Фарбата е 355, а хидрогенот оди посебно од истата марка и е 64ден.Јас се имам фарбано и не сум задоволна баш, сепак зависи каква нијанса сакаш и каква ти е моменталната боја, но сепак те советувам да си разгледаш.
Девојки,искуство со нешто слично вакво?Ќе треба ли после некое време повторно да ја повторам постапката?
Имам едно прашање , Имав многу светло кафена коса па се офарбав плава,потоа ја наоравив со бланш и фарба за да испадне сива ама не успеа баш?Бидејки немам нешто многу трпение,дали можам сега сама дома само да ја офарбам?Да не има некаква врска бланшот
Здраво девојки, правев прамени со бојава ама брзо паднаа, ме интересира дали во глобала брзо паѓа бојата од оваа фарба, после неколку миења или е најобична како и сите други фарби ? Кој број ехотон го користите за плава коса ?
Јас два пати сум се фарбала со овие Live. Првиот пат темно лила (за темна коса) а вториот пат cool lilac за плава коса. Скроз различна боја значи и во двата случаи мн брзо падна...со две миења. Такви се фарбите. Инаку генерално со други фарби ми трае мн повеќе ама сепак околу месец дена одприлика. Ја сум најзадоволна од evolution до сега.
Овој го користам , ама не сум нешто задоволна искрено. Некако блед ми е , нанесувам и како да не сум нанела. Дали некоја грешка правам при нанесувањето , не знам , ама правам како што ми има речено фризерка. Сега за сега сум задоволна со косата и планирам да не го користам, бела ми е баш како што сакам.
Дали знае некој колку би ми земал Октај за natural highlights? Значи нејкам да ми ги прави со бланш онакви туку по природни. Косата не ми е многу долга, до под рамења. А за бојата Нешто како на сликата.
Само сакам да појаснам, highlights се прават со бланш само има различни техники. Ти во случајов ако сакаш нешто посуптилно ќе ти извадат потенки прамени да не се примеќаат толку кога ќе се измешаат со косата и претпоставувам да не идат до горе до корен. И може после тоа и некој тонер да ти стават за нијанса ... прелив вие што викате. Ама секако со бланш се прават. Незнам што се плашите толку од бланшот, битно е кај саглам фризер да одите што си ја знае работата.
Абе теоретски може и со фарба ама не сум чула до сега така да прави некој од причина што неможе да ти го гарантира крајниот резултат. Ќе ти искочат портокалови или незнам ... зависи каква ти е косата. Дека се оштетува се оштетува тоа е факт. Ама ако ти се само прамени ништо нема посебно да приметиш. И со фарба ако се сипеш да ја осветлиш со 12ка и така ќе се оштети само повеќе пати ќе треба пошто нема толку сила за осветлување фарбата. Ако не ги правиш бели прамените туку само онолку колку треба ко на сликава ништо посебно нема да ти се оштети не се секирај. И да додадам само, со бланшот е почиста работата бидејќи следниот пат кога ќе одиш нема да треба да се бориш со пигментот што евентуално останал од фарбата. Малку е непредвидливо кога се мешаат фарба врз фарба бидејќи се прави билдап од пигментите и тоа ја прави непредвидлива. Бланшот само вади пигмент не додава ништо и затоа е полесно да се работи така.
Кај би ми препорачала ти? Се мислев и за Hair house ама неколку другарки се правеа таму и не ми се свиѓаше баш
Е незнам хаха, нека ти кажат другите. Јас сама си ја правам затоа му навлегов толку во науката хаха. Ама добро е да се знае за да знаеш што да очекуваш.