Ајде ве молам некој да пише како се користи ехотон,? Знам на миена коса , но колку време треба стои и после дали се измива? Го земав тој бисерно сив што е? и дали се меша со нешто или директно само него?
Мојата коса е црна, еднаш пробав со тоа, цела перница црна, со раце ако се допреш во коса исто, а не дај боже па дожд да те фати... Никогаш повеќе не го употребив спрејот
Девојки дали постои некој прелив за коса што би ми дал црвен сјај, јас се фарбам црна со години но сакам мала промена па мислев нешто така ако постои да ми кажете каде и колку време стои, дали кога ќе сакам да го тргнам ке можам.
Слободно,додека се фарбав црна само 3% хидроѓен користев,ем не се оштетува косата многу ем убаво си фаќа бојата
Еднаш на две недели корен,а кога веќе ќе подизбледи бојата и на цела.Кога мене ми ѓи покриваше белите на корен значи дека бојата со 3% хидроѓен покрива без проблем и убава е,патем ставав сино-црна,баш така и ми излегуваше.
Kazete dobra farba sto ima ubavi medovi nijansi i dali bi dobila ubava medova nijansa na mojata prirodna boja
Девојки имам плава коса и само се шатирам со бланш ама сакам да пробам некој прелив, од каде да купам и колку чинат ? Ако може и слика.
@Pretty Woman мислам дека прелив можеш и дома да си подготвиш со фарбата што се фарбаш. Фарба плус хидроген 3% се држи на мокра коса околу 15минути. Е сега соодносот не го знам , ако некоја знае може да пише. А преливи дали се продаваат некаде не знам , ете и јас би сакала да знам
Пробај со Keune или Evolution, ама избери посветла за да ја добиеш таа што ја очекуваш, обично прво фарбање на природна коса потемно фаќа.
Јас се фарбам со домашен прелив. Мене косата ми е до раменици и ставам половина фарба, малку шампон и во чашче од ракија растворам 6% хидроген 1/3 и остатокот вода. Оваа смеса се нанесува како шампон на мокра коса. Јас ја држам 20 минути. Да напоменам дека јас имам прамени со бланш и ми фаќа многу убаво и трае 2 недели. На небланширана коса не знам како би излегло.
Јас имам кафеава коса, светло кафеава. Досадна ми е веќе ваква навистина и сакам да се офарбам во светла боја. Се мислам плавуша да биднувам или сакам бејби пинк да пробам. Навистина сакам да пробам. Но проблемот е дека изгледа ќе морам со бланш како и да се вика тоа. Тоа навистина ли толку пече како што сите се жалат? Некој друг начин да ми излезе добро косата? btw која е таа боја 'петролит' на косата?
И јас исто имам бланширана коса, ама бојата ми е секогаш иста страв ми е дека ако ставам прелив со фарба ќе ми оди накај жолто.И како нанесуваш со четка рамномерно или ?
Како шампон нанесувам. Јас црвена ставам, а ти ако сакаш бела да бидеш треба да земеш некоја виолетова фарба и плава, па да ги помешаш, ама ова лаички ти го зборам, најдобро да прашаш фризер.
Ан-на фала за советот дали некоја ја користела нијансата 3017 на Keune? И може ли некоја да ми ја спореди 1511 со 1517? Фарбиве имаат попуст па кога ќе одам сега за Мк сакам да си земам некоја за дома