Pallette љиљаковата. Три недели траеше бојата. Сите други што сум ги користела само две недели траеја. Вчера се фарбав со Арома, па ќе видам колку ќе издржи. Мис меџик еднаш ја пробав и никогаш повеќе. Цела коса ми пожолте. За една недела пак се префарбав.
Девојки, ја осветлив косата со фарба и 12% хидроген, доста осветли но оди накај портокалово, што да направам за да стигнам до оваа боја, со неколку пати префарбување секако, без бланш.
Луѓе помагајте . Бојата ми ја утнаа Бев црвенокоса. Не се фарбав неколку месеци за да ја фарбам сеа. Требаше да испадне костенлива или некоја нијанса на смеѓа боја. Што ќе ја долови мојата природна. НО испадна една нијанса посветла од црната. Црна со малку кафеаво. Не знам Како да ја оправам? Тој рече ќе осветлела со миење. Не верувам. Ко вампир сум. Бел тен, црна коса Помагајте
Офарбај се со потемна фарба. Ама стави 2 фарби. Јас така направив откако косата ми пожолте. Кај тебе обратно. Офарбај се со посветла боја.
Никогаш не сум загледнувала боја на коса, онака, не се ни вртам и затоа појма си немам Сега сакам да ја исфарбам мојата кафеава во некоја посветла нијанса. Можда медова боја Или боја на карамела. Има ли некој кој ја добил бојата и со која фарба ?
Јас имам природно темно кафена коса и ја офарбав со овие 2 фарби измешани со 12 % хидроген (оној течниот, не млечен) и добив медова боја скоро плава сега планирам да се префарбам пак. Се фарбав сама и сум задоволна.
Има ли некој што од Црна ја сменил бојата во плава,омбре Може ли од први,втори пат да се добие посакуваната боја? многу ли се оштетува косата бидејки ја имам фарбано црна но сега сакам плаво да ја осветлам ептен
Јас се имам фарбано од црна во плава, морав два пати да ја избланширам за да добијам некоја златна боја со портокалови примеси за кои ми требаше цела година да ги извадам. Најголемиот проблем ми беше што косата многу ми се искина, од половина ја ишишав до рамења за демек да ја израмнам ама џабе, секое миење ми се кинеше. Престанав да ја пеглам зошто тоа дополнително правеше проблем и полека со правилна нега, масла, маски, чуда, за година дена ми се опорави. После тоа уште неколку пати ја исфарбав за да го изгуби тој златен/портокалов сјај и пак ми беше слаба, се кинеше ама далеку подобра од деновите после бланшот. Сега веќе 5 години сум плава и моментално косата ми изгледа супер, знае да биде малку сува и безживотна на периоди ама сепак генерално изгледа добро. Е сега, рачунај дека секоја коса различно реагира на производите, плус зависи од пигментот. Познавам луѓе на кои бланшот никаква посебна штета не им направил. Јас би ти рекла go for it, и мене ме разубедуваа дека многу ќе ми се оштетела ама знаев дека ќе ја опраам со време најди некој квалитетен фризер, сега има многу подобри бланшови од пред 5 години, и мислам дека нема да поминеш со којзнае колкаво оштетување
Јас, веќе по стоти пат истото го правам црна па светла и цело време така. Види во слики од вашата коса јас ја направив со два пати. Дома сама.
Има ли некој искуство со еволушан 11.20? Косата ми е плава ја фарбам 10год, ама на 5 месеци ја фарбам цела,иначе само корен,и сега сакав еволушан 10.21, но немаше и ја земав 11.20 со 9% хидроген, да не испаѓа темна? Прв пат ја купувам оваа фарба ја начeкав на попуст
Јас ја имам фарбано со еволушан 11.11 и прво убаво ми испаѓаше и мене а и на мајка ми, ама почна коренот жолт и со фризеркава муабет заправивме ми рече дека нешто не биле добри ви последно време. Сега само гарниер 111 користам и фала богу немам никакви жолто портолалеви нијанси.
И јас ја користам истата, ама сеа сакам малце на розе да ми испадне, и ја земав, сега ми е страв да ја ставам, несакам да ми излезе сива :/ еве ми ја сега косата,ако некој ја има ставено на слична боја како мојава нека пише
Здраво . Веќе 6 години се фарбам плаво, последни две со еволушн 11.11 и многу убава сива боја имав. Меѓутоа кога бев бремена и сега кога дојам фарбата воопшто не ми фаќа убаво. Не е ни жолто туку накај портокалово/кафеаво нешто безвезе боја. Како пак да ја осветлам и да ја направам сива. Има ли некој начин? Колор шампон некој дали ќе фати? Фарба некоја да препорачате
Ако не ти фаќа и после неколку фарбања, ќе мора жолтиот дел прво да го избланшираш, а после да се изнијансира со прелив или фарба. Пробај прво со две-три фарбања, би требало да се осветли.
Не фаќа, секогаш иста боја испаѓа. Последниот пат кога се фарбав кожата ми изгоре и пак исто фати ако ставам бланш ептен ќе си ја унакажам главата . Менував и фарби и не знам веќе што да пробам