Има во Зегин секогаш од фарбите, а и во ДМ ги наоѓам, таму дури и поголем избор на нијанси имаат секогаш.
Дали некоја знае добар салон во Скопје, кои си ја знаат работата,особено за техники како balayage, ombre? Да не ме утнат, затоа што прв пат ќе правам.
Мене од помалку познативе ми се допаѓаат КА ЕЛ во Кисела вода, на фејсбук можеш да ги најдеш како Фризерско Ка Ел, мене ми правеа драстична трансформација и ризична и супер излезе, и со цените се понормални.
Дечки сакам да се фарбам кафеаво со нијанса портокалово. Моментално ми е светло кафеава осветлена. Се двоумам меѓу Дарон, Хеирхаус и Даниел Лиска студио. Препорака ?
Девојки, жени. Се фарбам десетина години, косата веќе ми белее. Истовремено е исушена од фарбањето во должина, а ми се чини и дека е поретка од што беше претходно. Ќе треба да се фарбам, па ако имате искуство да споделите совет која варијанта би била помалку штетна. - Да фарбам само корен? - Да одам да ми напраат балајаж или како се вика, да добиjам некоја варијанта Salt n` pepper, без корен да фарбам? Возможно ли е такво нешто воопшто? Ако ми прават третман со олаплекс, ќе помогне ли тоа да не ми изгори косата во должина, по стоти пат фарбање?
Ова и мене ме интересира, ако пробаш да ми кажеш дали е возможно. Барам решение за тој проблем и јас. Оти ми е здосадено, повеќе од 10 години се фарбам, во последните 4-5 години на секои 2-3 недели, дека косата многу брзо ми расте. Најчесто фарбам само корен, на периоди користев фарба без амонијак не забележав некоја промена исктерно. Косата не ми е толку оштетена и покрај фактот што ја горам дополнително со пегла еднаш до двапати неделно . Ама ја шишам редовно и користам регенератори/ маски и млека за коса и ја мијам барем 3 пати неделно.
Мојата е 80% бела , Црна се фарбам . Коренот го фарбам буквално секоја недела , на 2-3 месеци ја фарбам цела. Вака терам последните 6-7 год. Воопшто не ми е изгорена . Ставам многу домашни маски , купечки, мислам добро ја негувам. Само не знам до кога ќе терам вака. Мислам дека е редно време да почнам да ја осветлувам. А како ќе биде ,немам поима . Мојата и природно беше баш црна. Сега ми е бела
Цела ми е побелена 100%,поради тоа ја шатирав,џабе,делеше кога белото ке подрасни,подиви по крути се белите влакна.Па потоа ја обелев цела,со бланш.Сиво бела,само што мене не ми стоеше,буквално како 80 и кусур год бев.@Biljarkata ако ти стои убаво бојата само корен фарбај редовно,знам дека е досадно,цела како што вели Бубче на неколку месеци.Ова од искуство го велам,ако примениле нешто останати феминки и јас би сакала совет
И јас се шатирав ради бели влакна, ама ептен се познаваат кога ке порасне корен. И јас ссга сакам шатираново со некоја медова фарба да го покријам, ама не е возможно. Што и да стаиш на бланш со 2 миења паѓа
Имам едно прашање Моментално ми е цела плава косата арно ама многу ми е како жолта и сега се мислам да ја подзатемнам односно да ставам некој посмирен тон и конкретно се мислев за нешто вака Е сега прашањето ми е дали жолтилото ќе се покрие или ипак и за затемнување треба да си одам на фризер? Дали некоја имала ваква ситуација и како ви испаднало?
Девојки, совет ја урнав фарбата, користам Еволушн, наместо 8 се исфарбав со 7 и сега ми е темна, многу потемна од шо сакав дали да пробам некако со колор шампон да ја осветлам или е штетно? Стварно не можам да се поднесам со олку темна, не сум навикната ич
Искуство со оваа боја? Имам смеѓа накај плава коса но со жолт сјај и сакав да го тргнам тоа жолтито, па ја купив оваа фарба. Во каталогот ја немаше оваа и не знам како излегува и дали е наменета само за фарбање на седа коса.