Прв пат се фарбав црвена пред 2 год. скоро. Првите три-четири пати се фарбав на фризер, ми ја бланшираа, ми ја осветлуваа, ставаа преливи... Од кога ја добив посакуваната нијанса, почесто дома се фарбам. На фризер само ако има некој повод (свадба, крштевка, некоја прослава) Фарбиве ги земам од фризерски салон, ги мешам двете, така што од посветлата боја ставам малку повеќе. Хидроген 6% користам
Јас вака сакам,ќе ми се оштети ли косата многу мора со бланш? Немам многу темна коса смеѓа имам.Прво мислев црна да се фарбам ама се предомислив лошо ќе ми стои плус на плави очи плава коса иде подобро
фала ви многу! Ќе го побарам. Имам барано во ДМ во Штип немаше. Следен пат ќе прашам. Јас стил про го користев ама и тој веќе немам го сретнато. Во локални парфимерии имаше.
Многу зависи дали си фарбана црна или природната коса ти е црна. Ако ти е природната, речиси било која фарба ќе заврши работа, ама сепак мислам да отидеш на фризер, барем за првото фарбање. Фризерот ќе ти каже најубаво која нијанса би ти стоела, па после ако сакаш можеш и дома да фарбаш корен. Ако ти е фарбана црна.....уф. Мене ми ја вадеа прво бојата со тоа средството пигментот што го вади, па после ме фарбаа. 6 ипол саати останав на фризер, ама немаше друг начин - се што пробаа другите фризери не успеа и изгледав смешно. Овој фризер од старт ми кажа додека не ја извадиш бојата, се ти е џабе, освен да ставиме хидроген (а тоа не доаѓа во предвид, толку долго ја оправав косата, нема шанси пак да ја изгорам). И имај во предвид дека црвената е т.н. Нестабилна боја, што значи природно е да паѓа на многу луѓе после неколку миења. Тие што тврдат дека не треба да паѓа, или имаат црвен пигмент на влакното, па бојата им се задржува, или користат нешто радиоактивно Нема најточни нијанси, се е индивидуално до косата, а фризер најдобро ќе те посоветува, и подобро, пред да пробаш се можно од фарба и да ја изгориш косата. Јас имам блед тен, кафено-зелени очи и темни веѓи и ваква боја ми е
Јас пред да ја офарбам црвена косата, црна се фарбав повеќе од 3 години, и ми фати црвена само со бланш, без претходно да ми ја вадат црната. Зависи и до квалитетот на влакнито. Се фарбам на месец-месец и пол,
Да, ама мене ми беше целта да избегнам бланшови, хидрогени.....реално, колку и да е квалитетна косата, ја оштетуваат. Јас имам силна, ама сува коса. Средството за вадење на боја исто ја оштетува, нормално, и тоа е хемикалија, ама значително помалку од бланш. 3 години ја оправав косата од тој бланш, не доаѓаше предвид пак да ставам
Здраво женски, сакам да се фарбам плава ама скроз како бела да ми дојде, моментално сум бланширана но сакам уште да ја осветлам. Е сега прашањето ми е дали ќе ми успее тоа да ставам фарба врз бланшов(на фризер ме правеа ама бојата што ми ја ставија после бланшот по две три миења падна) и второто прашање ми е која фарба е така подобра и со сигурност би ми била бела/сива(да не ми биде жолта или портокалова)
Јас би ти ги препорачала на Evolution 11.11 и Keune 1517 со 9% хидроген. И двете се бело сиви (,таа на еволушн е по сивкаста) другата на кене е беж. И двете се трајни ептен , штом ти била бланширана косата сигурно е дека ќе ти се офарба убаво косата.
Имам кафеава коса и сакам да се фарбам ваква од корен ама. Се имам претходно фарбано со бланш ама до пола ми беше само омбре. Ама ја пуштив мојата коса природната боја да расти и ми текна да се исфарбам црвена да пробам како ќе ми стои и ете пробав многу ја засакав. Е сега сакам да ја фарбам како оваа. Дали можам да ја постигнам оваа нијанса ако ставам 2-3 фарби директно на кафеава коса. Дека мојава коса е долга до половина.А фризеркиве нели не работат, сега ми е црвена косата фарбана и убава ми беше на почетокот кога ми ја исфарбаа, ама незнам што периодов ми е многу убава ама сакам да ја преправам во плава коса. Или ќе почекам уште некој месец, барем да помине пролетта, па сакам за на лето да ми е ваква дека повеќе сакам за лето да ми е плава отколку црвена. Имам кафеави очи и ваква коса многу убаво ми го освежува лицето мене и ми дава убав изглед. Кажете дали можам така да ја фарбам? Дали може да успее или ќе е залуден трудот?
Нема шанси да ти успее. И јас имав црвена коса па се исфарбав кафеава, но отсјај од црвената имаше и после година и пол. Така да не си троши време и не ја оштетувај косата за џабе. Ако сакаш како на сликата мора со бланш. Така и јас направив и сега сум плава, иако фризерката се плашеше од отсјајот.
Сакам да пробам да се фарбам со фарба на база на билки.Дали има некој пробано од овие фарби и дали тие се како к'на?Што мислите колку би фатила плава на фарбана коса?
Каква ти е сега косата? Едно е кна , друго е фарба без амонијак. Ако косата ти е темна нема шанси да ти фати плава каква било фарба да ставиш. Плава се добива прво со бланш
Бојата ми е како пример земана не се ни надевам на црн корен дека ќе фати Не не ми е црна повеќе е светло кафено накај плаво.Ми беше шатирана пред 2 години ама не сакам толку светла. Мислам дека нема врска амонијакот тука се меша со вода. Сега најдов едно видео уствари ништо не покрива и изгледа како кна.Затоа на самата фарба пишува за бели влакна препорачуваме 30%. Еве го видеото.
Да ,ова е баш кна.Интересно , досега го немам сретнато производот на Гарниер може за нијанса да ти ја осветли косата , штом веќе основата не е темна. Можеш да пробаш , и така кната не ја оштетува косата. Јас лично ја немам пробано оваа кна ( кна имам користено на Lush)
Во ДМ ја има.Гледам нешто кај рафтовите со фарба се почесто од повеќе фирми ги форсираат овие кни и се дупло поскапи од фарбатаДа пробам ама после ќе ми фати ли фарбата ако не ми се допаѓа?
Тоа не знам. Јас ќе ти кажам за мене, имав црна кна на косата (година се фарбав) и сакав да сменам во плава, ама секако морав да ја осветлам косата. Со бланш одвај се осветли , имаше места каде што воопшто не осветли и морав кратко ептен да ја шишам. За посветли нијанси на кна не знам како е. Ако знае некој нека пише