и за косата ? Ако се решам да ја осветлам мојата темна коса , додека ја осветлам ке ми стане пепел изгорена ...
@Justicija јас не мислев ништо лошо ниту викам дека не е ин напротив баш сакам темна коса и би сакала јас да имам природно темна,но имам смеѓа Сите што ги прашав ми рекоа не се фарбај не е убаво црна,ко метла ќе ти стане,не е модерно се носеле демек природни коси и плус Сергеј што го слушав затоа
Не не , поентата ми беше за тоа што велат дека црната коса не е во ин а не лично тебе да те нападнам И мене ме советуваат да ја осветлам , но со ова тенко влакно што го имам , сепак ке си ја изберам природната боја
Здраво девојки. Додека бев средно се фарбав еднаш не ни памтам што марка на фарба беше но после некое време кога почна да паѓа бојата врвовите на косата ми беа црвени. Има поминато околу 5-6 години од тогаш и сакам да се фарбам но страв ми е пак да не биде после тоа исто. Имам смеѓа боја на косата би сакала малку само да ја осветлам со сајос фарба. Некои искуства ?!