Јас на јутјуб гледав капка црна фарба во регенератор и стварно и ја осветли и неутрализира портокаловата. А во самата фарба си пробала? Ехотон? Инаку кога порано бев плава (со фарба не бланш) за да преминам во кафеава одев прво на фризер о ме фарбаа со фарба без амонијак и за две недели бев гадна во главата. На крај ми дојде прелу гкава ем скапо ем малтретирање се исфарбав со палете и толку беше Еволушн одма паѓа од коренот и е гаден
За разлика од сите други фарби што ги имам испробано оваа и на Кене ми се најдобри. За жал Кене не можам да најдам ов Грција , па ми преостанува оваа..
Ехотонот е во ред, ама и перница и се ми е лом. Врз бланшот немам се офарбано, само на фризер преливи со фарба ми ставаат еднаш месечно, ама ептен брзо паѓаат, после 3-4 миења катастрофа. Ќе пробам ова со црната во шампон.
Стави си и дома прелив, не фрлај пари џабе. И мене овој ми викаше немој ќе се уништиш не знам што. Уствари нпрмално за да им ги дадеш парите нив
Се согласувам со фризерката,можеш да си вадиш прамени некои само од горе па ко шатирана ќе ти е,уствари многу зависи од должината на косата,на израснат корен од многу плава коса,само фарбање згора не е баш ок,многу тешко се изедначува.
Женски дајте совет, дали ќе ми успее да ја бланширам косата дома, и како се прави бланшот(или пак пишува на него како се спрема).. Немам уште купено, се мислам што да правам...
Ако можеш да го најдеш производот Blondor на Шварцкопф, ќе ти заврши работа. Провери во фризерниците што соработуваат со Шварцкопф. Тоа е бланш во вид на крема, може да се користи и со најслаб хидроген. Каква ти е моментално косата? Види повеќе во темата идеална руса коса имам поставено мои слики од пред и потоа.
Здраво женски, сакам да побарам совет каква фарба да купам за да ми испадне оваа боја на косата, да напоменам дека пред тоа ми беше црна но сега ми е скрос излезена црната и ми е мојата природна боја темно кафеава.
Тоа што ми било претходно бланширано ми е убава боја скроз бела, ама сакам цела да ми биде бела а коренот како црн(како на прва слика)
Дечки хелп пред 3 месеци се фарбав црна, ама скроз црна катран Сега сакам да ја осветлам косата, баш како на сликава.. Ништо живо не сака да осветли од таа црната боја пробав прво постепено, со потемна кафена 5ка, па со 6 па 7.. ништо живо не осветлува, скроз ми е црна како воопшто да не сум се фарбала... последниов пат само коренот ми се обои портокалов и толку, надолу црно Што да правам?
1. Да ја бланшираш, па да ја исфарбаш вака 2. Да чекаш околу 2 години да порасне твојата боја Не постои друг начин. Знам бидејќи бев црна одамна и сакав да бидам медова. На фризер бев и ме средија
Женски, ептен ве бива, читав и во темава за плава коса и овде, ама ништо не разбирам. Па да си прашам.. Имам троа од под рамења коса, е сеа беличка е, т.е. со бели влакна не бел корен, и се фарбав порано кафеава, ама за недела дена, оп пак си искачаа, е сеа се помирив и не ги фарбам белите, тоа е. А остатокот имам мн убава кафеава здрава, скроз права и сјајна коса. Бидејќи не се фарбам скоро 1.5 год, а редовно се шишам, на врвовите ми е малце оксидирана и посветла за нијанса од претходно фарбање, сакам да направам само прелив,кафеав, чисто да ја подизедначам. Ќе успее? Како да го направам? Не ми се замара на долг рок со фарбање дур беливе не искочат низ цел корен. Или да си ја ишишам да не правам глупости.
Zenski dali znaete kade mozam da najdam corektor ili booster violetov? Toa e farba za kosa koja se stava mnogu malku vo drugata farba za kosa so koja se farbame za da go neutralizira zoltiloto. Go koristat po saloni za prelivi i dobivanje idealna nijansa. Pozadi bitpazar , sproti policija ima edno dukjance za kozmetika po skalicki. Pred 3 godini najdov tamu ama ne sum od sk a nikako ne mozam da najdam kontakt od niv za da ako imaat da mi pratat po kargo
За белите влакна , ќе треба да најдеш фарба што ги покрива белите влакна (пробај некоја од поквалитетниве на Кене, Еволушн) можеш да земеш нијанса слична на твојата и да се фарбаш еднаш на два месеца
Се фарбав порано со сите тие, експериментирав, ама ме мрзи, нека си стојат белите ми е гајле. Не сум тип што иде на фризер освен за шишање 15 мин, склет ми е да седам. Сакам ова оксидираново посветло, ама и да се офрбам пак иста песна. А мојата боја ептен ја сакам и сјајот што го имам.
Сум го поминала истото. Слушав препорака за фарба, ја купив и наместо кафена, ми испадна катран црна, ми се чудеа сите. Одвратна бев. Што се не пробав: отстранувач на боја за домашни услови (од парфимерија) - џабе, ја мокрев косата со сок од лимон -пешкирот се избои ама бојата не попушти. Пробував и постепено со посветли бои, залудно! Проблемот го решив на фризер, каде дебело платив за отстранување на бојата. Предупредена бев од црна дека може нешто на карамел да добијам (не како сликата со која отидов) а и за цената бев предупредена зашто имам долга и многу густа коса. Само по таков третман, бојата се смени. Искрено, толку ми беше сува косата, како сено, не можев ни да ја мијам извесен период. Не очекував толку проблеми, со оглед на фактот дека фризерот користеше Wella производи. Денес, да ме праша некој, би му рекла почекај да ти порасне косата. Верувај ми, таа сено сува коса после цели 3 години се опорави. Буквално подиве влакното од хемијата, не можев ни да ја обликувам ко некогаш. На крајот,не ми беше жал што толку пари фрлив, туку што крајно ја оштетив косата, не личев на ништо.
Здраво, Дали може предлог фарба која не ја суши косата? Користев Гарниер, баш ми беше мека и свиленикава на допир по фарбањето, но сега сакам да сменам, бидејќи во последниве 2 месеци нагло имам бели влакна (нови, куси) кои не ги покрива оваа фарба. И уште ве молам некој предлог за нијанса/фарба како на сликата? Сакам да оди на ладен тон (како на сиво), а не при прво миење да има портокалов отсјај.. Досега користев 7.1 (единицата е секогаш за ash тон, бар така јас знам ).
Јас сум иста имам бели нови мали влакненца и единствено нешто кое што ми помогна е по препорака на мојот фризер фарба италијанска Inebria има посебна палета за бели влакна. Јас ја користам 5.0 преубава фарба слична е ваква темно кафеава и воопшто не ја суши косата. Проблем е само што се продава или во фризерски салони или да ја побараш онлине.