Верувам дека фарбиве на Syoss се одлични , и цената им е пристапна, арно ама мене црвените нијанси не ме бендисуваат. Не ми се свиѓаат, таа што е многу црвена, бев таква слична со Garnier и не ми одговара на тенот. Другата потемна махагони се мислам, иако не ја сакам ни таа трула вишња. Јас мислам дека во темата постирав две фарби од Keune, и се мислам помеѓу тие две: Keune 7.43 Keune 7.46 Башка што фарбите им се по 60 мл...
Сеси, ич не знам дали ќе ти иде - ама ако ти е мерак, фурај, пробај. Уосталом бојава е многу природна, природно делува Јас само ти кажувам мојот фризер што ми кажа на каков тен и очи најубаво иде бојава. На секој му стои нешто друго нели? Јас на пример со црна боја не можам да се замислам, сигурно нема да ми иде. Теодора - е да со витканата коса можно е да ти стане уште посува. Ама ете, штом има позитивен одзив, значи можеби фарбиве се навистина квалитетни. Мене една другарка конкретно ми ја пофали многу фарбава. Моја препорака е сепак,кога станува збор за фарбање, ако имате некој фризер у фамилија или другарче, или кај вашиот фризер, да се консултирате. Онака уз фенирање - еј чуј ќе ми иде ваква фарба? И како да ја изведам? И то Јас барем по себе знам кој коркач сум за фарбање и ич не сакам да експериментирам за да не морам со капче да шетам месец дена Совет од фризер е сепак - совет од фризер.
Се ми се чини дека кај нас има многу помал избор од боиве.....Како што гледав во каталозите, максимум 15 нијанси беа Инаку, планирам за 10-тина дена отприлика и јас да ги пробам фарбиве. Ќе менувам боја на коса дефинитивно, само уште размислувам за нијанса. Најверојатно ќе биде Syoss фарба, дали кафеава или црвена.....има време, до тогаш се може да ми текне
Јас еве денес косата ја исфарбав конечно по 1 година и 2 месеца. ( поради бременоста) Инаку косата природно ми е кафеава боја , сега ја исфарбав темно плава ама не ми излезе многу светла ( нели треба повеке пати да ја исфарбам за посакуваната боја..) Ја исфарбав со фарба без амонијак ( биедјки се уште дојам) Сега за 2-3 недели планирам пак да ја фарбам си купив ваква фарба па се надевам за брзо време ке ми биде ваква косата...
женски , денес купив ваква фарба а мојата коса е ваква што мислите како ке излезе , јас би сакала да е сивкаста како на сликата што е ама не верувам дека од одма ке излезе таква.. дали некоја од вас се фарбала од кафеава во ваква сивкаста боја?
Искрено, не очекувај да биде толку светла како на сликава....Зависи од твојата коса како прима фарба, од подлогата која ја имаш на косата......Мене лично мојата коса релативно брзо ми прима нова боја, не морам по неколку пати да се префарбувам да се добие новата боја. Ама пошто ова е многу светла нијанса, а твојата коса неколку нијанси потемна од оваа.....ќе треба уште 2-3 пати да се офарбаш, најверојатно. Мислам дека во секој случај ќе добиеш убава нијанса. Crazylady, бројчето е 1-4, а еве ти го линкот (благодарение на Offspring ) со нијансите на Syoss фарбите. http://www.syoss.de/index.php?id=134&L=1 p.s. Ај да си се пофалам-сменив боја на коса. Од црна/темно кафеава станав црвена Се фарбав со 5-29 на Syoss, Intense red, и сега за сега фарбата е одлична. Мене лично многу ми се допаѓа и нијансата и фарбата. Сега уште останува да ги исполни моите очекувања во врска со трајноста и (не)паѓањето на сјајот, и се ќе биде супер.
Еве уште една убава црвена (махагони ја пишува) од Сајос. Оваа е потемна од таа јас што ја користам..
Јас ја купив оваа кога се бојадисав во црвена боја.Нешто најубаво е.Бојата е прекрасна.И и дава сјај на косата.Ако ја купете нема да погрешите.
Offspring, се мислев многу меѓу оваа нијанса и таа другата, 5-29. Двете многу ми се свиѓаат. Стоев ко будала 15 минути во Рамстор и се мислев која да ја земам, и за посветлата се одлучив. Некако поубава ми се виде нијансата, доста ми е од темни бои. Ако случајно нешто не ми се допаѓа кај оваа нијанса, секогаш можам да ја сменам на потемно, нели, ама проблемот е што е многу потешко од потемно на посветло. Искрено, од сите црвени нијанси до сега што сум ги користела, и од оние што ги видов сега по каталози (ги разгледав скоро сите можни марки што ги има кај нас), оваа некако најубава ми се виде. Освен тоа, и фризерката, а и други девојки кои ги користат фарбиве ми ги пофалија, па мислам дека го направив вистинскиот избор. Се надевам и за месец дена ќе го имам истото мислење . Приметив дека воопшто не ми ја исуши косата како што го прават тоа другите фарби. За почеток, Syoss фарбиве (а богами и шампонот и регенераторот) ми се полн погодок, ми се погодија сите.
Кажете ми дали е некако возможно сама да се исфарбам? Неможам повеќе да се смислам, а нема кој да ме исфарба Ако постои некој начин на сам себе го исфарбал кажувајте :geek:
Сакаш да ја фарбаш цела коса или само израстокот? Ако го фарбаш само израстокот, огледало напред и назад и цртај се со четка. Ако ја фарбаш цела, лесна работа, стави ракавици, и дирекно шлакај секаде од бојата, масирај убаво да фати секаде добро, вишокот ќе испадне со миењето. Јас плава се имам фарбано така, цела коса, и супер излезе.
Аха, значи да ја измешам фарбата и да ја нанесам како шампон Ми е страв, ама морам да се фарбам, грозна сум, и не ми се даваат пари на фризер за да ме нашлака само налет што Сајос ги направиле 245 денари Со тешко срце ја купив... Ух, незнам што да правам, со оглед на тоа дека немам друг избор освен сам себе го исфарбал, тоа ќе биде, нема друго. Ваква каква што сум не планирам да шетам повеќе, камо ли со народ да работам . Ќе почнам да ги бркам муштериите
Ех, па ако е Сајос уште подобро, можеш фарбата да ја ставиш во хидрогенот (на него е апликаторот за точење), измешај ги со гланцање и дирекно да си точиш од него на главата, па само да распоредиш со четка или рака.
Офи и јас како Мерлинка ќе ти кажам, земи огледало и четка и шлапкај се од напред до каде што гледаш. После земи со ракавици стави си од фарбата и втривај во задниот дел на главата. На крај тоа што ќе остане пак во раце и мачкај по цела должина, потоа со некој ептен редок чешел поисчешлај ја малце е сега дека ти е виткана ако неможеш да се расчшлаш земи со прсти поминувај низ неа, за сегде да се распореди и пак со ракавици измазни ја. Ехеее јас колку пати се фарбав сама вака, и секогаш добро ми испаѓаше.
Готово, ќе видиме за 20тина минути што ќе се случи Ја шлапнав фарбата на мене, и ја чешлав косава со ептен ситно чешле за да фати насекаде. После тоа што остана го расшлакав по целата коса и уште еднаш поминав со чешлето. Виш ми лак, да не шетам утре шарена
јас се измив и кога што да видам... портокалово значи кога се фарбам плава по втор пат во животот портокалво ми излегува. ама не се откажувам за 2 недели пак ке пробам со истата фарба се надевам ке излезе подобро..
Мене супер ми излезе бојата, т.е. фати убаво насекаде (неможам да си се изнагледам во огледалото ) Отсега сама ќе се фарбам.