Значи колку сакам црна коса да имам тоа е чудо. Природна ми е кафена ама не многу темна онака. Не можам да се помирам со тоа што нема ич да ми стои,немам црти за црна коса,со плави очи сум.
Немој да чекаш еднаш се живее Јас имам природно црна коса со црни очи и многу ме затвараше, а имав желба за светла коса и еве сега со години сум плавуша. Размисли си убаво и ако сакаш напрај се, само да знаеш тешко се вади црната боја. Спојлер: Црна коса и плави очи
Што мислите ако земам измешам две фарби пола кафеава пола руса и ја намачкам како шампон ја држам некои 15мин за да ми дојде како прелив ќе успеам ли да ги покријам седите влакна? Барам начин како помалку да ја оштетат косата... Не сакам целосно да се фарбам со една боја некако досадно ми е, а да правам балајаж тоа е за долниот дел повеќе ја горе имам седи влакна. А имам темна кафеава коса. Ќе фати ли и колку би ми држела бојата И други луди идеа се добредојдени
Тешко бидејќи ти е темно кафена косата. Мора прво пигментот да се истаде од влакното со бланш и после преливи. Инаку ако одиш кај професионалец нема зошто да се грижиш, нема да се оштети многу косата.
Имам користено фарба и не сум баш задоволна. Цените им се високи, а мислам дека не вредат. Сепак тоа може да е индивидуално, еве да видиме другите какво искуство имале.
Μене па одлични ми се фарбите на Кене , баш долготрајни (плавуша сум) , а останатите производи ги немам пробано
Дали може од темно кафена боја на коса (не ми е скроз темна оди накај посветла) да добијам некоја ваква нијанса со фарбање? И колку би ме коштало во некој добар фризерски салон отприлика?
косата ми е како на девојкава отприлика( природната боја) е сега сакам дома да си јупам фарба и да си ја направам ваква целата отприлика вака нешо, светла кафена без портокалови тонови..не сакам бланш да користам и сакам некако што е можно помалце да ја оштетам.Предлог за фарба и колкав процент хидроген треба да користам?
Здраво, дали некој има искуство со hair color removal? Природно сум кафеава, меѓутоа имам ставено бланш за да ја осветлам до плава на врвовите, после тоа сакав да ја вратам кафеава пак ама ја утнав и сум црна. Ако ставам од средството за отстранување боја, со оглед на тоа дека имам правено бланш, каков би бил крајниот резултат?
Девојки, со години се фарбам црна и веќе ми здосади. Сакам кафеава, но не сакам да правам деколоризации и такви работи бидејќи пред некоја година правев и останав без коса, целата ми се искина. Освен да ја пуштам да расте што не знам дали би издржала таква "подникната" сакам да пробам од сега да ја фарбам со најтемната кафеава наместо црна и со тек на време да ми падне црното? Мислите ли дека би успеало тоа? Не ми е проблем да ми биде шарена, повеќе ме нервира да сум израсната во коренот. Мојата природна боја е кафеава потемна.
Девојки здраво, Имам кафеава коса, која ја шатирав на фризер, но ми испаднаа жолти прамените. Сега пола ми е паднато, но пола ми е со жолти и медова боја, прамени. Ја скратив многу пред 2 месеци, и не можам уште да ја кратам за да паднат прамените. Е сега, сакам да се фарбам црвена. Една фризерка рекла на другарка моја можам да се фарбам, само што горе ќе биде потемна, а долу посветла. Дали некоја од вас пробала вака и дали успеала да добие добра боја?! И со која фарба?! Ми ја спомнаа како најдобра на Еволушн. Да напоменам, сакам дома да пробам, ем заради вирусот ем фризерката ме утна претходните 2 пати Сакам ваква боја како на сликата. И дали би можела за проба да ставам колор шампон?!
На прамените ќе ти фати една нијанса на останатата коса друга. Со колор шампон нема шанса за волку јака боја. Плус имај во предвид дека многу често ќе треба да ја фарбаш дека црвените нијанси брзо го губат сјајот.
@flower30 Со колор шампон можеш евентуално да пробаш како ќе ти стои црвена боја, но се согласувам со членката, на шатираните прамени ќе ти биде друга нијанса. На Syoss можеш да ги видиш фарбите имаат избор на црвени нијанси, во ДМ скоро беа на попуст околу 180 денари.