Девојки ај предложете ми некој добар фризер, сакам да се фарбам ама од темно кафена сакам да одам на светло кафена, дома сама не се осмелувам кој знае како ќе ми испадне
Каде може да ја најдам фарбава? Прашав во Зегин, ја немаа. Во еден голем супермаркет исто ја барав, ја немаше. Итно ми е, денес сакам да се офарбам а не знам кај да ја барам.
Јас оваа постојано ја гледам во Веро, а и низ локалните аптеки и мали парфимерии што се снабдени со фарби. Ја памтам зашто девојката е многу убава на сликата. Инаку бојата фаќа многу силно, т.е. е многу црвена и со висок сјај. Ако бараш таква нијанса, апла ријановска нема да зажалиш со оваа фарба.
Луге мислам дека од црвена не може веднаш да излезе црвена боја на косата или се лажам?Знам дека освен со деколорант се вади црната боја ама ми е страв зошто и тоа ја гори косата а и кога ке ставам фарба ке ми биде како метла и онака веке доволно оштетената коса. Сепак да си прашам пак дали можам некако да добијам црвена боја на косата веднаш?
Фала ти Трендафилке, ја најдов фарбата во Верото во Аеродром, ја барав баш таа зошто ми се свиѓаше како ти излегла тебе, скроз Ријановски.Арно ама мене не ми фати така, скоро да ми е иста како претходно, темна црвена. Или може денски ќе биде подобро, не знам. Во моментов не сум задоволна, ај што не се погоди туку и многу сува ми ја направи косава
На некои од плавиве фарби стои позади на пр. "Не се препорачува за темна коса" кај што има сликички за тоа како ќе излезе на одредена боја на коса. Што ако јас сепак ја ставам? Има некој пробано и покрај тоа што не е препорачана за неговата боја?
Да точно, не е преорачана затоа што ако имаш темна коса, ризикуваш да добиеш некоја нијанса на портокалова боја, или па да не ти фати воопшто. Во секој случај, ако сакаш да ја осветлиш косата никако немој сама, оди на фризер и таму ќе те средат. Осветлувањето се прави постепено и потребно е да помине некое време за да го добиеш посакуваниот резултат.
Јас сум природно темна ама извесно време и се фарбам со гарниер 8.1 која е всушност плава боја и со таа директно добив доста осветлување на косава (доста светло кафена со малку црвен сјај заради пигментот) ама сепак сакам да сменам на посветло, а сите посветли нијанси имаат препорака да не се ставаат на темна коса. Е сега дали тоа важи за природната боја или за фарбаната не знам.. Ако се однесува на фарбаната тогаш доволно е светла за да спаѓа во тој ранг на бои што се препорачани.
:up: За Сајос фарбите. Јас сум презадоволна, која сака нека ги проба, ми излезе убава изразита темно црвена боја.
А и јас денес ја исфарбав косата во црвено и ставав бланш.Мегутоа ми кажаа да не ја пеглам заради бланшот.Колку има вистина во ова?Дали знае некој?
Бланшот ја гори косата многу. Не ја пеглај некое време, управи ја малку сега со маски за бојадисана коса и не ставај редовно бланш кога ќе се фарбаш, ќе ти падне целата коса.
Ајде и јас нешто да прашам. Се фарбам сигурно добри 10-15 год. и прв пат ми се случува да не ми фати фарбата Џабе се фарбав Со оглед на тоа дека се фарбав со 9% хидроген ме интересира кога може пак да се префарбам за да не ја изгорам косава. Во добра состојба ми е, не е изгорена ниту расцветана, ама на 17 септ. сум на свадба и сакам да знам дали смеам да се фарбам пак (морам) срамота да се шетам со два прста корен
Исфарбај се без проблем, само после тоа, засилено негувај ја. Особено зашто си блондинка. Со што се фарбаше?
Со Палете 9,5 и се зафркнав квалитетно...а инаку си се фарбам со Гарниер 9.1. Мерлинке кажувај со што да ја негувам, со ампули, со маска, со што