И мене истото ме интересира ќе одам во салон да се распрашам, бланш не сакам, се имам правено омбре пред неколку години и бланшот ми ја направи косата пепел. Мед боја коса е тренд и јас ја сакам истата, а инаку имам средно/светла кафеава коса и ми е природната боја
Јас имав црвена коса и пред неколку месеци се исфарбав плаво-сива. Целта ми беше platnium сива, но не е баш таква. Пред една недела пак ја фарбав бидејќи ми порасна. Сива беше и по едно миење падна. Освен со сив шампон како на друг начин да опстане сива?
Препорачајте ми фарба што не се измива лесно. После 3 миења ете ги белите влакна. Се фарбам црна и со повеќето фарби го имам овој проблем. Се фарбам сама дома, можеби треба да пробам на фризер ама многу време ми е за да седам таму.
Црна фарба за мене најдобра и најтрајна е на Miss Magic, а чини околу 100 ден. Сум пробала и од Аура, Гарниер, Сајос, Палете.. ама после 3,4 миења паѓа бојата
Можеби си имала ситни бубулички низ глава кои фарбата ги исушила и затоа имаш ко ранички. А црвенило не би требало да имаш после фарбање. Дали додека стоеше со фарбата имаше интензивно чешање? Иначе совет за сите што си одите на фарбање во салон, доколку имате интензивно чешање, прашајте си го фризерот за дополнителна ампула во фарбата која намалува иритации. Секој професионален бренд за фарби има и такви ампули. Можеш, да.
Има црн молив/пенкало што покрива бели влакна на коса. Лесен за употреба е. Околу 350 ден, и држи 2,3 миења, барем до следно фарбање.
Keune е трајна ама ја оштетува косата повеќе од овие другите фарби на аура, гарниер. И дупло поскапа е, ама јас една фарба ја користам на два пати, имам коса до рамена, ама тенко влакно, па пола фарба ми е и повеќе од доволна. Јас плава користам ама мислам дека и другите нијанси се исто трајни.
Можеш во таа црна боја да додадеш малκу темно κафеава или да се бојадисаш со κ'на (не ја гори κосата). А, инаκу од боја за κоса јас би ти ја препорачала Aroma color. Ја има по марκетите и аптеκите.
Скоро 15 г можеби и повеќе се фарбав црна,нема боја која не сум ја пробала.Да не те разочарам но кога веќе има бели,на црната фарбана коса по една недела се познаваат.Така да на секои две недели корени мачкав,обврска,башка фарбање на секое.Затоа ја извадив црната,побелена коса тешко се одржува со црна фарба,таква боја не најдов,коренот бел од авион се гледа(без разлика дали во салон или дома е фарбањето)
Мене кога ми се појавија бели извадив прамени се исшатирав, мислам дека тоа е најмалку захтевно решение ... идев за обнова на 6 месеци може и ич не му се замарав во меѓувреме. Белите се вклопуваа со прамените, корен кога ќе израсне не се примеќаше. Балајаж со бејбилајтс на места мислам дека е најпаметно за бели. Мада.. мојот случај беше на скроз природна коса, ако е фарбана црна долго време може да се налета на потешкотии во процесот..
Здраво. Имам потемно кафеава коса, која многу тешко можам да ја осветлам. Ми треба 2-3 нијанси да е посветло. Имам одено на 2-3 места да ми ја фарбаат посветло, но не фаќа бојата. Дали можете да препорачате некој што работи добро и би можел да ми ја осветли без притоа да користи бланш?