Имам и јас ставано кна како средношколка и знам дека мораше да се смени целата коса за да фати фарбата, затоа и прашавФала за одвоеното време
Користам explicit 11A сива после 4-5 мијања косава ми е ужас жолта, предлог фарба да сменам и некој шампон за задржување на боја
Keune 1517 , беж е а нешто по сива е Еволушн 11.11 Мене па оваа на Аура ептен брзо ми се испираше Баш приклучи ни се на темата за "руса коса"
Мнoгу се нервирaм штo имaм црнa кoсa, бaр кaфенa дa беше еднaш јa уништив сo блaнш, земaв и нaјсветлa бoјa, се нaдевaм декa се ќе биде вo ред плус нa не шишaнo пoвеќе кoсa е вo прaшaње, aкo бидaм шaрен пoртoкaл се мaвaм нулaрицa бaр ми стoи
Може ли некој да ми препорача добра фарба на природна база или бар не толку силна? Година време ја немам фарбано косата, конечно ми се оправи и порасна, но надолу ми е осветлена, а нагоре темно кафена косата, па сакам да ја изедначам. Пред 4-5 години се бев фарбала со бланш и тотално ми се уништи косата, слама, опадната, и едвај ја вратив во живот. Сега не сакам многу да ризикувам со тешки фарби. Размислував за к'на, но мајка ми ја користеше 2-3 години и сега еве со месеци се мачи да ја извади к'ната, па не сакам да ризикувам со неа. Имав порано користено фарби на Garnier, и olivia и некако многу бргу ми излегуваа. Дали некоја користете природна фарба, или бар не толку тешка? Сакам текнокафеава боја...
Земи си силвер шампон тој е многу добар за да не ти се појавува жолтило. Со него ќе си ја одржуваш убавата плава боја.
Девојки, ајде помош малку. Летото имав црна фарбана коса, ми ставија на фризер деколорант и ми ја офарбаа во близу мојата природна боја, светло кафеава, ама со тек на време ми осветли. Потоа уште еднаш ја фарбав на фризер со смеѓа боја, бидејќи ми пораснаа корените, а остатокот од косата ми беше некоја грда портокалово-жолта боја. И сега си имам 3 нијанси. Препорачајте ми добра фарба во медова, смеѓа боја, бар за нијанса да ми ја осветли мојава природна и да ја затемни фарбаната. Повелеле слика, знам дека е за жалење: @koritsaki , anyone?
Офф , тешко малку со три нијанси на коса општо , сакаш косата да ти биде посветла? Да ти кажам ако ставиш мед нијанса (светла) можно е коренот воопшто да не се осветли и да фати различно на сите три дела од косата, негде посветло негде потемно. Можно е пак да ти биде шарена. Единствено шѕо можрш да направиш е или да чекаш да отворат фризернициве па да отидеш да ти ја изнијансираат косата како што треба, или да ставиш потемна боја нешто во близина на твојата природна боја. Квалитетни фарби според мене се на Кене и Еволушн , еве ќе ти пратам од каталогот на Кене Па размисли си што ке правиш не знам како ти се свиѓа оваа 8.38 ? Баш ѕирни ја
Јас искрено прво би го скратила долниот дел на косата зошто ти е многу оштетен. Каква и боја да ставиш таму ќе изгледа многу лошо. Кене искрено не би ставила зошто ја оштетува многу косата. Можеби Колестон на Вела и би се движела некаде измеѓу 6ка и 7мица. Но не и посветла, би ми било страв да не ја оштетам уште толку. Зошто сметај колку посветла толку појак хидроген ќе ти треба. https://hairshop.mk/product-category/wella/колористика/koleston-perfect-me/
@Shpagetta Имав иста ситуација и мислејќи дека ако ставам темно кафеава, како што ми е природна врз жолтиот дел ќе ми се изедначат, завршив со пола коса црна. Подобро почекај, ако не ти се експериментира
Фала ви, женски, за советите. Ќе ги разбарам фарбиве што ми ги препорачавте. Инаку, ископав сличе од вториот пат кога се фарбав. Скроз истава боја сакам да ја постигнам и сега. И да, шишање обавезно, знам П.С. @Regina.Phalange нееее, црна NEVER MORE заради неа и дојдов до оваа ситуација хаха
Ве молам за предлог. Во февруари ја блснширав ја нијансирав, беше преубава. Ставам силвер шампон ама на некои прамени не ми фаќа и малку сум шарена. Сакам да ја потемнам да ми биде кафена, или да ја вратам мојата боја која е темно кафена. Дали да се фарбам или кна да ставам црна? И црната убаво ми стоеше порано. Само не сакам да ми падне бојата и после да добијам зеленкасти или гадни прамени. Секако на фризер ќе одам, дома не ќе можам, а и не се нафаќам.
Со кнане ѕи препорачувам ,освен ако не планираш да ја осветлуваш потоа косата понатаму.. кната со ништо не излегува
Јас пред некоја година бланшираната плава коса ја офарбав во кафено со Лореал фарба и супер ми покри, не приметив дека брзо се мие, ни дека ми се појавија зелени прамени. Околу 400 ден е, ама ми се покажа како одлична. @Shpagetta и јас би ти рекла обавезно прво да се ишишаш едно добри 7-8 цм, па потоа фарбај се како и да мислиш.
Не планирам искрено никогаш повеќе вакви глупости. Ама претходно кога ставав кна ми паѓаше на миење, и сега се плашам да не ми падне и ми остави траги и ми ја направи уште по за никаде.. Другарка ми имаше кажано да ја правам сивкаста со една точка црна фарба во шампонот, давало поубав ефект од силвер шампон. Утре и тоа ќе испробам, и ако пак си видам жолти и портокалови прамени не знам... сакам сива да е, ама гледам не бива, два пати по ред бланширавме и не бидна. па си велам ако има начин трајно да ја потемнам а не секој месец да се фарбам и да биде ужасна.
Кога ставаш силвер шампон или вака со фарба црна ако пробаш, подели ја косата на неколку делови, за да можеш рамномерно да нанесеш, а потоа расчешлај ја убаво. Прави голема разлика. Јас вака правев кога бев плава.
Ја делам, ама не можам да ја расчешлам, плус силверот дополнително ја суши и мислам ќе си ја искинам косата. Додека го држам силверот во тие 10 минути неколку пати го масирам и разнесувам насекаде со рака и ми се закачува косата ми се кубе, потоа со маска ја оправам и со спрејовите и третманите што не се плакнат..
Да тоа го имам пробано ама не направи ништо кај мене со црната фарба. Јас исто плава сум сега и се фарбам на 17 дена. А како расте косата, коренот е жолт портокалов , џабе надоле што е бела т.е. коренот на 3 месеца го бланширам. Ама ептен и мене ми се оштети косата со честото фарбање. На моменти и јас помислувам малку да ја затемнам косата, црна не , ама некоја светло кафена..
Ми се смачи. Верувај не можам, се нервирам кога ја гледам. Ама фризерката ми вели да ја оставам да расте, фарба врз бланш можело уште погрд ефект да има, а и брзо паѓа фарбата и пак нема да си го решам проблемот, ќе треба да ја изгорам секој месец со фарбање тантела ќе ја направам.. Не знам дали постои нешто друго како опција освен да чекам да израсте..