Мене од фарбиве ми паѓаше многу косата, а и бојата не ми фаќаше убаво, бели не покриваше ич. Јас од Еволушн бев задоволна на времето и сега од Сајос. А имаат избор на нијанси и бои.
Знаеш ли каде може ваква или слична да направат? @BelieberYeahh убава ти е косата иако бојата не ми личи на виолетова повеќе како црно вино нијансата е. Претходно каква боја имаше што не фати виолетово?
Виолетовава фарба скоро па ич и не ми фати, бланшираниве делови ми побледеа сега уште повеќе, а пред 2 недели се фарбав. Бојата и претходно ми беше таква нијанса само малце потемна, па со тек на време ми се побледува и ја фарбам отптилика на месец ипол, но овој пат ја чував 2 за да ми се осветли повеќе за да ми фати барем виолетова нијанса ама ништо од тоа. И само да напоменам дека косава на сликава дури и поубава е испадната отколку во живо, одвај чекам барем 2 недели уште да поминат па да си се офарбам пак и да не шетам избледена во косава.
Ја фарбав косата во понеделник,но не ми излезе баш добра бојата,морам итно да се префарбам.Колку време треба да почекам за да се префарбам зошто неможе после 2-3дена веднаш?
Сакам да прашам бидејќи коренот ми е доста нараснат и сега ако земам најсветла фарба и со 9% хидроген дали ќе биде попокривно отколку со 6% Ми е страв со 6% дека ќе остани како жолт
Каква нијанса на фарба ќе ставиш? За плава нијанса , да знаеш дека колку по јак хидроген ставиш толку по-жолта ќе ти фати фарбата.
Ash blonde..само коренот ми е проблематичен и за него мислев појак хидроген за да осветли дек веќе црн ми е А надолу изедначена ми е плава цела
Ако ти е коренот црн , само на коренот освен што мораш да ставиш 12% хидорген мораш и бланш малку да додадеш. Држи ја така смесата и кога ќе осветли доволно измиј се
Колку ви зимаат за фарбање по фризерскиве салони? Чисто информативно ме интересира дека јас на едно место кајшто прашав ми кажаа од 750-1000 зависно од фарбата
Во Диор со твоја фарба е 400,со нивна Ревлон 550.Во еден друг салон во центар прашав исто со моја фарба 400,прескапо ми е тоа. Во Авангард одев долго време,они само со Кене работат 800 денари беше само корен.
Ве молам за мислење и совет! Сакам да се фарбам некоја црвенкаста, рубин нијанса. Да ми предложите фарба без амонијак квалитетна, ќе се фарбам дома не на фризер. Не ми е фарбана сега, природна ми е. Гледав односно читав за L'Oreal и на Syos, па некако накај нив типувам. Ако не најдам убава рубин нијанса, би се фарбала и смеѓа, медова. Морам малку да ја подосветлам, веќе белите владеат по главава.
Моја препорака е Лореал. Сајос не ги покрива седите убаво и има голема разлика после фарбање со едната и другата. Со Сајос станува некако покрута и безживотна. А и бојата на Лореал е далеку поинтензивна и побогата. Такво е моето искуство за конкретнава нијанса.
Феминки, дали некој се фарбал со оваа нијанса од Evolution? Споделете искуства (моментално имам плава коса)