Subrina professional , розева туба е по фризерници ја има.. Бр 8/45 или 10/45 види ги нијансите на гугл, како и да е ако најдеш фризерница што ги има ке ти каже фризерот со која нијанса и колку % хидроген
Јас мислам бидејќи имаш светли очи и плус светол тен, најдобро да не експериментираш зошто ако не испадне добро ќе ти биде криво , а вадењето на црна боја е најтешко
Женски, имам костенлива коса. До сега се немам фарбано, но сакам со колор шампон да сменам малку борда да ми биди. Искуство некое? Да не излезам портокалива
Имаш доста комерцијални фарби на пазарот без амонијак, тие не оштетуваат (или оштетуваат помалку од останатите). Само внимавај ако имаш седи влакна бидејќи не се многу покривни. Јас лично користам фарба за коса Essensity од Schwarzkopf од која сум презадоволна бидејќи пред да почнам да се фарбам косата ми беше безживотна и тенка, со еден збор катастрофална. Откако почнав да се фарбам косата ми доби и живот и сјај а апсолутно не оштетува.
Луѓе помагајте.Вака сеа, природната коса ми е светла костенлива и си опнав плава фарба на Аура (explicit) ultra light.Коренот ми е порокалово жолт , а надолу ми е океј бојата.Сега сакам да ставам некоја фарба само на коренот, или колор шампон слична на мојата природна боја.Ми треба многу итно секој одговор е добродојден.
Срцка вака за се има решение , утре најдобро појди на фризер ќе ти ја средат косата ќе ти ја направат балајаж нешто . Не експериментирај повеќе сама бидејќи доволно ја имаш оштетено косата, таму најдобро ќе ти кажат. А иначе тоаи портокаловото после неколку миења ќе ти падне, од искуство. Или веќе ако не можеш да одиш на фризер земи неколку нијанси потемна од плавата , нека ти ја средат дома
Дали да се фарбам повторно или не?Лани се фарбав 3-4 пати со различни бои,пробував се што гледав на нет и по маркети од страна на бои И ми се уништи многу косата...Но сега имам пак желба и сакам да ја правам косата со бланш и не знам што да правам хелп
Не прави ја до бланш, ако веќе толку сакаш промена пробај со фарбине што не ја оштетуваат многу косата. Фарба како фарба, бојата ќе испадне, а бланшот нема
Ја нема во комерцијална продажба во македонија. Јас ја порачувам од странски сајт, ама знам и фризерски салони низ Скопје кои работат со овие фарби т.е сите што работат со Schwarzkopf би требало да ги имаат.
Женски мојата коса е фарбана кафеава.Сакам да ја направам плава,отидов кај фризерка да прашам ми вика,ако ти е фарбана не може нема да ти испадне плаваИма ли чаре некој шампон да ја испере бојата од фарба или нешто друго?
Ти благодарам многу.Дали би можела да ми препорачаш некој добар фризер?Најдов деколор Colour b4 ,дали некоја користела ?