Пред отприлика една година се исфарбав црна, но сега ми е многу избледена и дојде како мојата природна темно кафена.Сакам да ја фарбам смеѓа медова, ама да не оди на портокалово препорачајте ми фарба. Исто се плашам дека бојата повеќе ќе фати на коренот и ќе биде посветло.
Бев црвена цело лето со тоа што на горниот дел од косата фати повеќе а долниот дел беше црвенкаст ама темен. Сега ја осветлував со плава фарба и долниот дел осветле а горе сум уште црвена. Што би можела да направам за да ја тргнам комплетно црвената боја?
Здр, едно прашање. Која е разликата помеѓу нијансирање, сомбре и бајалаж,а за омбре знам дека е фарбање на долниот дел од косата со некоја боја што треба да е 2 пати посветла од природата. Јас имам кафеава коса и никогаш за 18 години се немам фарбано. Целата коса ми е оштетена и искината и би сaкала да ја средам затоа што ми е многу за нигде. Што и да одлучам да направам на косата нема да користам плава боја , исклучиво кафеава да биде. Помош!
Дали ви се допаѓа косата на сликата? Во среда закажав за на фризер и сакам вака да ја правам.Мојата коса е црна, па мислам дека ќе ми стои.За да не ја осеќам косата груба и оштетена ќе ја скратам малце после третманот.
Да, пробај убава е бојава. Само ќе треба малку почесто да се фарбаш за кога ќе се измиваш да не ти доаѓа портокаловото, после кога ќе легне бојата ќе намалиш фарбање. Пробај па пушти ни слика во соодветна тема.
Некоја што е вака фарбана? ми се допадна бојата па ве молам пишете ми какви фарби користете за да ја добиете оваа боја, имам светла коса и ќе ми фати бојата, и мислење за малце бланш во фарба заа да не ми пожолтува?
здраво, бев на фризер и ми ја шатираа косата во балајаж техника, па може ли да ми дадете совет и да ми кажете шампон за коса за бланширана коса, за да ја одржам, да не ми стане ко слама и да си остане густа каква што е
Конечно ја пробав виолетовата на рЕволушн, па да пишам впечатоци бидејќи неколку феминки ме замолија да пишам ако ја пробам. Искрено иако немав некое многу добро искуство со нијансата магента од истата марка, од оваа имав поголеми очекувања ама ни оваа не се покажа многу добро, можеби и полошо од магентата (од неа барем добив поинтензивна розева нијанса). Косата ја немав фарбано два месеци со намера да ми избледи бојата посебно бланшираните делови за да ми фати што е можно повеќе, но не ми испадна ни приближно како бојата која што беше, но барем ми фати рамномерно освен коренот што секако ми остана во природната боја бидејќи ова е како џинс колор и не фаќа на темна коса. Ова е сликано на двевна светлина, но не е толку интензивна бојата во живо, а на вештачко светло изгледа како да не сум фарбана. Заборавив да ја сликам бојата како изгледаше, но ми текна да ја сликам ракавицата па ќе ставам слика во спојлер и од тоа да видите како "би требало" да испадне. Спојлер: Боја
Типично за виолетовата фарба. Значи ако сакаме права виолетова, само бланширање и прелив му е мајката.
Јас сум природна црвенокоса, а сега сум фабрана виолетова и добро стои ко за прво фарбање во домашни услови
Дали на фризер би можело да ми ја направат вака косата ако сега ми е темно кафена (како коренот на девојкава)
Еве отприлика како изгледа разликата. Инаку ако сакаш да ја средиш првин престани да ја третираш со пегла фигаро и фен, купи си шампон без силикони и други штетни додатоци и ако ја фарбаш обавезно фарба без амонијак.
Најсветло плава боја на коса после колку фарбања може да се затемни? Ставив медова ама само за нијанса е потемна после фарбањето.
Каква ти е основата? Јас ова го изведувам врз бланширана коса (шатирана со години), Ехотон голубје сиво мешано со пепеласто сиво, растварам едно шишенце во две лажици суперни маска за коса, нанесувам како фарба исто, чекам пола саат и нормално мијам коса. Неколку недели трае, нормално, полека се губи сивото и по на сребрено оди. Баш сега пишував за тонери и сл. сега планирам да си нарачам семи - перманент боја од Револушн
Епа мене никогаш не ми е фарбана ни шатирана ни ништо. Доста светла ми е, смеѓа, но значи морам прво да се бланширам за да фати сива?
Обиди се со семи перманент боиве. Нема шанса со тонер само вака сива да ти биде. Со колор шампон сива сигурно нема да ти испадне. Со Ехотонот на ептен светла смеѓа можеби. Генерално, сива најубаво испаѓа на бланш.
Дали некој ги има користено фарбиве и како ви фатиле? (Другаркава што сака да се фарба има прилично темно кафеава коса, а сака да има исто така кафеава само со некој црвенкаст отсјај) Или ако сте испробале нешто слично да ми препорачате.