Пробај да се замислиш себеси со црна коса.Напрај си визуализација 4-5 минути. Потоа седни и размисли си дали ќе се чувствуваш подобро со црна боја на коса. Јас вака направив пред неколку години кога се мислев дали ќе ми стои црвена боја на косата. И еве,неколку години косата ми е црвена(разни нијанси).И позадоволна сум од изгледот на мојата коса.
Дали некоја знае каде може да најдам од шампонот сив, како прелив што е и која цена од прилика е? Тенкс
Мислам дека пак црна ќе биди,освен на корените ако ти е посветла таму црвен сјај ќе има.Години бев со црна коса,што и да ставев црното доминираше,тешко друга боја врз црното да се познава.
Девојки, кај ќе ми препорачате да ја фарбам косата во светло кафеава, инаку природно ми е темна накај црна. Ја осветлив доста ама сакам да одам кај професионалец и да не и штетам на косата од тоа што се фарбам сама. И дали таму би ми ги осветлиле веѓите зашто црни ми се и сакам да ми се посветли, посиви. Верувале или не, какво моливче да ставам не одговара Инаку @danichap спрејовите само ако имаш ептен светла коса, не фаќаат на темна воопшто.
@buba4e89 Јас се исфарбав во саботата и убава ми излезе бојата сега за трајност ќе видиме понатаму дали ќе избледува бојата
Во неделата ја измив косата и напрскав од тој спреј што е за поткарок..сега сакам да ја фарбам, треба да ја измијам или да фарбам одма, се мислам да не не ми фати кај што прскав спреј?
Дечки се фарбав 2 пати до сега ( на 2 месеци) плава боја со фарба TrendUp и хидроген 9 % (целосно ја фарбав 2 пати ). Но, сега не сакам да ја горам и мислам дека е доволно само коренот да го исфарбам.Колку % хидроген да земам?
Би требало мислам да фати но ако не изми ја па исфарбај се и немој повеќе да се фарбаш со спреј бидејќи многу е штетен и многу ја уништува косата
Ја измив, утре задутре ќе се фарбам, не ми се ризикуваше да се фарбам така..а спреј прв пат сега пробувам, тој секако не е за секојдневие туку за итни случаеви..пример мораш не планирано да излегуваш а не си фарбана па да заврши работа..јас барем затоа го зедов
Здрво девојки, Сакам да фарбам од темно кафева во плава.Па сакав да прашам дали отпрлика знарте колку чини фарбањето за срена коса
Црна тегет мене многу ми се допадна , еве веќе 2 недели како сум фарбана бојата не е избледена а со попуст мн евтино ја земав , 99 денари